Друштво како друштво, цел живот трпи промени. Едни доаѓаат, други си одат, но само неколку остануваат заедно засекогаш. Она кое го имам сега како друштво, е нешто кое мислам дека потполно одговара на мојот карактер и на моите сфаќања. Како што кажа и Фантом погоре, во секое друштво мора да има нели и по еден со кој и нема баш да делиме мислење, но тоа е балансот на природата. За нешто да функционира како што треба потребно е да има, како добри, така и лоши вредности и карактеристики.
Причини за одделување од друштво не би можел да наведам. Едноставно не сум сигурен дали издавањето на некоја тајна, лажењето или исмевањето би биле поголема болка која би ме натерала да се оттргнам. Сепак на ова не ни сакам да размислувам затоа што знам дека оние кои се сега со мене, се оние на кои им значам онолку колку тие на мене.