Soreno
Big Brother
- Член од
- 14 јануари 2009
- Мислења
- 530
- Поени од реакции
- 19
НЕМАМЕ ОДГОВОР НА ГРЧКАТА ОФАНЗИВА
Македонската дипломатија е неподготвена да одговори на жестокиот притисок кој Грција го прави низ речиси целиот свет за да обезбеди што подобра позиција пред продолжението на преговорите за името, сметаат експертите. Според нив, токму затоа ни се случува Грција постојано да има успеси на меѓународно поле, а македонските државници своите „заби“ да ги покажуваат преку изјави за домашните медиуми и низ трибини од кои имаме повеќе штета отколку корист
Треба да се прашаме дали имаме доволно можности да одговориме на грчката офанзива затоа што во континуитет ни се повторува секоја партија да си носи свои кадри на видни позиции во дипломатијата. Згора на тоа, ни недостига и економска и политичка моќ за посериозен пристап. Грција не избира средства и не жали пари за да ја оствари својата стратегија. Треба да се напушти политиката на меѓусебно обвинување и заблудата дека времето работи за нас - вели Бендевски. Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, изминатиов период беше особено активна и го посети речиси целиот регион, европските институции, а во моментов се наоѓа во официјална посета на САД. По вчерашната средба со државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, и нејзиниот помошник Даниел Фрид, Бакојани истакна дека САД се залагаат за зајакнување на стратегиските врски со Грција. Грчките медиуми го толкуваат тоа како почеток на затоплување на односите меѓу САД и Грција, влошени по грчкото противење Македонија да добие покана за прием во НАТО и одбивањето на САД да ги укинат визите за грчките граѓани. За време на посетата на Србија, Косово и на Албанија, Бакојани неколкупати истакна дека Грција останува на своите позиции во спорот со името и нема намера да отстапат од претходно кажаните ставови.
Антонио Милошоски, министерот за надворешни работи, завчера истакна дека прашањето за името може да се реши само ако Грција покаже подготвеност и ако на проблемот му пристапи на европски начин. Љубица Јелушиќ, министерка за одбрана на Словенија, рече дека тешко ќе се најде решение за грчко-македонските преговори и дека компромисот не е на повидок. - Македонците не се подготвени да го сменат името на државата, да се откажат од својот идентитет и од јазикот. Грција како членка на НАТО во континуитет поставува услови кои Македонија не може да ги задоволи. На пример, Македонија во 1995 го смени Уставот и знамето и ги задоволи барањата на Грција, но таа повторно стави вето за нејзин прием во НАТО - истакна Јелушиќ.