Во последно време се плашам од спиење. Некако страшно ме притиска порив да легнам во кревет, да се покријам до гуша и да ме поплави заборав и да не се разбудам додека не прохуја се' покрај мене.
А не сакам. Сакам да бидам буден и да трчам и да му се радувам на денот. Сакам да ги впијам улициве, сончеви и растрчани. Да ги вдишам сите мириси и ароми кои лебдат во утрото- свеж леб и сабајлечка цигара и тазе мелено кафе... А толку лесно е да заспиеш и да заборавиш.
Се плашам од игли, крв, пајаци и слични мали животинки, се плашам од луѓето (во смисла да не ме повредат), панично се плашам од грмење
А највеќе се плашам од смртта:nesum:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.