Мистичен
Човек
Првооделенчињата од септември ќе изучуваат учебници во второто полугодие и за прв пат се воведува англиски јазик во прво одделение, согласно одлуката на Министерството за образование заедно со Бирото за развој на образованието во имплемнентацијата на деветогодишното основно воспитно образование.
Министерството за образование во соработка со Британскиот совет и Бирото за развој на образованието, формирале меѓуресорска комисија која што работела на 23 места низ државата за соработката помеѓу училиштата и градинките, а анализите од теренската работа на комисијата што завршува денеска, ќе бидат готови во петок, соопшти директорката на Бирото за развој, Весна Хорватовиќ.
Обуката за наставниците започнува на 15 август, а се подготвува и прирачник како и опремување на училиштата согласно потребите на првооделенците со клупи и столчиња.
“Во првото полугодие, првооделенците нема да се описменуваат, туку преку развојна програма од педагози, психолози, социолози и експерти преку социјализација децата ќе бидат вклучени во воспитно-образовниот процес. Европските системи на обрзование не подразбираат само учење преку учебник, туку и тоа вклучува извори како информатичката технологија и самоистражување“, појасни Хорватовиќ.
“Наставата за англиски јазик првпат се воведува во прво одделение, со прирачник изработен од менторски тим“ рече Даниела Стојанова , помошник директор во Британскиот совет на Македонија.
Првата фаза од обуката на менторскиот тим од 18 одбрани наставници по англиски јазик вклучува обука за тоа како да предаваат на првооделенците, а да подготват и свој матерјал за изработката на прирачникот соодветен за децата на шестгодишна возраст. По обуката менторскиот тим треба да ги предаде своите стекнати знаења на 191 нов наставник по англиски јазик.
“За таа цел беше ангажиран и консултант со триесет и петгодишно работно искуство, Дејв Веил од Британскиот совет, кој работел низ повеќе земји во вакви проекти “ реле Стојанова.
Според најавите прирачникот по акглиски јазик треба да биде испечатен за две недели.
Како дел од прирачникот изработени се и работни листови што се предвидуваат за секој работен час кои ги содржат сите елементи за ангажирање на ученик од шест години со илустрацвии и активности, отако децата ќе го усвојат својот мајчин јазик, појасни Силвана Ветеровска, советник по англиски јазик во Бирото за развој на образованието.
Како што најави министерот Рушити, Министерството за образование и Владата ќе ги помогнат училиштата за успрешна имплементација на деветолетката.
Што мислите вие? Дали е ова паметен потег или непотребна глупост да се оптеретуваат децата уште од најрана возраст со изучување на странски јазик, а сеуште не научиле да пишуваат на мајчиниот јазик?