А од колку треба да се почне врски според тебе?
Уште во средно треба да почнеш да ги истражуваш чувствата и спротивниот пол, сосема нормално и здраво е тоа.
Малку си закаснила со крадењето цреши, сливи и петровки тоа во основно го правевме, дури 7мо 8мо веќе други работи ни се мотаа на ум.
Во мое време друже


Ако ти се насмевнеше симпатијата, нема спиење цела недела, кејфови. Чекор понатаму, ќе праќа абери по другари, другарки, да види дали има шанси (да опипа пулс де

На прво излегување нема бакнеж, ако ти се посреќи на крај да те бакне во образ и срамежливо ќе се насмевне со црвени образи. Тогаш веќе преоѓаш во втора фаза. Тогаш сон не те фаќа, сакаш да се пофалиш на сите, демек ете имам женска, да се шеташ како паун пред другарите во стилот не сум веќе сингл, ама од друга страна не смееш уста да отвориш заради девојката.

Фаза број 3. Неколку состаноци, па фаќање за раце и гушкање, во меѓувреме пиеш кафе и превртуваш филџан за другарката да ти гледа на кафето дали тој/таа мисли на тебе. Па со средниот прст бушиш на дното на филџанот желба „Дали ме сака“, па ус пат ќе видиш се поклопиле стрелките на часовникот, па леле радости „некој мисли на мене“, а ти од петни жили се надеваш дека баш тој/таа мисли на тебе, како што ти мислиш на него/неа.
,,,,,,,,
И така натака има уште 2-3 фази понатаму. Пример, ќе излегувате вечер, а ти немаш појма како да се бакнуваш, затоа што во тоа време, ако на ТВ почнеше да се прикажува бакнеж, татко ти со брзина на светлината го менуваше каналот. Па бараш совети од поискусни другари/другарки, па те советуваат да земеш филџан со вода и да ставиш бонбона внатре, па со јазикот да ја бркаш бонбоната

Нејсе,
За сето тоа беше потребно, труд и умешност, истрајност, храброст, желба, копнеж.
Ова денес, имал 16 години, па имал и врскИ, денес со една, утре со друга, фати, пушти. Па копукот на 16 години бре не знае што сака. Пилиштар
