Billa Bong
I love Basketball
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 6.590
- Поени од реакции
- 11
Фершпед Работнички против ривалите во своето ново друштво, НЛБ-лигата, во следната сезона ќе влезе со македонски кошаркари што во моментов играат во странски клубови. Тие треба да бидат носители на играта на „шпедитерите”, а ако се процени дека требаат и други засилувања, тоа ќе биде сторено. Ова беше речено на вчерашната средба со новинарите, по повод приемот во популарната Јадранска лига.
- Ја прифативме понудата за влез во регионалната НЛБ-лига и по 15-тина години пауза Работнички повторно ќе биде во друштво со останатите познати екипи од просторите на поранешна Југославија. Се надевам дека македонската кошарка ќе се презентираме во светло издание. Чест е за Македонија што ќе им свој тим во НЛБ, а ние тоа го заслуживме со 13 титули во домашното првенство и седум освоени купа. Почнавме контакти со македонските интернационалци чии договори истекуваат по завршувањето на сезонава и се надеваме дека ќе ја прифатат пријателски подадената рака - рече спортскиот директор Горан Костовски.
Костовски најави дека подготовките и организација за настап во Јадранската НЛБ- лига ќе почнат уште од денеска. Тој потврди дека Ф. Работнички во првата сезона како домаќин ќе игра во салата на СРЦ „Кале” во Скопје. Новини во салата треба да бидат нов електронски семафор (на сегашниот има бројки само од 4 до 15, а во НЛБ смеат да се носат дресови и со поголеми двоцифрени броеви) и рото-пано со должина од 42 метра, наменето за реклами за спонзорите на Лигата и на клубот.
Според тренерот Јорданчо Давитков, поканата дошла во вистински момент, бидејќи публиката почна да се враќа во салите.
- Интересот уште повеќе ќе порасне и верувам дека на домашен терен секогаш ќе играме пред полни трибини. Публиката е желна за кошарка, ќе има можност повторно да ги види најсилните екипи од лигата на поранешна Југославија, која беше меѓу најсилните во Европа. За достојно презентирање, ќе мора да се засилиме и да бидеме респектабилен тим, кој ќе игра добро и на гости, а не само дома. Треба прво да видиме кој од интернационалците е слободен летово, па дали има желба да помогне во проектот и потоа евентуално да почнеме со преговори. Ние ќе ги понудиме условите, а дали ќе бидат прифатливи, останува да видиме. Вратите се отворени за сите - вели Давитков.
Ако проценката на стручниот штаб биде дека домашните кошаркари не се доволни за рамноправно играње со силните екипи од НЛБ-лигата, ќе дојдат предвид и странци. Сепак, во Ф. Работнички нагласуваат дека костурот ќе го сочинуваат Македонци. Давитков посакува во подготвителниот период и многу пријателски средби со силни ривали за подобро уигрување и да се видат можностите на составот.
Челниците на Ф. Работнички веруваат дека замислата да вратат некои од интернационалците е реална.
- Ќе ги понудиме нашите финансиски услови, кои веројатно ќе бидат нешто пониски од нивните примања во странските клубови, но тие се Македонци и ќе играат за клуб во својата земја. Дома си е дома - додаде Давитков.
Конкретни бројки околу буџетот со кој ќе располага клубот не беа изнесени, но Костовски верува дека парите ќе бидат доволни за покривање на сите трошоци.
По велигденските празници ќе разговараат со водечките луѓе на Кошаркарската федерација на Македонија околу настапот на „шпедитерите” во домашното првенство, по што ќе се има појасна слика за тоа прашање. Во игра се две опции. Ако Ф. Работнички игра само во НЛБ-лигата, веројатно нема да има проблем да настапува и во домашното првенство бидејќи тимот ќе има повеќе играчи и некои ќе настапуваат само во македонскиот шампионат. Ако клубот реши да игра во некој од еврокуповите на ФИБА, тогаш е исклучена можноста Работнички да игра на домашна сцена во првата фаза од Лигата, бидејќи ќе нема слободни термини.Нашинци?Не верувам дека некој ке дојде во Работнички за да игра само во Нлб лига