Од кој дел на градот сте вие?

  • Креатор на темата Креатор на темата 10101
  • Време на започнување Време на започнување

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Оваа тема ќе биде нешо како секој пишува од кој дел на градот (каде живее) е, па онака можете да си запознаете комшии/комшики, па ќе се претураат кафиња итн.

Ја инаку живеам у Аеродром. Позади зеленото пазарче кај „Бисер“, веднаш спроти касарната. Убаво местенце, тивко. Зградиве не чинат, слушам секоја вечер од мојата соба што праи комшијата у дневна, а да не зборуваме за изолацијата меѓу спратовите.

Над мене толпа далматинци и мали деца и успат некоја превретена лебарка под кревет.

Звучи како да живеам не знам каде, али скопска реалност е тоа и така.

Баталете, ова звучи као „како изгледа мојот дом“.
 
Влагаш у Тетово идеш право второто десно па кривиш првото лево и туп етеја мојата зграда:)

Се зезам, да кажам дека живеам во најмирниот крај во градот и најбезбедниот дел од градот за шетање никој не те чепка(освен на времето јас и друарчињата) Тоа е кај Веро поточно кај Ресторант Електра која е како мед за пчели овај де свадби:)
 
Бев лани за изборите у Тетово. Два дена не сум излагал од кај другар ми! Арно имавме 2-3 другарки :) Толку пуцање не сум видел! Ти CENSORED полиција!
 
mapa.jpg


Eve tuka :)
 
Бев лани за изборите у Тетово. Два дена не сум излагал од кај другар ми! Арно имавме 2-3 другарки :) Толку пуцање не сум видел! Ти CENSORED полиција!


Охоооооо не е страшно барем веќе не е:) Беа тоа времиња на пукање, а тие пуцања беа како добар ден. Без нив не ни почнуваше денот како што треба:)
 
:pos: :pos:
Фликсот ме изнасмеа со постот.

Иначе, живеам во Центарот на градот, одма карши Градската Библиотека. Мирно местенце. Е са, ќе речите мирно местенце а в Центар живејш. Овие улички кај шо живеам јас, не се многу прометни,
и се ептен убај за живеење. Многу го сакам ова место, овде одма ти е Корзото..
Иначе имам уше една дома. То е на Булеварот, кај Црн Мост. Е таму паше, ако не си почнал да живејш уште од мал, да се навикниш на бучавата, оти главна улица е, за џабе, поарно пресели се. Грдо место за живеење. В крај бучава, ептен сообраќајки. Ама, јас сакам таму да живеам. Ептен некој работи и спомени ме врзват, а за разлика од тука, од Центар, таму има маало. Овде неам со кој да се дружам.
 
:pos: :pos:
Фликсот ме изнасмеа со постот.

Иначе, живеам во Центарот на градот, одма карши Градската Библиотека. Мирно местенце. Е са, ќе речите мирно местенце а в Центар живејш. Овие улички кај шо живеам јас, не се многу прометни,
и се ептен убај за живеење. Многу го сакам ова место, овде одма ти е Корзото..

Улица и број Тамара, улица и број се бара!


:pos:
 
Улица и број Тамара, улица и број се бара!


:pos:


За шо? На кој ќе му е? :)
Детално објаснав за двете мој куќи, кој сака ќе се снајди и ќе ме најди..:pos:
 
First things first... прво живеев во Чаир. Односно Бутел цвај, па се преслив ко малечок у Козле. Онда имав една екскурзија у Кисела вода, па уште една у Кисела вода на друга локација. Затим имав епизода у Карпуш... 3 ваљда, на задња 19ка у зградите, па од таму у Аеродром. Па од Аеродрум у друг стан у Аеродром, у зелените и од таму, скроооооз на другиот крај на градот... после “Џорче“ у notorious маалото... Даме Груев :) Од таму се станционирам во Буњаковец. Одисејата сега за сега стои тука... за натаму, зависи од вас... (како не)
 
Досега во овие 16 години сум променила 3 места на живеење. Ама секогаш сум живеела во иста општина - Аеродром. Многу убаво место за живеење, многу луѓе, многу забава. Прво живеев на Коста Новаковиќ, оние црвените згради карши Три Бисери, после у зелените згради карши Бисер а сега блиску до железничка. Возови не ми сметаат не се секирајте...Имам луди комшии ама ако, не е на одмет да мавнеш сеир одвреме навреме (мислам на онаа комшика што константно се дере), или да денсаш малце (заради гласната музика на онаа одозгора)...
Поздрав до 10101 што ја отворил темата, глеам и он е од Аеродром...
 
Прво живеев во Тафталиџе, па се преселив во Топанско. Не мрдам од тука, освен ако не ме даде татко ми за некој.:icon_lol:

Поточно, веднаш до мини-центарот на Топанско (кај што е Тинексот), позади кулите. Зградата ми е во Г форма, нема утка.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom