Од какви мажи/жени бегате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Премногу сериозни (да не знае една шала на своја сметка да направи).
Фалбаџии од голем калибар (во секоја смисла).
Неодговорни - особина што општо кај луѓето најмногу ја мразам!
 
горе доле ти бегаш од сите жени. хахахахахаха
Од машки кои се прават најгласни и и најпаметни у друштво, а ако они ни зоки поки не ја прочитале.
Од сељаци (не селани, СЕЉАЦИ) фалбачии кои своите автомобили, мотори и не незнам што не, ги користат само за да им покажат на сите околу нив дека имаат пари.
Од машки кои многу лесно избувнуваат и се лесно надразливи за да почнат со дерење, расправање и карање.
Од машки кои се заинтересирани само за фудбал, фудбал, фудбал, спортска, фудбал, ракомет и чат пат некој друг спорт. И ова им е животна преокупација.
Од машки кои се јачат во друштво, ваму сум бил, ова сум правел, а они немаат видено ништо подалеку од својот нос.
Од машки кои немаат респект за мислењето на партнерката и нејзините желби. Одиме таму каде што јас ќе речам.
Од машки кои бегаат од одговорност
А ти па божем не бегаш од сите машки:pos:
 
Најмногу бегам од љубоморни, мажи кои не сакаат деца, самобендисани, фалбаџии, пресериозни и премногу несериозни, ама и од несигурни во себе, мамини синчиња или татини новопечени богаташи, дечки кои сами не знаат да си направат доручек...
Не продолжувам за да не излезе дека сум многу пребирлива. :D
 
Јас сум во брак, па нема бегање :)
Избегнувам само од еден тип: го среќавам трипати у годината и ако седне до мене, цело време мислам дека ќе ме фати за цицка :facepalm:.
 
од женски кој незнаат што сакаат, што со подла насмевка се прават дека се интересираат за нешто во врска со мене, што оставаат работи недефинирани, што незнаат барем еднаш искрено да кажат и да не тупат насекое
 
Лејјјјј......абе све педери на форумов......од жени бегате.....секоја жена има нешто посебно.....
Жената не треба да ја разбираш......туку само да ја сакаш.....
 
Од егоистични, фрустрирани.... и ментално и емоционално ограничени мажи
 
Од жени кои се плашат да изгледаат несовршено, или недај боже природно. :)
Од жени кои прават некои сериозни муабети као да се они центар пажња со надпросечна интелигенција и размислуваат како да ја откријат Америка, тотално бес смисла за хумор со 3 лопати цемент на лице, и шминка кловн црвена или све ми боје лепо стоје.
Во кукла што не знае самостојно да размислува не гледам нешто интересно,тоа е само за една употреба, интересно ми е нешто што е живо што само размислува, што ке ти се спротистави кога не се согласува, што тешко се освојува и што сака да доживува нови искуства и авантури, што се впушта во нешто што и самата не знае што а тоа го прави во име на адреналинот и забавата, затоа што тоа е она што ке ја направи посреќна и се чувствува убаво кога се смее.
Пример ја и девојка ми идеме на скокање од падобран или скијање со сноуборд без срам дека другите ке ни се смеат пошто сме дупки и двајцата прв пат застануваме на даската и паѓаме како крушки, ама бидејки сме двајца, сосема сме доволни за да си поминеме одлични моменти . Едноставно ме привлекува природно убава девојка која е убава без шминка, не мисли што другите мислат за неа, знае среќата да ја дели со некој друг и да ужива во животот. Спротивното од ова ме одбива.
Традиционален тип жена со триста предрасуди што е исправно а што не,со рекла казала муабети, не е за мене.
 
А ти па божем не бегаш од сите машки:pos:
не бе напротив, и ја сакам да гледам фудбал.
ама секој ден по цел ден и така 365 дена у годината? е од такви мажи бегам...
 
1. Јас сум мажот. Јас одлучувам.
- Не е дека баш вака се представува, но лесно се препознава доминантен тип.

2. Носи крст на врат.
Милион фејспалмови ми искачаат.

3. Почнува да ми се крсти кога ме убедува во нешто. Демек, жими мајка. Или чука во дрво. Итн.

4. Несфатен од општеството. Слуша некоја чудна (и непозната) за останатиот свет музика, се остало е лејм и е за шестоодделенчиња. Невработен е, затоа што овој систем нема доволно добра работа за господинот.

5. Фолкер. Е на ова највише на свет се ежам.

6. И најбитно - неписмен.
Не можам со неписмени луѓе. Едноставно ни како пријатели, ни како блиски во животот по било која основа, не ги можам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom