Од денеска и дијаспората со право на глас

  • Креатор на темата Креатор на темата Esobar
  • Време на започнување Време на започнување
Исто како и законот на 3-то дете, кој беше совршен ( скоро ) само да не беше уставниот суд ( корумпиран ).

ovoj zakon na ustaven pagja , pravoto na glas e zagarantirano i za drzavjanite vo stranstvo samo do sega ne bese ovozmozeno
 
Исто како и законот на 3-то дете, кој беше совршен ( скоро ) само да не беше уставниот суд ( корумпиран ).

Eпа тоа е проблемот, ти се задоволуваш со делумно добри работи. И јас ако фатам да те онадам, скоро да ќе ти е убаво, само треба да се навикнеш.

Епа ќе се навикнеме изгледа и на законов, и убаво ќе ни биде, ајт доста ми беше, и јас најдов да исправам криви дрини со луѓе кои што преку партија не гледаат ништо друго.
 
Мене ми е единствено драго што законов конечно е изгласан. А заради нашите импровизирачки политики , секако , дека ќе има пропусти , ама тоа едноставно го сметам како фаза низ која мора да се помине. Важно е што нешто е сторено.
За сите вие што се плашите,роднини „холивудски“ звезди дека ќе гласаат за Македонија а никогаш не се истакнале како Македонци, не се плашете , тој што не го заболел за Македонија сигурно нема да одвои ниту една минута а не пак неколку часа за да оди за заокружи некое бројче кое воопшто не е важно во неговиот и така совршен живот. А ние , пошто ете и јас глуп си доаѓам за избори, во Македонија, се караме самите со себе и бојкотираме избори, а уште полошо одиме на гласање и цртаме коњи и магариња по листовите!!! Инаку Римз како што многу пати сум рекол, не ми сметаат нит албанците нит било кој друг етникум од Македонија кој си ја почитува Татковината - мислам на Р. Македонија и работи за нејзино напреднување на секое или било кое поле - не мислам на криминалот и напредување во глупоста и заостанатоста. Ако албанци има повеќе алал вера, може и во албанскиот блок на тој начин ќе се исчистат сите така-наречени политичари, па ние обичниот народ нема да се замараме со политика.
Ај сега наздравје и ја напуштам темава!
 
а каде/како ќе гласа дијаспората?
по амбасадите или ... ?
 
Тоа не е добро! Како може да гласа некој што не живее во Македонија и не плаќа данок во Македонија. Тоа истото го воведе Туѓман во Хрватска и сега гледаат како да го укинат тоа бидејќи нема никаква смисла оној кој не живее тамо да може да гласа.
 
а каде/како ќе гласа дијаспората?
по амбасадите или ... ?

Да, ќе гласаа во во амбасадите и конзуларните претставништва.

Проблемот е дека ги нема доволно.

Се надевам ќе може да се гласа по пошта (absentee ballot) или преку интернет.

Секој државјанин на Македонија има право на глас -- зборуваме за претседателски и парламентарни избори -- и со овој закон истото ќе може да го оствари.
 
ќе треба да се најдат и други начини ...
само амбасадите и конзуларните преставништва не се решение ...
пред неколку дена зборував со дијаспорци од германија моментално тука ... ги прашував што мислат за гласањето на дијаспората ... беа супер задоволни ... (30-40години се таму и не сакаат германски документи сеуште се само со Македонски пасош затоа шо велат ние сме Македонци не ни треба друго државјанство) ... но живеат далеку од Берлин, од сите дијаспорци некои нема да можат да успеат можеби ...
поголем проблем е и за Австралија ....

треба да се изнајдат начини како по пошта или електронски некако
 
А како ќе биде зачувана тајноста на гласањето ако тоа оди по пошта или електронски?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom