Мене ми е единствено драго што законов конечно е изгласан. А заради нашите импровизирачки политики , секако , дека ќе има пропусти , ама тоа едноставно го сметам како фаза низ која мора да се помине. Важно е што нешто е сторено.
За сите вие што се плашите,роднини „холивудски“ звезди дека ќе гласаат за Македонија а никогаш не се истакнале како Македонци, не се плашете , тој што не го заболел за Македонија сигурно нема да одвои ниту една минута а не пак неколку часа за да оди за заокружи некое бројче кое воопшто не е важно во неговиот и така совршен живот. А ние , пошто ете и јас глуп си доаѓам за избори, во Македонија, се караме самите со себе и бојкотираме избори, а уште полошо одиме на гласање и цртаме коњи и магариња по листовите!!! Инаку Римз како што многу пати сум рекол, не ми сметаат нит албанците нит било кој друг етникум од Македонија кој си ја почитува Татковината - мислам на Р. Македонија и работи за нејзино напреднување на секое или било кое поле - не мислам на криминалот и напредување во глупоста и заостанатоста. Ако албанци има повеќе алал вера, може и во албанскиот блок на тој начин ќе се исчистат сите така-наречени политичари, па ние обичниот народ нема да се замараме со политика.
Ај сега наздравје и ја напуштам темава!