Оценка

  • Креатор на темата Креатор на темата Sirius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Што мислите?
Дали оценките се битни на факултет или важно е само да минуваш?
 
ај да ти одговорам на прашањево, оцените на факултет не се битни ако само сакаш да го завршиш, пошо никој нема да те праша каков просек имаш, него си имаш диплома и тоа ти е покритие за тоа ако мислиш дека ке ти помогне во живот за вработување или за што и да е а ако си фаќаш просек за стипендии или кредити тогаш секако дека ти се битни.
 
Ако учиш секако дека се битни... затоа што секогаш сакаш трудот да ти биде вреднуван. Некогаш ти треба просек за стипендија и слично па и да не знаеш доволно сакаш повисока оценка. Од друга страна ако учиш за 6-ка големи се шансите да не положиш :)
Дали се битни оценките на факс? Па за кого како нели, некој сака висок просек, планира да упишува пост-дипломски и тако даље, некој брка стипендии... али високиот просек не е гаранција за знаење нели :) Како што и самата диплома не е никаква гаранција :)
Ама ако си потрошил месец дена на некој предмет нема скромност бе, идеш да земеш 9-ка, 10-ка па ќе се тепаш ако треба :pos: Не дека просекот има значење туку за да ти биде вреднуван твојот труд како што треба :) За мене тоа е значењето на високата оценка и затоа ми е битна, лично да бидеш задоволен и мотивацијата да не ти падне :)
 
А да ве прашам нешто?
Дали треба просек(ако треба колкав е) за да се запишете на пост дипломски студии или доволна е само диплома од завршен факултет.
 
мислам дека треба само диплома за завршен факултет, ако има некој поискусен што стасал до тоа нека каже:toe:
 
7.5 просек ако сакаш директно после факултет
7 но ти треба 2 години работно искуство.
помалку од 7 не можеш!

Јас планирам да запишам постдипломски... па... се информирав

А успехот како што гледам, ми беше само за.... стипендијата :)
 
Нормално дека се битни. И ја спиев на тоа уше дека не се и не се замарав. И ете, дојде време кога се покажа дека биле битни (од X причини кои не би сакал да ги наведам).
Кога не би биле битни - не би постоеле.
 
Димитар напиша:
7.5 просек ако сакаш директно после факултет
7 но ти треба 2 години работно искуство.
помалку од 7 не можеш!

Јас планирам да запишам постдипломски... па... се информирав

А успехот како што гледам, ми беше само за.... стипендијата :)

Барем кај мене на факултет(Електро) не е битен просекот за понатака да продолжиш.Значи имаш една година плус од стандардните 4 за магистар,уште една после тоа за доктор,а ако не сакаш да продолжуваш мораш да браниш дипломска за да добиеш признание(диплома) за завршен факултет.
Оценките освен за стипендија ако бркаш,за друго не се битни!
 
BusHav напиша:

Ситуација:
Конкурираш за работно место со твојата диплома (во која не е битен просекот)
Вработуваат само една личност. Личноста има исто образование како твоето само со повисок просек. Ти знаеш дека имаш многу поголемо знаење од него, ама не си се малтретирал за оценка, ама сепак го вработуваат него пошто има поголем просек.

Кога би ти се случило вакво нешто, сеуште би мислел дека оценките не се битни?
 
Бушав грешка си... На Електро има дури построги правила од тие кои ги кажав

10. На постдипломски студии можат да бидат запишани само лица со завршени до­дип­лом­ски студии во траење од најмалку 8 семестри од областа на електротехниката, или со­од­вет­ни области утврдени со студиските и со предметните програми на насоките на пост­дип­лом­ски­те студии, со просечна оценка најмалку 8 или со просечна оценка најмалку 7,5 и две го­ди­ни работен стаж во струката и да ги исполнуваат условите од конкурсот.

од тука
 
Еве на пример да кажеме за земјоделски факултет.Дали и таму важат истите правила?

Ако е потребно просек 7,зборуваме за чиста седмица или од 6,5 па нагоре(до 7,4)
 
Sirius брачко... ко шо глеам ти уште не си се упишал на факс а на пост-дипломски мислиш :pos:
А иначе кај мене е ко шо кажа Димитар, просек над 7,5 :)
Тоа шо го пиша Бушаф ми личеше претерано добро за да биде вистинито... да не ти треба никаков просек за пост-дипломски :) Ама ете дури 8 или нагоре требало на Електро, бетер него ли другите :)
 
Sirius напиша:
Ако е потребно просек 7,зборуваме за чиста седмица или од 6,5 па нагоре(до 7,4)

Збориме за чиста 7,5 па нагоре (7,6 па 7,7 итн),за без работно искуство или 2 години работно искуство и 7,1 па 7,2 итн. (извини за деталноста на објаснувањето,но мислам дека се надеваш на заокружување на просекот)
Не го заокружуваат просекот од 6,7 на 7 чиста

Додека сме на темава,знае некој колку се движи партиципацијата на економски постдипломски,на колку рати се уплаќа,предавања дали има,уписите кога се и сл. информации?
 
DrunkY напиша:
Ситуација:
Конкурираш за работно место со твојата диплома (во која не е битен просекот)
Вработуваат само една личност. Личноста има исто образование како твоето само со повисок просек. Ти знаеш дека имаш многу поголемо знаење од него, ама не си се малтретирал за оценка, ама сепак го вработуваат него пошто има поголем просек.

Кога би ти се случило вакво нешто, сеуште би мислел дека оценките не се битни?

Тебе на крај на факултет ти даваат диплома дека си завршил факултет,дека си дипломиран што и да е(зависи од факултетот),во таа диплома на ниедно место не пишува со кој просек си го завршил факултетот.Оценките не гарантираат дека тој човек има поголемо знаење од некој со послаб просек,барем не кај нас затоа што факултетите немаат никаква пракса,туку само бараат од тебе да бубаш и да учиш теорија.Е ти ако успееш само со таа теорија набубана во глава,да напраиш(да речеме за мојот факултет) електрично коло,а во живот да немаш видено еден транзистор или отпорник свака част!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom