Обновување стари другарства

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Може да се обнови другарство да али све зависи од времето што прошло и до воспоставениот контакт помеѓу тие другари за тоа време дур се одалечени...пример ако поминале години а да не се виделе или чуле тешко.Сепак јас сум за обновување али да не се чека времето тоа да го среди него самиот човек да среди за да дојде до зближување со тој другар/ка...
 
Ми се случило и оп оп тамам ќе си речам сега се ќе биде во ред се случува нешто и пак по старо. Немам добро искуство.
Се смирив со другарката со која се скарав после десетина години интезивно дружење и поминивајќи низ се заедно зада сфатиме дека тоа и тоа и да се скараме пред околу една година. Се обидовме пак да го обновиме пријателството, но ете за едно година увидов дека многу нешта се промениле кај неа. Станала незгодна па дури и се впуштила во врска со нејзин роднина.
Сега мислам дека е добро што расчистив 2 и 2 со неа и сум многу попретпазлива со пријателите :vozbud:
 
Доколку ми се пружи шанса да обновам некое старо пријателство би ја зграбила ,бидејќи знам дека единствено другарството кое е стекнато во детството е вистинско ,чисто и искрено пријателство.
 
Мислам дека до сега не ми се случило да обновам некое старо другарство..
Можеби затоа што многу ми треба да за прекинам контакт со некој,а ако веќе се прекинал сигурно имало јака причина за тоа.
Од таа гледна точка,со некој со кој што сум се скарал,потоа нема зошто да се обнови тоа другарство.Ако некој еднаш ти згрешил,големи се шансите дека може да се повтори тоа..Најчесто,нејќам да ризикувам.
 
Обновив, ама работите застанаа повторно на истото место каде што закочија и првиот пат. Не преферирам да обновувам стари другарства, подобро ќе запознаам нови луѓе. Новото е поинтересно.
 
ова лето се случи да се видам со една другарка од основно што ја немав видено 10 години.супер испадна, дури и подобро од она што мислев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom