Област - Азот

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
M

Moon Child

Гостин
Областа Азот е сместена во долината и по горното и средното течение на реката Бабуна. Оваа област се наоѓа југо-западно од градот Велес и низ целата област протекува реката Бабуна и поминува пругата за Прилеп и Битола. Областа Азот се всушност селата во околината на селото Богомила (сите села во составот на истоимената општина која опстојуваше до 2004 година) во долината на реката Бабуна.

Најголемо село во областа Азот (воедно и едно од поголемите села во Велешкиот регион) кое е всушност и централно место на областа е Богомила, а останати села кои спаѓаат под оваа област се Теово, Согле, Нежилово, Папрадиште, Ореше, Капиново, Црешнево, Мокрени и други.
555938_418448371534070_1940421614_n.jpg

(Куќата на Петар Поп Арсов во Богомила - Сликано од мене :cool:)
800px-Babuna_Bogomila_Macedonia.jpg

(Мостот во Богомила)
555938_418448374867403_1706471064_n.jpg

(Јас на мостот :D)
Јас сум голем љубител на ова место, Богомила и околните села ги имам доста шетано, а си тегнам и корени од таму:D. Богомила е според мене едно од најубавите села.

Папрадиште колку што го имам прошетано исто така е доста интересно место, со автентична архитектура, мислам дека во ниедно друго село немам видено такви куќи какви што има во Папрадиште:)
reportaza-papradiste%202.jpg

Нежилово во последните години е доста посетено поради рибникот, а и патот до таму е добар, од Богомила до Нежилово пеш е околу 2 часа нормално одење.
48938707.jpg

Теово заедно со манастирот којшто се гледа од возот кога запира на станицата е преубаво место, и морам да споменам дека на сите села од оваа област природата им дала потенцијал да се развијат во доста посетени и атрактивни места, но штета е што се повеќе згаснуваат, не сум сигурна дали во Црешнево и Капиново живеат сеуште луѓе и дали воопшто таму има куќи.
800px-%D0%A1%D0%B5%D0%BB%D0%BE_%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B2%D0%BE%2C_%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE_6510.JPG

Јаворот сред село (Теово)

Бистрица е село кое полека згаснува, во него живеат неколку фамилии, стари луѓе. Прекрасно село, со интересна архитектура и доста фини, услужливи и гостопримливи жители. Селска слава на ова село е Петровден, денот кога е доста посетено од луѓе кои некогаш живееле тука...
555938_418448368200737_68018917_n.jpg

(Куќа во Бистрица сликано од мене :cool:)
Несакав поединечно да отварам теми за секое од селава, решив да отворам една која ќе ги опфати повеќето, сигурно има кајганџии кои потекнуваат од таму, па би било убаво да се сподели збор два:)
 
67388_1432758983730_6392356_n.jpg

Сликава ја преставува долината на изворот на Бабуна, со Нежиловски стени на Солунска глава, сликано од ридот Елен над Нежилово.
556399_2851592693686_245343168_n.jpg

Папрадиште, Чеплеска река
321682_2108981568872_94308297_n.jpg

Водопадите на Бабуна, кај Чеплес.
 
Вујко му на Лазар Бараков од Мокрени беше, тој само што бил на леб и вода чај не пиел мрсен му бил :icon_lol:.
 
Браво за темава и јас имам корени од овој крај, навистина е едно неоткриено парче од Македонија. Инаку за останатите села, за кои не беше сигурна. Капиново е одамна иселено, не знам точно кога, додека во Црешнево (од каде потекнува татко ми) живеат уште тројца жители цело време. Селото за селска слава ја има Св. Петка, кога жителите кои потекнуваат оттука доаѓаат во поголем број, со цел да се одбележи славата.
 
Мојот дедо потекнува од Црешнево (по татко) од Капиново (по мајка). Подоцна се преселени во Богомила, па некаде кон 60тите во Велес :)
 
колку ме израдуваа сликиве,тоа е Македонија,убава Македонија
како и Поречијата,Малеш, и сите други места,а не асфалтот во Скопје,
да речам ги жалам луѓево кои се повеќето од овој крај а работат со мене во загушлива фабрика веќе 40 години и живеат обично во пригратските села,ај населби да ги речам,во чиј улички две фичовци едвај се разминуваат,и во куќи скоро залепени со комшиската а и тој од таму,без канализација повеќето и стеснати во најповеќе 500 м2. а ја напуштиле која убавина и ширина: Немавме избор ми викаат,ако ги прашам за тоа прашање.
Овој крај Азот и селата (сите негови села) се познати и опишани во книгите по прочуениот Богомилски поход-попознат како Февруарски поход.Многу од тие села беа и запалени,а селаните тероризирани од бугарскиот окупатор.
Да не беше селото,немаше ни да имаме македонска војска и држава,селото ги криеше и хранеше партизаните.Би ви препорачал една книга за тој крај и тие села:„Дедовата Колиба“ од С.И. Планински.
Дали Ораов Дол,Бистрица и околните села се под Азот или прилепско.
Мора летово да најдам термин да прошетам по тие краишта.
----------
Ако пак ве нанесе таму патот,покрај овакви слики може да дадете и од секој споменик он НОВ,ако сретнете,да не ја забораваме историјата.
 
Anco ,Ораов Дол, Бистрица и Поменово спаѓаат под Азот. Да не се двоумиш воопшто.
 
Еве од мене сликана една спомен плоча.. на патот од Чеплес накај Солунска глава се наоѓа спомен плочата и чешмата ..

100_1485.JPG

Според она што читав на интернет Мицо Коцар од Прилеп бил партизански командант.
 
Anco ,Ораов Дол, Бистрица и Поменово спаѓаат под Азот. Да не се двоумиш воопшто.
и јас така мислев,само ме буни што Везилка не ги спомна,
знам дека и Трајче Петкановски е од таму,само незнам кој го „предал“.
А „Ножот“- дали е натаму,или подолу.
 
и јас така мислев,само ме буни што Везилка не ги спомна,
знам дека и Трајче Петкановски е од таму,само незнам кој го „предал“.
А „Ножот“- дали е натаму,или подолу.
Трајче Петкановски има споменик во Бистрица :), а за "Ножот" незнам да ти кажам.
 
Многу убави слики! Јас имам роднини таму, и секоја година сум во Азот. Многу убаво место. :)
 
Еве тазе слики, минатава недела шетав до Бистрица...

528606_424413334270907_834801435_n.jpg

551246_424413814270859_931844422_n.jpg

418674_424414890937418_2108978621_n.jpg

392219_424415214270719_459538745_n.jpg

384644_424415800937327_2053936057_n.jpg

215487_424415927603981_1541642304_n.jpg

Школото во Бистрица

417175_424416010937306_99783385_n.jpg

Црква Св. Богородица

251991_424416800937227_232402064_n.jpg

Дворот на Манастирот Св. Петар и Павле
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom