Обланди

Постојат многу рецепти за подготовка на десерти со обланди. Дали ќе бидат благи или солени изборот за филување е ваш.
Љубители сте на обланди? Колку често ги подготвувате?


Бајадера обланди

Потребни состојки:
- 10 лажици вода
- 200 гр. шеќер
- 150 гр. мелени ореви
- 150 гр. мелени бисквити
- 200 гр. маргарин
- 2 лажици какао
- 1 пакетче обланди

за глазура:
- 200 гр. чоколадо за готвење
- малку млеко
- 1 лажица зејтин

Подготовка:
Шеќерот и водата ставете ги да зовријат. Оставете малку да се залади па додајте ги оревите, маргаринот и бисквитите. Смесата поделете ја на два дела и во едниот ставете го какаото.
Филувајте:Обланда-светол фил-обланда-темен фил-обланда-глазура (која се подготвува на пареа - чоколадата се топи со малку млеко и 1 лажица зејтин.)
28b1b7513e48cd0633cf68671a880ee2_header.jpg


.
Ги направив овие ,но требало да пишеш дека на сликава се правени со дупла смеса , филот убав ,али многу тенки испаднаа (n)(n)(n):(:(:(:(
 
Само еднаш имам подготвено обланди. Ама ептен ми се допаднаа, превкусни беа. :noze:
Рецептата ја видов на Моирецепти, не е воопшто тешка постапката и нема многу материјал. Еве ја, мислам дека не е проблем. :D

Ролована обланда со вишни

Состојки

3 листа обланди
250 гр маргарин
500 гр шеќер
100 гр чоколадо
2 чаши вишни
500 гр мелени бисквити

Ставете ги маргаринот, шеќерот, чоколадото и вишните на тивот оган да се растопат до точка на вриење. Ако користите смрзнати вишни, што во овој случај би било пожелно, предходно одмрзнете ги и ставете ги во садот со се сокот.
Откако ќе проврие, тргнете го садот од оган и вмешајте ги мелените бисквити.
Обландите омекнете ги на влажна платнена салвета. Филот поделете го на 3 дела. Секој лист премачкајте го и сролајте го. Оставете да се стегни, па сечете.

DSCN4662aKBa-800x600.jpg

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom