Објаснување: Изработка на песна

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Дали има некој што можи постепено да објасни како се доаѓа до песна? Што се користи при изработка? Програми? Кои? :)
 
Бидете малце поконкретни...ако ве интересира за мјузик мејкинг софтвер и такви моабети имате веќе таква тема...така да произјаснете се што конкретно ве интересира
 
сакаш аматерска снимка? да се обидеш да правиш? или бараш професионална песна, сработена во студио и сл?
 
Оние емисиине на Дискавери како шо се за HOW ITS MADE, е нешто слично само преку зборови/чекори :) Да, има малку и од таа тема за мјузик мејкинк, само што ова е комплетно за песната, вокали, солист, инструментите, што прво текстот или музика се пишува (на пример). Значит од почеток до крај изработка на песна :)
 
нема правило. можеш на дадена музика да се инспирираш за да напишеш текст и обратно. осет за слух ти треба за да го погодиш вокалот кој е доволно моќен за да ја изведе нумерата =)
тргни од нешто... како повеќе ти одговара, текст или музиче. одлучи.
 
How to make a song?

Прво што ти треба
  • Текст
  • Ритам
  • Студио
  • Носач на звук(диск,винил,касета)
Ајде сега едно по друго

ТЕКСТ
Доколку песната не е инструментална треба текст. Текстот е еден вид почеток и крај на песната, преку текстот уствари им објаснуваш на тие што те слушаат што сакаш да кажеш ти или евентуално авторот на песната да каже преку тебе. Ако ти фаќа кликерот текст можеш да си напишеш сам, или па ако не ти фаќа ќе си платиш текстописец

РИТАМ
Одкако ќе биде напишан текстот следува нешто што ќе го прави текстот не монотон освен ако не снимаш акапела. Ритамот е енергијата на песната, помешан заедно со текстот прави еден тотална хамонија на целата таа песна. За правење на ритам(музика) за една песна потребен е композитор кој ќе ја напише песната, бент кој ќе ги претвори напишаните ноти во звук или некое бедно софтверче со веќе направени така наречени семплови кои се склопуваат и го прават ритамот

СТУДИО
Е тука паѓа сексот:) Главната ствар за да имаш одлична песна е студиото т.е. опремата и луѓето кои што го работат студиото. Во денешно време имаш различити студиски простории во кои се снимаат различити видови песни. Во студиото се снима вокалот и ритамот посебно доколку нали ритамот треба да биде свирен од бенд. Одкако ќе се снимат, следува снимање на вокалот врз ритамот. Снимањето на вокалот се прави претежно на делови т.е. не се' во еден здив за да нема на секој два стиха земање воздух и така наречено угушување на вокалот. Одкако ќе се сними вокалот врз ритамот следува така наречениот мастеринг на вокалот т.е. повишување на одредени делови, сечење, лепење, бришење, чистење итн итн.....Одкако вокалот ќе биде среден следува средување на ритамот со вокалот заедно т.е. на целата песна и истите ствари од малце погоре се тука.
Во студиото се претежно сите на куп собрани текстописец, бенд тра ла ла ла ла...

НОСАЧ НА ЗВУК
За да песната може да ја слуша одредена група на луѓе индивидуи треба истата да се стави на нешто што се вика носач на звук. Дали тоа било CD или магнетофонска лента или лонгплејка е зависно од тоа колку кеш има пеачот:)
 
О еј а да ве немав? Како ќе дознаев? :shame: Фала јо
а ако е НАПРАВИ САМ истото важит? :icon_razz
 
О еј а да ве немав? Како ќе дознаев? :shame: Фала јо
а ако е НАПРАВИ САМ истото важит? :icon_razz
Епа види сега вака, јас правев сам еднаш одамна:) скапо е.....микрофонот што го купивме студиски и екстерна звучна за него не кошташе 57 000денари и тоа рачунај дека беше полу професионална опрема и не беше студио туку обична соба, значи без изолација за да нема ехо шуш муш буш....иначе и предходно снимавме на пазарски микрофон од 150динара со ценкање уклучен на компјутерска звучна и ритам правен во hip hop ejay....беше закон тоа време:)

Од програми иначе се користат Фрути Лупс за креирање на тие така наречени семплови, Cubase SX за мастеринг на вокал и Acid Pro за склопување....е сега имаш и по професионални програми ама да не навлагаме до толку
 
How to make a song?

Прво што ти треба
  • Текст
  • Ритам
  • Студио
  • Носач на звук(диск,винил,касета)
Ајде сега едно по друго

Ти фали една битна работа.
МУЗИКА!!!
Ритам е едно, текст друго, а студио и носач на звук се претерано небитни работи во создавање на песна. Битни се доколку песната се снима.
И, неможе да се стави правило на тоа како се прави песна. Треба да е креативен и инспиративен (инспириран) процес. Може да се стави правило на тоа како се прави, доколку прашаш некој како дарко димитров и нему слични за кои музиката е индустрија, не уметност.
Песна, ставена на носач на звук е одредена развојна етапа на одредена композиција. Композициите (барем јас моите) константно се менуваат и подобруваат, затоа што секогаш може подобро, нели?:)
Најчесто (99% од случаите) прва е музиката. Произволен извор на инспирација се зема од што настанува песна понатаму. Дали ќе остане инструментална, или ќе има вокална линија со текст, дали ќе ја довршам сам или со луѓето со кои што свирам и ред други (во крајниот продукт небитни работи) си зависат од песната и од текот кој ќе го завземе.
Интересното со создавањето музика е тоа што процесот на создавање мора да биде свесен (за да се почитуваат правилата на хармонија и такви слични работи) и несвесен (за да може да се внесат доволно емоции)...
 
Прво иде музиката, од-како ќе произлезе ритамот се работи на пеењето и на текстот. После седнуваш со луѓето што ти се во бендот и работите на тоа...го модифицарте и корегирате.

Барем кај мене беше така(на кратко кажано), но секој си има различен концепт со кој што е удобен.
 
ako imas dobro ozvucuvanje i dobri instrumenti dobro izlegvit i garazna snimka. samo so ovde nemat editiranje. ja snimas pesnata vkraj najdobro so mojs.
 
Точкест твоето објаснување беше повеќе за хип-хоп музиката.

Инаку за песна ти треба, барем за мене, прво текст.

После на текстот јас си пробувам акорди и ги спојувам. Добивам ритам, си одредувам во која скала ми е песната, си пишувам соло за неа. На крај, може амбиент делчиња да се вметнат како интро, outro итд итд.

После се прати со бас, па бубњеви, ако имаш во план и втора гитара, и на крај си спојуваш се со вокалот.

За да ја снимаш, ќе си платиш или во студио, или дома на PC ќе снимаш со Нуендо и слични зафрканции. Ама студио му е мајката. :)

П.С. Најубаво е паралелно да се создадат текстот и ритам линијата на прва гитара. Така нема да бидат прилагодени една на друга (на сила напишани). Потоа кога си се преклопат добиваш песна со вистинско спонтано (донекаде) значење.
 
па зависит... не мора да имат текст... ако на пр. сакат нешо јако да напрјат како dance или trance ти требит само добар ритам и добар слух...
и инспирација
 
ајде кој сака песна и каква нека кажува додека немам друга работа.само можам демо снимки или аражмани да ви правам а за студиска сеуште не сум опремен добро.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom