How to make a song?
Прво што ти треба
- Текст
- Ритам
- Студио
- Носач на звук(диск,винил,касета)
Ајде сега едно по друго
Ти фали една битна работа.
МУЗИКА!!!
Ритам е едно, текст друго, а студио и носач на звук се претерано небитни работи во создавање на песна. Битни се доколку песната се снима.
И, неможе да се стави правило на тоа како се прави песна. Треба да е креативен и инспиративен (инспириран) процес. Може да се стави правило на тоа како се прави, доколку прашаш некој како дарко димитров и нему слични за кои музиката е индустрија, не уметност.
Песна, ставена на носач на звук е одредена развојна етапа на одредена композиција. Композициите (барем јас моите) константно се менуваат и подобруваат, затоа што секогаш може подобро, нели?
Најчесто (99% од случаите) прва е музиката. Произволен извор на инспирација се зема од што настанува песна понатаму. Дали ќе остане инструментална, или ќе има вокална линија со текст, дали ќе ја довршам сам или со луѓето со кои што свирам и ред други (во крајниот продукт небитни работи) си зависат од песната и од текот кој ќе го завземе.
Интересното со создавањето музика е тоа што процесот на создавање мора да биде свесен (за да се почитуваат правилата на хармонија и такви слични работи) и несвесен (за да може да се внесат доволно емоции)...