Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Почетокот на осамостојувањето на Косово беше со сосема други барања т.е човекови права и слободи. Но времето одминува и така постепено наводните права и слободи поминуваат во друг облик и повисоки барања независност, па потоа и ова сегашното соединување наводно економско, но во суштина целосно. Се е тоа нормално и такви се процесите во политиката, факторот време кој многумина го потценуваат дава резултати. Па зошто тогаш да не учиме од овие случувања и да сфатиме дека ако ние и нашиот проблем го решиме како што заговара СДСМ ќе не снајде истата „судбина“ како Косово , но за жал ако за Косово работи времето, за нас времето ќе биде погубно ако прифатиме име такво какво што заговара СДСМ.
