- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
10.000 американски војници ќе го напуштат Авганистан до крајот на оваа година а уште 23.000 до крајот на следното лето, откако Барак Обама и официјално го прогласи почетокот на крајот на 10-годишната војна. Повлекувањето ќе почне во јули.
"Значително ја ослабнавме Ал Каеда и нема да попуштиме, сè додека не ја завршиме работата", рече тој во своето обраќање на нацијата.
И покрај тоа што го нагласи успехот во битката против Ал Каеда и талибанците, Обама не даде гаранција дека загубените животи и огромните инвестиции во војната, зад себе ќе оставата стабилна и безбедна нација.
"Нема да се обидеме да го направиме Авганистан совршено место. Нема бескончено да ги чуваме тамошните улици, ниту да патролираме по планините. Тоа е одговорност на авганистанската Влада", изјави американскиот претседател.
Наместо да го прифати советот на генералот Дејвид Петреус за повлекување на многу помалку војници, Обама ги прифати критиките на мнозинството од нацијата кое е против војната што однесе над 1.500 животи и 449 милијарди долари.
Но, есента 2012-та кога претседателската кампања ќе бидево полн ек, во Авганистан сè уште ќе има 68.000 американски војници.
Повлекувањето на 10.000 трупи до крајот на годинава беше очекувано, но претседателот го забрза процесот за враќањето на останатиот дел од војската. Оваа одлука тој ја правда со фактот што САД успеаа да ликвидираат половина од лидерството на Ал Каеда, вклучувајќи го Осама бин Ладен кој беше убиен на 2-ри мај.
Реакциите на говорот биле различни, додека демократите велат дека претседателот не ги повлекува трупите доволно брзо, аналитичарите на надворешната политика предупредуваат дека е ставен на ризик сиот прогрес постигнат изминатите години.
http://on.net.mk/vesti/svet/obama-naredi-povlekuvanje-od-avganistan