Oд септември Царината ќе казнува и ќе одзема возила.

Што мислите:

  • Ќе се одземаат возилата.

    Гласови: 18 37,5%
  • Кучињата ќе лаат ама карванот ќе си врви.

    Гласови: 21 43,8%
  • Ќе се пролонгира рокот, ама на крај ќе биде како досега.

    Гласови: 9 18,8%

  • Вкупно гласачи
    48

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Oд септември Царината ќе казнува и ќе одзема возила




Казни по 100 евра или одземање на странските возила што нема да се легализираат до крајот на септември. Царината нема да толерира, ќе ги казнува сопствениците на половни возила со странски таблички кои ќе се задржат повеќе од шест месеци во Македонија.

Првиот цариник Каргов вели дека по истекот на рокот сопствениците нема да можат да ги царинат овие возила. Засега од околу 50 илјади бугарски возила колку што се проценува, легализирани се само околу 3700.

Ванчо Каргов, директор на Царинската управа вели дека по истекот на рокот ќе им се упатуваат мандатни казни на сите кои навреме нема да ги легализираат. Потоа може да дојде и до одземање на возилата и наредба да ги вратат од земјата од каде потекнуваат.

По септември, Каргов најавува дека се можни и координирани акции со МВР за откривање на оние што ќе ги изиграат царинските закони.

- Можни се и акции со МВР, но и да не ги контролираме, кога ќе им истече регистрацијата тие сами ќе дојдат на граница, вели Каргов.

Откако Владата дозволи увоз на половни возила, до сега се увезени над 22 илјди половни возила. Од нив само мал дел се нови. Останатите во најголем дел се увезени од Германија и Словенија.

ИЗВОР.


----------------------------------------------------------------------

Ме интресира што мислите дали царината и МВР имаат капацитет да одземат 50000 возила, или ќе биде кучињата лаат карванот си врви, или пак ќе се пролонгира рокот па пак ќе биде кучињата си лаат карванот си врви.
 
T

Tetro

Гостин
Ќе се пролонгира рокот, ама на крај ќе биде како досега.

Ништо не се решава на прва...
на факултет се викаше: "Краен рок е една недела после крајниот рок"
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.159
Поени од реакции
11.916
Искрено се надевам дека царината конечно ќе го реши овој проблем. Инаку не верувам дека е премногу тешко да се одземат 50 илјади возила и истите да се уништат или уште подобро да се лицитираат. Заработката на царината ќе биде многу поголема отколку да се легализираат возилава преку увоз.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Искрено се надевам дека царината конечно ќе го реши овој проблем. Инаку не верувам дека е премногу тешко да се одземат 50 илјади возила и истите да се уништат или уште подобро да се лицитираат. Заработката на царината ќе биде многу поголема отколку да се легализираат возилава преку увоз.
Не е тешко да се одземат, ама ова властодршците не се луди ако го направат тоа отиде рејтингот јабана.
Инаку читам на форум не сме биле сложни како народ еве пример дека не е така. Вака сложно нека не ги префрлаат на наши документи што ќе им прават ништо.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.159
Поени од реакции
11.916
Хехе добра констатација дека сме "сложен" народ.
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Како можи да ги одземи и врз кој основ?
Тие имаат бугарски пасоши и се граѓани на ЕУ. Македонија неможе да му забрани на граѓанин на ЕУ да го вози неговиот автомобил на територијата на нашата земја - нема логика. Ова е само обично заплашување на народот поради слабиот одзив за легализација, ама тоа е тоа.

Царината нема да толерира, ќе ги казнува сопствениците на половни возила со странски таблички кои ќе се задржат повеќе од шест месеци во Македонија.
Ќе казни државјанин на ЕУ оти повеќе од 6 месеци го вози својот автомобил во МК!? :uvo: АЛООООООО! Овие горе од Брисел што ќе речат? Впрочем и ние кон ЕУ одиме...
 

TurboCharger

КарамбатА
Член од
17 јули 2009
Мислења
398
Поени од реакции
14
заплашуваат нешто овие, сакаат да направат уште еден бран на легализација, ако можат, после него пак исто ќе си биде- ќе си се возат автомобили на странски таблички
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
И треба да се одзимаат и тоа врз основ на царински прекршок!!!!
Преку куров од такви возила кои 95% од времето возат тука, а плаќаат регистрација, патарини и се останато во Бугарија.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
А зошто во МК се возат толку возила на странски таблици??? И зошто повеќе ти е важно тие луѓе што возат отколку што возиш ти???
Абе е.иветар менталитет сме:tapp:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
А зошто во МК се возат толку возила на странски таблици??? И зошто повеќе ти е важно тие луѓе што возат отколку што возиш ти???
Абе е.иветар менталитет сме:tapp:
Знаеш зошто ми е важно?
1. Имав сообраќајка со такво возило. Знаеш ли кои проблеми ги имам за да си наплатам штетата???? Ме шетаат како бела мечка наваму натаму, па ќе треба за тривијалности со судови да се расправам.
2. Ако јас можам да плаќам регистрации и се по пропис, можат и другите. А не да серат тука како нема патишта, како вака било, онака било. И, Бугарија после направила патишта...Е ќе направи!
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
И пак не ми кажа зошто се возат толку возила на странски таблици??? А тоа што те шетаат како бела мечка, па за цената што ја плаќаме овде за годишна регистрација и зелен картон, во секоја нормална држава ќе добиеше и каско осигурување и ич немаше да ти биди гајле дали некој ти ја драснал, чукнал, кренал... Пак ќе ти речам, не гледај тие како и што возат туку гледај ти што возиш...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас купувам исклучиво ново возило. Увоз на канти не ме интересира.
Не е проблемот во моето туку во осигурувањето на оној кој ми причинил штета
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Епа можеби ти имаш пари за ново, ама такви ко тебе се мнооогу малку во МК. А кога би имал каско, немаше да ти биди проблем осигурањето на другиот.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Епа можеби ти имаш пари за ново, ама такви ко тебе се мнооогу малку во МК. А кога би имал каско, немаше да ти биди проблем осигурањето на другиот.
Не е логично да користиш каско и да губиш бонусите кога другиот е крив. Каско се користи кога сам ќе си ја направиш, по своја вина, штетата.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Јас би воведил некоја такса... да речиме 30 евра месечно за странско возило што дреми повеќе од 2 месеци во државава.

Па ако ви е исплатливо, повелете 360 евра годишно за возење на странско возило по Македонските патишта.

Па ајде да ве видам мажи тогаш. Ионака било кој странец, повеќе од 2 месеци не седи во Мк, или и да седи, ќе си плати 30-60 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom