Процедурата и вадењето одобренија и дозволи може да траат со години, а постои опасност и од ново вето на Грција, предупредуваат експертите
Проектот нуклеарка во Македонија се чини дека уште во почетокот заглави во сложените административни процедури и лавиринти. Експертскиот тим што треба да работи на оваа проблематика сé уште не е формиран. Нема ниту конечна политичка одлука дали воопшто ќе се гради нуклеарна централа во Мариово, како што се предвидува со државната стратегија за енергетика со важност до 2025 година. Проектот беше најавен уште кон крајот на минатата година, а во почетокот на годинава се најде и на владина седница. Од Владата велат дека бил вратен во Министерството за животна средина, кое треба да даде оцена за влијанието врз животната средина. Кога повторно ќе се најде на Влада е сосема неизвесно. Во меѓувреме некои од коалициските партнери во власта, како ДОМ на Лилјана Поповска, искажуваат отворено спротивставување на идејата за изградба на нуклеарка. И експертите се поделени во мислењата.
- Сé уште не е формирано тоа тело што треба да одлучува за изградба на нуклеарката. Во моментот се работи на негово формирање, кое се надевам дека брзо ќе се случи. За ова треба да одлучи Министерството за економија - ни изјави академикот Глигор Каневче, кој е подготвувач на Стратегијата за енергетика. Во Министерството за животна средина посочуваат на долгите процедури при носењето една ваква оцена.
- Студија дали ќе се гради нуклеарка ние сé уште немаме добиено. Постапката оди во неколку фази. Определбата на Владата за градење нуклеарка е стратегиска определба. Ако со стратегијата се одлучи да се гради нуклеарка, се определува локација каде ќе се гради и потоа се прави оцена за конкретната локација - вели Филип Иванов, директор на Управата за животна средина.
Според него, само за оцена на влијанието на животната средина се потребни 270 дена и најмалку две јавни расправи. За експертите нуклеарката е преголем залак за државата и подготовките би требало да се веќе почнати доколку сакаме таа да биде изградена до 2025 година, како што се предвидуваше. Тука секако не смее да се заборават ниту регионалната димензија и одобрувањето од соседите, кое е неопходно за еден ваков проект. Евентуалното вето од Грција е сосема извесно и за изградбата на нуклеарка, предупредуваат експертите. Според нив, овој потенцијален проблем може лесно да се премости доколку Грците се согласат заедно да ја градиме, или влезе инвеститор од некоја моќна земја како САД.
Изградба на заедничка нуклеарна централа веќе најавија Албанија и Хрватска. Во меѓувреме Бугарија го засилува лобирањето за приклучок кон нивната нуклеарна централа во „Белене“. Како што ни изјавија дипломатски извори од Софија, најдобар избор за Македонија е да учествува во „Белене“ и уште сега да си закупи одредено количество енергија, која ќе може да ја користи во следните 60 години по прифатливи цени.
- Од „Белене“ најбрзо ќе протече струја, бидејќи првиот реактор треба да биде готов до 2014 година. Тоа значи дека за многу кратко време, со чекање од само 3-4 години, трајно ќе ги решите енергетските проблеми. Во сите други случаи Македонија ќе чека со децении, треба да вади купишта домашни и странски дозволи и одобренија, како и да добие зелено светло од Меѓународната агенција за атомска енергија - тврдат нашите извори.
За Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, енергијата добиена од нуклеарна централа е еколошки најчиста.
- Во последните неколку години се забележува еден нов залет во изградба на нуклеарки. Тука има и геополитички и геостратегиски влијанија за да се спушти значењето на нафтата и гасот заради различните интереси - смета Хаџимишев.
Според Константин Димитров од МАЦЕФ, многу држави се одлучуваат да влезат во нуклеарна програма. Засега јавен интерес за изградбата на нуклеарка во Македонија изрази единствено „Џенерал електрикс“ од САД.