Ножеви

  • Креатор на темата Креатор на темата PrinceVegeta
  • Време на започнување Време на започнување
Рандом прашање: Што мислите за назабените сечила? Добри, лоши, со што ве привлекуваат/одбиваат, оддржување и сл.

Јас да почнам, од првин не ги сакав многу, по форуми, видеа и сл. многу јадеа трици за нив, се додека не осетив нов Victorinox Hunter, поточно куката за дерење. После некое време се научив и да ги острам една по една, прецизно, со разни импровизирани алатки, се до ден денес, кога го сменив мислењето спрема нив.
Јас мислам дека имаат голема предност за одредени работи спрема рамните сечила, исто и недостатоци, да не пишувам кои се тие одредени работи, ги знаете. Комбинирано сечичо (тоа што 99% од луѓето го мразат)? Нема проблем... Плус полирано на кожа - поостро од фабричкото острење.
Е само на Cold Steel да постои алат да се наострат забите... Меѓу нив конец не влегува, а многу брзо се тапат, така да, најлошите запци што ги имам видено и искусено.

Еве фабрички запци од Benchmade (може и не се баш фабрички, го купив на старо, ама колекционерски чуван и како што ми кажа човекот од кого го купив, пробал само партали, картон и хартија да сечи со него колку да го испроба, а и се гледаше, немаше ни прашина во него и не беше отворен):
БТЊ кога НА НОВО го земав другиот Бенчмејд, фабричкото острење му беше за никаде, не можеше ни хартија да пресечи.
21387022008_eb5f806fd5_k.jpg
А тука после мое острење, не се гледа баш, ама може да се забележат траги од полирањето.
22088069785_9592782963_k.jpg
 
Последно уредено:
Мразам назабени сечива, за работа со дрво се неупотребливи и општо за било која работа кај што треба фин рез, за сечење каиши (rescue) се добри, но таму не треба фин рез.
 
На работа од едната страна има напуштен плац, а од таму една дива смоква упорно ми го узурпира местото за паркирање. Одвреме на време ќе ми текне "да зеам утре од дома пила па ко ќе и писнам ќе и објаснам кај и е местото..." и после тоа заборавам... Ама пошто стално носам Leatherman мултитул еден ден ми текна да го пробам пиличето ама си викам "Да га е*ем гранкиве ги има и до 3 см. да не го пратам алатчево у вечна ловишта наместо смоквава безобразна?!" Се спремив ја, си ослободив време од обврски, си земав шише вода, се расоблеков и тргав у епска битка. Наместо епска битка излезе дека жилавата дива смова не е препрека за малата пиличка на Leatherman. 5 мин и еден куп гранки и гранчиња беа резултатот од битката ама и ново стекнат респект за мали Leatherman.
Значи... ако и пилите ги броиме во назабени сечила тогаш ДА топ се за одредени намени.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Не мислев за секакви назабени сечила, туку само за ножеви, инаку фала за приказната, затоа и јас во ранецот си имам Викторинокс Хантер и ми има бркано многу работа, посебно за берење борина (од мтрви гранк, не како другите идиоти што само цепат и корнат дел од стеблото и го оставаат така осакатено). А што Ледрмен имаш?
 
Па имам слика стаено поодамна ама еве го пак
34d592e4f7bb9af30676d72ccc523f1e.jpg

3161df007a19fd925871a9258e9f11f4.jpg
 
Ааа да, тоа на поклон што ти го дале, како си задоволен?
 
Ааа да, тоа на поклон што ти го дале, како си задоволен?
Одличен е нема што! Тие алати што ги има се одлични освен можеби крстач штрафцигерчето. Имав прилика кога мушки притисок и дадов на клештата одвртувајќи запечен вентил и издржа без проблем само што го загребав црниот премаз.
Му фали уште грицкалка за нокти и торкс штрафцигери за да ги покрива сите мои EDC потреби. ☺

Грицкалка за нокти си носам со себе таа малечкаа на Викторинокс и задоволен сум ама квалитетот не е колку што очекував, на едната страна ми се појавија запчиња, цврст нокт сечат, ама тие кожинките што се маваат наможе да ги пресечи тој дел.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Еве мало освежување од Моракнив:
Мора Елдрис:
http://www.moraofsweden.se/news/eldris-is-our-smallest-news-ever
8f8f836828765ede89787cfd70ed8ca9.jpg
Мене личнои многу секси ми изгледаат и ако имам можност и ако се иста цена како обичните, би земал 2.
Се надевам дека нема цената да им биде како на Гарбергот т.е. $100.
 
Мал совет околу острење на тема за која колку памтам не сме зборувале доволно. Како знаеш дека си готов со првиот, најгруб абразив? Нормално работиш на една страна од ножот се додека не се создаде burr (шпона!? по нашки) на другата страна. Ова може да трае долго особено ако не ви е баш погоден оригиналниот агол ама е апсолутно најважниот момент доколку сакате стварно остар нож! Шпоната треба да ја има по цела должина на сечивото. Потоа ја почнувате другата страна се додека не ја префрлите шпоната на првата страна. Со пофините абразиви не трошете премногу време, ама сепак поминете ги сите градации што ви се на располагање. Најважно, на крај со стропување е да ја отстраните шпоната ако не отпаднала дотогаш. Резултат ќе биде острица со максимална острина.

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Некој да каже нешто за Browning ножиња од алиекспрес?
Не ми е за колекции и такви работи,туку за самодоверба во несакани ситуации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom