Сепак различни седишта... може модел е у питање
Најверојатно зависи кој модел/ниво на опрема го има... мада пунтото на другар ми има: електрика на предни стакла, city серво, клима и централна. 1.2 со 60 кс под хауба, бензин.
А зошто мислиш дека не вреди?Па за 8000евра што очекуваш дека ке добиеш?Серија 3 со фулл опрема?Немааааааа.
Епа затоа ти викам, има. Само нема да биди ново, ќе биди подвозено. Конкретно, колега мој купи Астра 2008-ма, 1.4 бензин 100 кс, со највисоко ниво на опрема: старт на дугме, вратите се заклучуваат/отклучуваат со сензор (нема клуч), електрика во седишта, клими, чуда, ѓаоли за 8000 евра со 40.000 км. Колата е купена од АутоМакедонија, платена е над 15.000-ки за тоа ниво на опременост. Или вујко ми, купи фиеста 1.4 TDCi во 2007-та, фул опрема со бандажи околу 12.000 евра беше. Колата има поминато 100.000 км до сега, и ја продава за 5.000 евра. Никој не ни сака да ја погледни, а шо е најтрагично уште ја нема доплатено. Јас немам толкав стандард да загубам 8 иљадарки за 6 години. Да не го спомнувам моментот со станови и слични чуда. Ако немаш кај да живејш во поблиска, или подалечна иднина, автомобилот ќе ти биди последна дупка на свиралото. Дај шта даш, колку да се тркала.
Точно така, мада морам да ти напоменам дека ново возило е достапно на кредит и лизинг па немора да имаш 10 кркачи в џеб за да го купиш. Можиш и со 20% учество да средиш, то е многу битен момент зошто се продаваат нови возила кај нас.
Јас лично немам замерки кај Матизот иако е стар 8 години.Се функционира безпрекорно,па дури и пластиката на шал табла што знае кај повекето возила да побели,кај мене е супер а стои под ведро небо.Е сега за тие пари толку бе брат.Ама барем знаеш дека е ново.Еве и Лансер-от што го земав.Ееееееееее ми ја наполнаа главата...те ке сум земал те вакво Ауди,те такво БМВ......Јас одлучив да биде ново и тоа ауто со солидно ниво на опрема,па дури и аутоматик клима има замисли
Колку имаш со матизот поминато? И до сега немаш ништо сменато од страна на подвозје?
И аман веке дајте нешто конкретно,да видиме дали сум јас грешка или вие.Во сите дискусии само се спомнува..те имала клима,те имала АBS,те имала лиен бандаж....Разберете не вози климата,не вози лиениот бандаж,не вози АBS,туку вози моторот,подвозјето......
Ете ти го конкретниот пример со Астрата и Фиестата.... Незнам шо поконкретно да ти посочам.
А се знае какво е подвозјето по поминати 234567км....
Свати дека немора да има 50.000 км колата за да биде зачувана и одржавана. Подвозје се менува многу лесно, со 300 евра имаш нова предница за 90% од возилата. Ете ти го, исто ко од фабрика. Посекако за 7-8 години редовно возење по нашите патишта ќе треба да го замениш/сервисираш. Битна е каросериајта и внатрешнсота каква е, мада километрите не се битни за состојбата. Можи да биди крчма и со 50.000. Можи да биди цут и со 300.000.