Новите такси цени

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Откако поскапе такси превозот, такси користите:


  • Вкупно гласачи
    904

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.444
Поени од реакции
35.219
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Речиси сите такси-компании на редовните патници им даваат 20 отсто попуст. За ваквите попусти од градот велат дека се нерегуларни и казниви со закон, но не кажуваат колку таксисти биле казнети за непочитувањето на новата тарифа

taxi-banskoliev1.jpg

transparent.gif


Намалениот промет дополнително ги натера такси-компаниите да ги вадат цените од ракав
Секое такси со своја цена. Така некако изгледа моменталната ситуација во такси-превозот. И покрај фактот што една од главните причини поради која градот воведе нова цена, 40 денари за старт и 25 денари за секој изминат километар, беше да се воведе некаков ред во такси-превозот, по сé изгледа одлуката дејствуваше сосема спротивно.

По донесувањето на новиот ценовник, граѓаните одбиваат да се качат во такси-возило. Намалениот промет дополнително ги натера такси-компаниите да ги вадат цените од ракав, за да привлечат некој патник повеќе. Пред извесно време беше актуелно да возат со исклучен таксиметар, а сега актуелни се или попустите или класичното пазарење.

Такси-компаниите официјално кажуваат дека речиси сите од нив имаат 20 отсто попуст, претежно за редовни патници.

- Ако во продавница може да има попуст зошто не би можело и во такси-превозот. Секој си одлучува сам каква цена ќе стави, а многу зависи и од тоа дали некој вози на бензин или на плин. Сите ја почитуваат цената, ама на редовните патници им даваат 20 отсто попуст. Ги изгубивме патниците и моравме нешто да направиме, па затоа даваме попуст, а вака е и пореално во однос на стандардот. Речиси и не постои компанија што не ги дава овие попусти - вели Сашо Рајчановски, претседател на групацијата на автотакси-превозот при Стопанската комора.

Од градот, пак, велат дека давањето попусти не е допустливо и е казниво со закон. Оттаму не кажуваат колку таксисти биле казнети за непочитувањето на новата тарифа.

- Додека е во сила актуелнава цена, мора да ја почитуваат и не смеат да возат по пониски цени, со никакви попусти, затоа што истото е казниво како непочитување на одлуката за такси-превоз. Градскиот инспекторат редовно врши контрола врз такси-превозниците и постапува во согласност со законот и градската одлука за такси- превоз со поднесување прекршочни пријави против таксистите што не ги почитуваат регулативите. По поднесените прекршочни пријави постапката ја води комисија при Министерството за транспорт и врски и изрекува казни во согласност со законот - вели Неделчо Крстевски, портпарол на градот.

Во одлуката никаде не се споменува дека може да се даваат попусти, што автоматски значи кршење на законот. Кога се вози патникот, му се наплатува износот што го покажува таксиметарот. За непочитување на одлуката казната е 200 евра. Денеска ќе имаме состанок со градоначалникот, зашто овој хаос во превозот може да трае до недоглед - вели Љупчо Петревски, управител на „Наше такси“.

Од градот, пак, додаваат дека ќе бидат транспарентни доколку некоја асоцијација или групација на такси-превозници поднесе иницијатива за намалување на цената за превоз, меѓутоа, велат, таква иницијатива до нив сé уште нема пристигнато.

Извор: Нова Македонија
 
Истото е и во Охрид, ако плаќав 40-45 денари сега плаќам 80 денари. Не се точни искрено, сега нека седат и нека се сончаат.
 
И порано ретко користев такси, ама сега воопшто не ни помислувам да се качам, посебно за подолги релации.
 
Поретко дека се возам да, али па и кога се возам плаќам 10-20 денари повеќе од причина што некои таксисти имаат две фискални(да и тоа го видов), некои пак даваат попусти 20-30%, а со третите влагаш поштено чиче може ли бе за 100ка да речеме до ваму... Од 5 пати што сум прашал вака ниеден не ме одбил. :)
 
Ептен поретко се возам, а исто и многу кои ги познавам. Или со градски се возам или пешачам. Порано до или од центар плаќав 90 ако бевме двајца или тројца тоа идеше скоро колку автобус а и за сам не ми беше многу. Сега ми е 150. Иста ми е цената и до факс.
Што се претера се претера. Осет да се немало.
 
До пред влез ми беше 80-90 денари. Сега испод 140 не можам ни да помислам да стигнам до дома.
Го претераа со цените и мислам дека би било добро малку да поефтинат. Буквално се поскапени за 80% што е стварно премногу.
Навечер ептен ми е некако шубе да се враќам пешки инаку ич не размислувам за такси или алтернативен превоз.
 
Таксиво ми стана луксуз -.-
Ретко можам да си го дозволам, цениве се ствааарно кнап.
 
Нема да ми е проблем новиот такси ценовник ако Џеј Си Пи воведе повеќе ниќни линии.
 
Знаете зошто не дозволуваат да се дава попуст?

Зашто големите такси компании кој "никнаа" ненадејно со по 400 коли, сакаат да го монополизираат пазарот, само тие неколку компании да се, сите се на локални моќници кои градот ги фаворизира. Сакаат да ги скинат малите компании да немаат профит и да се откажат, и да бидат само тие со ненормални цени, и коа ќе мораш ќе се возиш со изгор цена. Ете затоа не дозволуваат попуст. Иначе прв пат слушам да не смеело попуст да се даде. Срамота
 
Знаете зошто не дозволуваат да се дава попуст?

Зашто големите такси компании кој "никнаа" ненадејно со по 400 коли, сакаат да го монополизираат пазарот, само тие неколку компании да се, сите се на локални моќници кои градот ги фаворизира. Сакаат да ги скинат малите компании да немаат профит и да се откажат, и да бидат само тие со ненормални цени, и коа ќе мораш ќе се возиш со изгор цена. Ете затоа не дозволуваат попуст. Иначе прв пат слушам да не смеело попуст да се даде. Срамота

Добро, тоа мислам дека на сите веќе одамна ни е јасно :)
Само е прашање на време коа ќе се деси.
Кај и да е ќе бидеме со две до три највеќе такси компании и ние обичните смртници ќе го цицаме.
Ај мене како машко и не ми е преголем проблем, од кај и да е во градов, навечер можам да се враќам и пешки (yeah, it takes like an hr or so, but...уличниот живот тоа го налага xD), ама шо е со цуриве?
Искача вечерта со штикли, и враќање дома, како? Повеќе пари им идат на такси него на самиот провод низ град...
 
Цениве се лудница, од драмски до Рузвелтува таксиметарот покажуваше 70ден. , а нема ни пет минути одење пешки, со тоа што ја се возев ноќно време - немаше гужва и немаше семафори.
 
Добро, тоа мислам дека на сите веќе одамна ни е јасно :)
Само е прашање на време коа ќе се деси.
Кај и да е ќе бидеме со две до три највеќе такси компании и ние обичните смртници ќе го цицаме.
Ај мене како машко и не ми е преголем проблем, од кај и да е во градов, навечер можам да се враќам и пешки (yeah, it takes like an hr or so, but...уличниот живот тоа го налага xD), ама шо е со цуриве?
Искача вечерта со штикли, и враќање дома, како? Повеќе пари им идат на такси него на самиот провод низ град...
нека даваат попуст за штикли.
 
Да живееш во Ѓорче, во последно време, значи дека не се возиш со такси. Премногу се скапи. Од Центар знае и до 300 денари да ми земе. Со тие пари можам 10 пати да се возам во автобус на пример или 3 кеца со попуст преку другар. Што е многу - многу е.
 
Секогаш кога се возам, или е по договор или ја затварам вратата од надвор два пати.
На никој не му одговараат новите цени, незнам зошто воопшто се донесени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom