Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.216
- Поени од реакции
- 34.484
Речиси сите такси-компании на редовните патници им даваат 20 отсто попуст. За ваквите попусти од градот велат дека се нерегуларни и казниви со закон, но не кажуваат колку таксисти биле казнети за непочитувањето на новата тарифа
Намалениот промет дополнително ги натера такси-компаниите да ги вадат цените од ракав
Секое такси со своја цена. Така некако изгледа моменталната ситуација во такси-превозот. И покрај фактот што една од главните причини поради која градот воведе нова цена, 40 денари за старт и 25 денари за секој изминат километар, беше да се воведе некаков ред во такси-превозот, по сé изгледа одлуката дејствуваше сосема спротивно.
По донесувањето на новиот ценовник, граѓаните одбиваат да се качат во такси-возило. Намалениот промет дополнително ги натера такси-компаниите да ги вадат цените од ракав, за да привлечат некој патник повеќе. Пред извесно време беше актуелно да возат со исклучен таксиметар, а сега актуелни се или попустите или класичното пазарење.
Такси-компаниите официјално кажуваат дека речиси сите од нив имаат 20 отсто попуст, претежно за редовни патници.
- Ако во продавница може да има попуст зошто не би можело и во такси-превозот. Секој си одлучува сам каква цена ќе стави, а многу зависи и од тоа дали некој вози на бензин или на плин. Сите ја почитуваат цената, ама на редовните патници им даваат 20 отсто попуст. Ги изгубивме патниците и моравме нешто да направиме, па затоа даваме попуст, а вака е и пореално во однос на стандардот. Речиси и не постои компанија што не ги дава овие попусти - вели Сашо Рајчановски, претседател на групацијата на автотакси-превозот при Стопанската комора.
Од градот, пак, велат дека давањето попусти не е допустливо и е казниво со закон. Оттаму не кажуваат колку таксисти биле казнети за непочитувањето на новата тарифа.
- Додека е во сила актуелнава цена, мора да ја почитуваат и не смеат да возат по пониски цени, со никакви попусти, затоа што истото е казниво како непочитување на одлуката за такси-превоз. Градскиот инспекторат редовно врши контрола врз такси-превозниците и постапува во согласност со законот и градската одлука за такси- превоз со поднесување прекршочни пријави против таксистите што не ги почитуваат регулативите. По поднесените прекршочни пријави постапката ја води комисија при Министерството за транспорт и врски и изрекува казни во согласност со законот - вели Неделчо Крстевски, портпарол на градот.
Во одлуката никаде не се споменува дека може да се даваат попусти, што автоматски значи кршење на законот. Кога се вози патникот, му се наплатува износот што го покажува таксиметарот. За непочитување на одлуката казната е 200 евра. Денеска ќе имаме состанок со градоначалникот, зашто овој хаос во превозот може да трае до недоглед - вели Љупчо Петревски, управител на „Наше такси“.
Од градот, пак, додаваат дека ќе бидат транспарентни доколку некоја асоцијација или групација на такси-превозници поднесе иницијатива за намалување на цената за превоз, меѓутоа, велат, таква иницијатива до нив сé уште нема пристигнато.
Извор: Нова Македонија