Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Стварно има 8 камери ?
 
Кога со години го чекаш автобусот за ЕУ, и кога конечно тој ќе стигне, не е ни важно каде ти оставиле слободно место. :vozbud::vozbud:

gruevski_novi_avtobusi.jpg
 
Тоа место се користи само во моментот во автобусот кога има инвалиди, а кога нема едноставно нема причина да не се седи и таму, од причина што не би се стварало многу гужва стоејќи. Ама ние проклет народ мора за се да се изеде го*на....
 
Кога со години го чекаш автобусот за ЕУ, и кога конечно тој ќе стигне, не е ни важно каде ти оставиле слободно место. :vozbud::vozbud:
Кизнај дали тие од ЕУ вака креваат прашина за берлински автобуси или так нормално си ги набавуваат сукцесивно без реклами и кревање прашина. Замисли Меркел се вози со пола влада у автобуси кои ТАА ги набавила како подарок за граѓаните на Берлин и Германија...работава фали ме усто оти...за 15-20 автобуси. Циркусот продолжува :)
 
Кизнај дали тие од ЕУ вака креваат прашина за берлински автобуси или так нормално си ги набавуваат сукцесивно без реклами и кревање прашина. Замисли Меркел се вози со пола влада у автобуси кои ТАА ги набавила како подарок за граѓаните на Берлин и Германија...работава фали ме усто оти...за 15-20 автобуси. Циркусот продолжува :)

Најголемата глупост е од странат на народот, кој овие автобуси ги сфаќа како подарок а не е свесен дека самиот народ ги плати истите овие автобуси.
 
Дел од граѓаните не размислувајќи за сопствените напори со кои набавува се во оваа држава сметаат дека ова е дело на Патријархот, чудо невидено (заборавајќи ги 99% неуспешните проекти и потези меѓу кои едношалтерски, пат кон ЕУ, намалување на невработеноста, странските директни и домашни инвестиции, платежна картичка...) и ете...фала што смееме да се возиме во нов/чист автобус, фала што "нема да чекаме на шалтер", фала што ни дозволиле да се осетиме како луѓе. Но одлично е, како што велат некои...минхаузеновскиот ум функционира одлично
 
Како можеа да ги направат понечисти од надвор од старите автобуси што ги имаме не ми е јасно. Толку ли е тешко навечер во перална еден по еден автобус?
Внатре не се исчистени од кога се пуштени... Нажалост за 2 години ако не и порано, автобусиве ќе бидат во многу слична состојба на оние сега што ги имаме, ако не почнат пред се’ за хигиената во нив да се грижат.
 
Како што приметив јас на автобусот што е со 2 ката мислам вратата е поназад од шоферот и таму кај што е шоферот има место за 1 човек.
овие да не имат намера да го направат возенјето бесплатно? или па од бус нема да можеш да земеш карта?
 
Прошлата недела се расипа еден од новиве :tv: така е кога купуваат работа од сегде...

--- надополнето ---

Најголемата глупост е од странат на народот, кој овие автобуси ги сфаќа како подарок а не е свесен дека самиот народ ги плати истите овие автобуси.

Точно, ама затоа се манипулира со пензионерите на кои малце потешко е да им се објаснат тие работи.
 
ако не ви чини не се возете!!!!!!!!!!!!!!
знаеме која е позадината на сите овие глупости што ги пишувате!!!!!!!
 
ако не ви чини не се возете!!!!!!!!!!!!!!
знаеме која е позадината на сите овие глупости што ги пишувате!!!!!!!

Зошто сте толку ограничени со паметот бе???
Значи ако критикувам нешто мора да застапувам партија која го дели сличниот став со мојот. Секој си збори за себе бе, толку ли неможете да сватите. Позади постовите имало позадина... :pop:

Инаку мислам дека полека ги навикнаа новиве автобуси. Почнаа да ги возат побрзо, нема толку проблеми по угорниве кај мене :pos:
Но сеуште наголем проблем е нивната носивост. Кога успеавме да наполниме 16-ка сабајле, па уште на третата станица дел од луѓето кои чекаа авотбус не се ни качија, тогаш што останува за другите линии, со оглед на тоа што 16=-ка е релација која многу ретко има вакви проблеми...
Чудно е што сеуште не сум видел да има штети од граѓаните :) Искрено мислев дека за една недела ќе бидат испошкртани, и слично, али за среќа сум згрешил :)
 
Кој се возел, скали има и напред и назад? :vozbud:
Колку простор зафаќаат?

2883667580_10417354f5.jpg
 
абе ве глеам.. новите автобуси биле вакви такви онакви незнаеле да ги возат неможеле узгорници да искачат... не ми е јасно.. шо мислите бе вие владата кочии ни купила?? нормално е дека нема да знаат да ги возат шоферите... цел живот возеле кршови како шо уште ги имаме и оп сеа глеаш автоматик клима а у.. тој прво коа ке види колку копчиња има нема да знае да се снајде камо ли да знае кое за шо е.. нормално е на почеток да прават грешки додека се научат.. дека неможеле да искачат успон ДАЛЕКУ од тоа.. баш новите се каде каде поснажни од старите. се претоварале па неможеле да одат побрзо.. my ass!! почекајте да видите кога ке ги навикнат убаво како ке ги возат.. башка колку треба да возат? да летаат низ град? биле прљави.. океј се согласувам ова им е голем пропуст на оние од јсп. убаво кажа некој погоре можеле барем еден ВАП да земат и ако нишо друго од надвор да ги измијат али ај се надевам дека ке го средат тоа. а дека се тесни - точно теснички се ама мислам дека намерно се купени ваков тип на автобуси затоа што ке ги има поредовно отколку што се сега. требале да земат повеќе дупли т.е зглобни автобуси. тие се погодени за кај нас а не само 4 комада.. претпоставувам од тие 4 комада една ке биде 50ка една ке биде 57ца една ке биде 5ка и тој четвриот ке го пуштат на некоја линија кај што има поголема фрекфенција на народ
 
Мислевме лесно ќе научиме да ги возиме, ама не било така.
Сега ќе бараме помош од Лондон.

Николов смета дека мошне е важно ЈСП-Скопје да знае што е она што ги тера луѓето да ги сакаат овие автобуси повеќе од еднокатните, што го покажува лондонското искуство.
Па... во Лондон тоа е традицијата, која кај нас беше прекината долго време.
Сега ќе ги сакаме оти се нови и да се пентариме на втор спрат (по можност и на кров).
 
Мислевме лесно ќе научиме да ги возиме, ама не било така.
Сега ќе бараме помош од Лондон.
Се се тоа плус трошоци за дневници, хотел, авионски карти

- Целта на нашата посета е да се испитаат и да се утврдат сите предности од употребата на ваквите автобуси, но и да се видат проблемите што се јавуваат при нивната експлоатација, изјави денеска директорот на ЈСП Мисо Николов. Според неговото објаснување делегацијата од Македонија настојува да ги сподели сознанијата што градските власти на Лондон ги имаат во организирањето на јавниот превоз со користење на двокатни автобуси.
Ааа, вака значи ги правдаат буџетските пари, со работна посета за утврдување на предности и проблеми на веќе набавени автобуси.

Не знам директорот на јСП и одговорните од владата (транспорт, премиер) така купуваат возило за дома. Тогаш би требало кога купуваме кола за дома прво да дадеме пари и да купиме рецимо еден Бигфут...може и картинг, интересен е за публика, а после ќе гледаме што сме купиле и дал е за по улица :nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom