Новиот Seat, копија на Audi A4?

  • Креатор на темата Креатор на темата viktor_mak
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Веб-сајт
forum.opsesija.mk
Новиот Seat, копија на Audi A4?
http://koli.com.mk/novosti/seat.html
seat-exeo1.jpg
Судејќи според официјалните скици кои шпанскиот произведувач ги регистрирал минатата година во Светската канцеларија за индивидуална сопственост (WIPO), новиот Seat Exeo всушност ќе биде редизајниран и ребрендиран Audi A4 од претходната генерација.
exeo.jpg

Шпанските дизајнери го измениле предниот дел по пример на оној на новата Seat Ibiza, додека задниот дел, со исклучок на логото на Seat, е практично непроменет.
exeo-%281%29.jpg

Страничната линија на автомобилот исто така зборува дека станува збор за претходниот модел на Audi A4. Засега нема скици или информации за внатрешноста, но веројатно нема многу да погрешиме ако заклучиме дека ни таа нема многу да се разликува од онаа на моделот на Audi.
exeo-%282%29.jpg

Новиот Exeo на пазарот би требало да му конкурира на Ford Mondeo, Renault Laguna и на Opel Insignia. Шпанците се уште немаат најавено датум на официјално претставување, но се очекува дека автомобилот би можел да дебитира во Женева следната година.


Искрено мене не ми личи многу на Audi A4. Вие што мислите?
 
Можеби кога се гледа во профил, ама од предниот и задниот дел немаат сличности според мене.
 
Аммм Како што знам двете фирми се во иста групација т.е. ВАГ (Волксваген-Ауди Групација). Исто така Сеат спаѓа во спортскиот оддел на ВАГ т.е. под раководство на Ауди. Со други зборови и да е 100% копија, се е легално и во интерес на профит.
 
Кога ќе седнеш внатре, ќе ти биде и повеќе од јасно дека немаат благе везе една со друга ;)
 
Можеби кога се гледа во профил, ама од предниот и задниот дел немаат сличности според мене.
Абе у профил ама само задниот дел. Предниот не личи на старата А4ка. Како и да е мене количево ми се свиѓа и сигурно ќе биде поевтино од А4 па би требало да биде и попродавано. А за внатрешноста не сакам да коментирам бидејќи сеуште нема такви слики/информации.
 
Џабе, ги нема деталите шо го праат ауди совршено и ке биде нешто како Суперб Шкода и Пасатот.
 
Џабе, ги нема деталите шо го праат ауди совршено и ке биде нешто како Суперб Шкода и Пасатот.
Ејјј брат каква грешка. Пасатот е поубав од старата А4 (бар според мене :) ).
 
Па Волксваген ја измисли онаа „многу коли на иста платформа“ :)
Мора да има и многу исти делови во секоја, демек кратење трошоци...и тоа е тоа!
 
Новиот дизајн на Сеат е срање! Во боја и тоа! Како ретардирана фаца однапред е колава.

Нема споредба со Walter De Silva, кој успат го упропасти новиот голф со премногу кознервативен дизајн! Очекував новиот Голф да изгледа како Широкото а не вака. Досадна кола со квалитетна опрема. Побрзо ќе купам Голф 5 отколку 6
 
Новиот дизајн на Сеат е срање! Во боја и тоа! Како ретардирана фаца однапред е колава.

Нема споредба со Walter De Silva, кој успат го упропасти новиот голф со премногу кознервативен дизајн! Очекував новиот Голф да изгледа како Широкото а не вака. Досадна кола со квалитетна опрема. Побрзо ќе купам Голф 5 отколку 6
Е брат тука си у право. Дур останатите измислуваат нови линии на своите модели и разни фејслифтинзи овие го користат дизајнот кој го имаат на кордобата од пред 3 години. :uvo: За дизајнот на леонот на пример или на новата ибица секоја чест ама ова...
Инаку и јас пре би купил голф 5 него 6ка :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom