Новиот македонски режисер

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
А

Ајсшутер

Гостин
Новиот македонски режисер, има иднина во него :tv:


Предходно
Златен накит, девизи и денари во вкупна вредност од 13.200 евра украдени се вчера по 22 часот од куќата на 46-годишниот С.С. во Тетово, соопшти полицијата.
Додека крадците ја пребарувале куќата, во визбата бил 19-годишниот Б.С., син на сопственикот. Кога ги видел крадците, тој зел гасен пиштол и испукал десетина куршуми кон нив, но не успеал да ги спречи да го извршат делото.
Крадците во куќата, која се наоѓа на улица „Борис Кидрич“, влегле низ прозорец и по кражбата избегале во непознат правец, пренесе МИА.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и трага по крадците.


После тоа ..

Момче исценирало кражба на пари и накит во семејната куќа во Тетово, со намера да си купи автомобил и да оди на одмор.
Според истиот извор, СВР Тетово ја расветли кражбата од 27-ми минатиот месец, извршена во куќата на 46-годишeн тетовчанец, на улица „Борис Кидрич’’, кога беа одземени пари и златен накит во вкупна вредност од околу 13.200 евра.
Парите и златото воопшто не ги одзеле четири непознати лица, како што беше пријавено од сопственикот на куќата, туку неговиот 19-годишен син.
Имено, вечерта помеѓу 22 и 22 часот и 40 минути, синот најпрво ја смислил, а потоа и целосно ја исценирал кражбата.
Тој го скршил стаклото од балконската врата, влегол во внатрешноста и од неколку соби и потпокривот ги одзел парите и накитот што ги поседувал татко му, веднаш ги сокрил во подрумот, по што набрзина излегол пред куќата и започнал да пука со гасен пиштол по четворица непознати, кои наводно ги видел дека провалиле во куќата.
Одземените пари и златниот накит подоцна се пронајдени во подрумот на куќата, а сторителот ќе се соочи со соодветен поднесок за лажно пријавување на кражбата.
 
И на моја улица пролетва еден паметњакович си исценира киднапирање. Во мода е сега ова изгледа.:pos2:
 
:pos::pos:

Милиција милиција ми го снема парфемот од соба милиција. Стаклото е скршено, преку балкон избегале.
 
Каков е тој гасен пиштол?:toe:
 
Воздушен најверојатно.
 
Ех, ни прв ни последен пут со вакви сценарија. Сум слушнал и боље и далеку пореални и дури со направени намерни повреди врз самите себеси.
 
И на моја улица пролетва еден паметњакович си исценира киднапирање. Во мода е сега ова изгледа.:pos2:
Стара финта, во Битола еден пред неколку години го напрај истото :)
 
ццц шо све нема да видиш... срамота...
 
:pos::pos::pos:
Ќе го бидит јас мислам :tv:
 
Od doma si ukRal pari... lud
pa baraj doma bre lud tvoi pari se koga togas ke ti dadat za odmor :toe:
ne gi svakam lugevo od svoj dom kradat
 
:pos::pos::pos:
ko ќе вика штетни се амриканскине филмој вие не ми верујте :tv::pos:
 
Мое мислење е дека треба да вежба..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom