"Нова" мистериозна болест слична на СИДАТА

  • Креатор на темата Креатор на темата alejandro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2011
Мислења
40
Поени од реакции
3
Новата мистериозна болест е забележана кај пациенти од Азија и САД. Болеста предизвикува симптоми слични на сидата, иако никој од пациентите не е заразен со ХИВ вирусот.

Имунолошкиот систем на пациентите се оштетува и тие стануваат неспособни за одбрана од најразлични микроби. Не е познато што ја предизвикува оваа болест, но изгледа дека таа не е заразна. Според некои резултати од истражувањата, болеста изгледа како уште еден вид на имунолошки недостаток кој се добива со текот на времето, а кој се појавува само кај возрасните луѓе и истиот не е наследен.

Познато е дека оваа болест не ја пренесуваат вирусите, како што е случајот со сидата.

"Ова е фасцинантно. Во последните десет години видов барем три пациенти кои ја имаа оваа болест", изјавил докторот Денис Маки, специјалист за инфективни болести од Универзитетот во Вискон.

Се уште е возможно некој вид на инфекција да ја активира болеста, иако самата болест не се пренесува од човек на човек.

Болеста се развива околу 50-та година од животот, но не е наследна во семејството, што значи дека за нејзиното настанување не е виновен одреден ген.

За разлика од ХИВ вирусот, новата болест не влијае на Т клетките, кои се најважни во одбраната на имунолошкиот систем. Оваа болест предизвикува сосема различен вид на штета. Во телата на заболените болеста предизвикува создавање на супстанци наречени авто-антитела, кои го блокираат хемискиот сигнал кој му помага на телото во борбата против инфекциите. Блокирањето на овој сигнал ги спречува луѓето да се борат против вируси, микробактерии и група на микроби слични на туберкулозата, кои предизвикуваат штета на белите дробови.

Научниците се уште не знаат што го предизвикува создавањето на авто-антителата.

ИЗВОР - Точка

What's next?
Кое е вашето мислење?
 
Acid еве од Huffington Post. Можеле од Точка да се потрудат барем да ги прераскажат речениците, од збор до збор им е препишано.
Моја претпоставка е дека се работи за некоја генетска мутација што се јавува под одредени услови, бидејќи досега сите случаи се кај Азијати.
Само чекам сега да почнат со теориите на заговор за намалување на популацијата.
UGOBF.gif
 
Не се секирајте за едно 10 години ќе кажат дека болеста можела да се шири и сл. (y) така да... уште една работа перална на пари :)
 
Азијците си вршат геноцид, многу ги има и самите си сметаат... време беше :D
 
Пред неколку дена во САД го пуштија лекот против сида за кој лекарите во Македонија рекоа дека веќе со години се продава и е достапен на пазарот. Сега само неколку дена подоцна излегоа со вест дека болест слична на сидата се појавила...Овде нешто не ми штима... Ќе треба сега фармацевтските гиганти да измислат нови болести за да има како да црпат пари од луѓето...
 
Насловот во странски весници

Adult-Onset Immunodeficiency in Thailand and Taiwan

Насловот во македонските весници

"Нова" мистериозна болест слична на СИДАТА


Нова СИДА во Азија
 
"Ова е фасцинантно. Во последните десет години видов барем три пациенти кои ја имаа оваа болест", изјавил докторот Денис Маки,
овој па несаглам, се фасцинирал од болест :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom