Имам елекричен шпорет со рингли, но си го отслужи своето. Сега барам нов, по можност широк 50cm и со вентилатор.
Двајца возрасни со две мали деца сме и обично рерната ја користиме за брзи/едноставни јадења: месо и зеленчук, пица, лазањи, тава ориз, месо и зеленчук во покриена тава и слично.
Скоро никогаш не печеме работи со брашно, а и во ретките случаи кога печеме тоа е кифли или проја. Можеби ќе печеме повеќе како што растат децата (поголемиот сака да се мота в кујна, па сака заедно да правиме мафини или торта).
Ги проверив големиве маркети за техника (Сетек, Нептун и Техномаркет), тоа што ми фати око и одговара по димензии и буџет се овие два од Сетек:
https://hansa.by/en/products-comparison/view/460/10244,5883/2f1d6e5
Моите размислувања:
За жал на лагер немаат шпорет со подобрата рерна и стаклокерамичка плоча, па морам да бирам.
По функионалност повеќе сум за иноксниот, но на изглед поубав е белиот (иако секогаш сакам да бирам функционалност пред изглед).
Дилемата е дали тој кружен греач со вентилаторот би ми користел повеќе од стаклокерамичката плоча.
Пример, досега кога правевме пица печевме по две наеднаш (на горна и долна решетка, па ги менував на пола печење). Сега имаме нешто за печење 4 пици наеднаш, па претпоставувам термоциркулацијата повеќе користи при печење пица. Или ако се печат повеќе работи одеднаш на два три плеха.
Но при готвење нешто во покриена тава не би имало голема разлика. Или при готвење тава ориз.
Ваши мислења во однос на термоциркулација vs вентилатор + горен/долен греач?
Во однос на нашиот начин на готвење, дали би било подобро да се земе подобрата рерна или стаклокерамичката плоча?

- Рингли vs стаклокерамичка плоча
Навикнат сум на готвење на рингли или плин, но имам готвено неколку пати и на стаклокерамичка плоча. Кај стаклокерамичките плочи не ми се допаѓа тоа што кога ќе претече нешто прави лом на цела плоча, и ако некој од другите греачи е уклучен ќе го засуши и треба да се истружи. Дополнително цела плоча има ниска/поплитка бордура па може да истече и по страните на шпоретот. Кај ринглите го нема овој проблем бидејќи се подигнати и бордурата е подлабока. Од друга страна, греачите на стаклокерамичките плочи побрзо загреваат и изгледаат помодерно.
Тој со рингли има експрес рингла (2kW), греачите на стаклокерамичката се 1.7kW и1.2kW.
- Разлики во рерните на одбраните модели
Двата шпорети имаат горен, долен и grill греачи со иста јачина, и и двата имаат вентилатор.
Разликата е што иноксниот има и кружен греач кај вентилаторот од 2000W (мод на печење означен со
Дополнително иноксниот има и ражен, кои иако е интересен, не ми е толку битен во одлучувањето.