Нов Мобилен Оператор

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.546
Поени од реакции
8.378
Веб-сајт
www.flickr.com
Па народе, гледам нема тема за ова.
Пред недела дена официјално започна со функционирање фирмата „Нов Мобилен Оператор“ основана од страна на Мобилком Австрија, која беше исбрана како најдобар понудувач на тендерот за трет мобилен оператор во Македонија од страна на Владата на Република Македонија.
Услов за добивање на лиценцата беше ниски цена за отприлика 50%.
Ваши мислења на темава?
 
Економија

ДИРЕКТОРОТ НА АВСТРИСКИ МОБИЛКОМ ГО ПРИМИ ОДОБРЕНИЕТО ЗА РАБОТА


На македонскиот пазар има место за "Нов оператор"


Планираме да вложиме дополнителни 70 милиони евра во Македонија и да вработиме 200 врвни стручњаци. Целта ни е да бидеме најдобар оператор, кој на корисниците ќе им понуди услуга по најдобри цени, вели главниот извршен директор на "Мобилком Австрија", Борис Немшиќ

F2E1682F9DBCD24B9E1CDDB8B3218643.jpg

Агенцијата за електронски комуникации вчера и додели на фирмата "Нов оператор", која австриски "Мобилком" ја формира во земјава, одобрение за десетгодишно користење на радиофреквенции. Со тоа почнува да тече рокот од шест месеци во кој "Нов оператор" треба да почне со комерцијална работа како трет мобилен оператор.
- Од третиот мобилен оператор се очекува да ја зголеми конкурентноста на мобилниот пазар, да изгради инфраструктура и да понуди низа поволности за претплатниците - истакна директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Коста Трпковски на свеченоста по повод доделувањето на одобрението за работа на "Нов оператор".
Фирмата во петокот ги уплати 10-те милиони евра, кои, покрај регистрирање на фирма во државава, беа услов за добивање на одобрението. Според главниот извршен директор на "Мобилком Австрија" и на групацијата Телеком Австрија, Борис Немшиќ, на македонскиот пазар има место и за трет оператор.
- Добро ги познаваме конкурентите. Пазарот е голем и сосема доволен и за тројца играчи. Само заедно можеме да го унапредиме пазарот. Кога велам заедно, пред се мислам на техничките критериуми и од нив очекуваме еден вид комерцијална понуда, додека пак, на пазарот ќе си конкурираме - изјави Немшиќ.
Од "Мобилком" се потпираат на повеќегодишното искуство во овој дел од Европа, бидејќи се присутни и во Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија.
- Знаеме да го развиеме и македонскиот пазар. Планираме да вложиме дополнителни 70 милиони евра и да вработиме 200 врвни стручњаци. Целта ни е да бидеме најдобар оператор во Македонија кој на корисниците ќе им понуди најдобра услуга по најдобри цени - нагласи Немшиќ.
Комерцијалното име на новиот мобилен оператор засега останува тајна. Во првата година од работењето тој треба да обезбеди 30-процентна покриеност од населението. За две години сигналот од мрежата на новиот оператор треба да им биде достапен на 50 проценти од популацијата, а во рок од 48 месеци - 90 проценти.

Светлана БЛАЖЕВСКА
Извор
 
Сепак цените за крајните корисници, мислам најчестата корисничка група, а тоа се физичките лиц во МК, нема да биде според очекувањата.
Цената на СМС ќе биде 4,9 МКД, а цените за разговор ќе бидат 10-30% пониски од конкуренцијата, што сепак и не е некој попуст според она што беше очекувано.
Инаформацијата ја најдоф во специјализирано списание за бизнис, во печатеното издание. Веб сајтот не е активен, така да не можам да ви ја пастирам целата статија.
 
Најважен потег за нас, а незнам колку паметен за нив е да ги смалат цените на пораките, бар дупло.
 
Mи мириса на измама.
Незнам колку од вас знаат дека фирмата кај нас им е регистрирана како ДООЕЛ.
 
Ммм нов момент за која може да помуабетам утре со Митко на работа, нормално, ќе се потрудиме успут да најдеме уште некое инфо. Позз Мистичен.
 
Мистичен напиша:
Mи мириса на измама.
Незнам колку од вас знаат дека фирмата кај нас им е регистрирана како ДООЕЛ.
A што значи ова?

Инаку:

Владата поведе иницијатива за четврти мобилен оператор
11792386n.jpg

Скопjе, 28 март (МИА)
- Македонија ќе добие и четврти мобилен оператор. Иницијативата ја покрена Владата на вчерашната седница, препорачувајќи и на Агенцијата за електронмски комуникации да објави оглас за интерес, на кој доколку се јави бренд компанија ќе се пристапи кон објавување оглас за доделување лиценца за четврти мобилен оператор.
Причина за ваквата валдина одлука, како што рече на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Ивица Боцевски, е да се намалат дополнително цените на мобилната телефонија кои иако се веќе намалени уште се далеку од просекот на ЕУ.
- Ако се земе предвид стандардот на граѓаните и платите во Македонија, мобилната телефонија е се уште луксуз во земјава отколку потреба, истакна Боцевски.

Извор: www.mia.com.mk

Eве шанса за Он.нет
 
Според законите за конкуренција на пазарот би требало навистина да е во корист на потрошувачите со оглед на тоа што иако досега беа две фирми сепак можноста за договор меѓу нив е на високо ниво.Сега се три па би требало еден да отскокнува некако зашто инаку би губел.Јас сум оптимист па ајде да видиме!!:nesum:
 
Tonchie напиша:
Сепак цените за крајните корисници, мислам најчестата корисничка група, а тоа се физичките лиц во МК, нема да биде според очекувањата.
Цената на СМС ќе биде 4,9 МКД, а цените за разговор ќе бидат 10-30% пониски од конкуренцијата, што сепак и не е некој попуст според она што беше очекувано.
Инаформацијата ја најдоф во специјализирано списание за бизнис, во печатеното издание. Веб сајтот не е активен, така да не можам да ви ја пастирам целата статија.

Колку е релевантно тоа списание штом нема веб сајт?
 
Според инфото што го иам, за директот на НМО е назначен поранешен директор на Мобимак! Му го забораиф името.
А и негоф шеф ќе биде босанчерос. Ептен балкански ми изглеа дека ќе ја „изиграат” работава.
Sebastian напиша:
Колку е релевантно тоа списание штом нема веб сајт?
Списанието се вика Бизнис. И во тој поглед и те како е релевантно. Бај д веј, културата на користење на интернет во Македонија и не е на којзнае кое ниво, па да МОРААТ да имаат веб сајт. Ги има регнати во Марнет. А и ако ги ставаат информациите на сајт ќе им опадне претплатата и прометот во слободната продажба.
 
абе и за Космофон имаше многу жолти патки демек е измама итн.. ама ете дојде и тој момент каде плакаме по 2денари минута разговор.

ви текнува на сите дека 2001/2 испод 3-40 денари немаше тарифа и тоа најефтина зона...
 
Јас мислам дека и 5-ти оператор да дојде ако сепак не се мрдни со намалувње на цените ќе си напраат т.н еснаф па дали сте на T-Mobile, Космофон, Мобилком,...и третиот...исто ви се фаќа. Еве гледате сами. СМС пораките овде (во МКД) најмногу се користат, па не мрднаа со мрст за цената. 4.9 ?! Да беше стандардна 3 денари порака, тогаш да...
Тоа мислам дека и Груевски го забележа затоа уште веднаш започнува со тендерот за нов мобилен оператор!
 
Сеа чув и се зачудив 4-ти мобилен оператор?КОЈ КУР?Онака едвај најдовме трет оператор и одма бараме четврт
 
Скара-фејс:) (кидинг) кажав погоре зошто тоа се направив. И размисли ламбата ќе светни одма нели?:)

@Billa Bong Зошто не ни треба?! ОК јас ќе речам социјалист сум, ама пак повеќе за застапувам оваа теза дека сепак во капиталистичкото општество ние како корисници најмногу користиме од повеќе оператори. Ако сакаш да давате повеќе пари да се јавите некаде...доста ви се 3 оператори, или одберете го најскапиот! Јас ќе го одберам најевтиниот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom