Мотивите за промена на изгледот на знамето на Кастриот бил стравот на тие сили од обновата на македонското античко кралство, што било разбирливо, бидејќи династијата на Кастриотите била во постојана експанзија,како во воен,така и во економски поглед.Тоа се случило кога на кнежевскиот престол дошол Бранко (Бранила) Кастриот 69,помладиот.Симболот-шеснаесеткракото Сонце (Сонцето од Куклиш) на Матските (Ematsko-Арванските) простори бил многу раширен и популарен,не само во времето на Кастриотите ,туку од многу одамна,од времето на античките Македонци.Како оригинална апликација на некогашното шеснаесеткрако Сонце, најмногу го имало по црквите,манастирите и параклисите во Епирското Кнежевство .Летописецот Жунгуловски соопштува дека овој вид симбол во 1897 год. го видел на мермерна плоча во древниот манастир Св. Богородица, на Мартинешка Гора ( од 12 в.),во Матскиот предел,веднаш пред олтарот,потоа во црквата Св.Никола во село Курбино(12 в.) во црквата Св.Архангел Михаил во село Пресека (13 в.) во истиот предел 70.Соговорниците , браќата Димитар и Јован Кастриот, му раскажувале на хроничарот Жунгулоски дека мотиви на шеснаесеткрако Сонце во разни форми и димензии ги имало „пред олтарот на скоро секоја црква и во сите манастири’’ на просторите на некогашното Епирско Кнежевство, кои ги имале нешто повеќе од 250.
Овие податоци на документиран и најуверлив начин говорат за макеонскиот карактер на Матските (Ematsko-Арванитските)простори од најстари времиња.
Шеснаесеткракото Сонце од Куклиш, кое во Горна и Долна Матија односно Горна и Долна Македонија имало долга традиција ,која се пренесувала во континуитет од поколение на поколение,било присутно и во женската невестинска носија кај Кастриотите, со сите негови белези и финеси, што било карактеристика и за невестинската носија кај целиот мијачки етнос. Имено, на пафтите од невестинската носија во династијата на Кастриотите редовно врз сребрена подлога во средината било прилепено шестнаесткрако Сонце изработено од злато 71. Овој вид сонце го имало и во сите други придружни украсни елементи што се составен дел од невестинската женска носија. Heгo го имало и на коланот на кој се поставени пафтите. Имено, по целата негова должина постои вез од златножолти монизда на шестнаесткрако Сонце што лежи врз црвена подлога, исто така, од монизда или најчесто во вез од срма. Овие елементи од некогашните Кастрати кај нивните соплеменици Мијаците се задржани и до нашите дни72.
Изглед на Пафтите кои биле состанвен дел на женската невестинска носуја на македонската кралска династија Кастриот.Во средината од Пафтите ,кои биле изработени од сребро,јасно се гледа македонското шеснаесеткрако Сонце во злато,што претставува своевидно материјално сведоштво за македонскиот словенски карактер на оваа прославена македонска династија.Невестинската носија кај Кастриотите, всушност е древна носија на Мионните,на Мијачката етничка група,која во науката се смета за типична наследничка на насијата на античките Македонци
Дел од придружните елементи од Пафтите кај мијачката невестинска носија, наследена од античките Македонци. На секој дел од малите кругови е претставено шестнаесткракото сонце, што зборува за култот што постоел кај мионско-мијачкиот елемент, од кој произлегува и династијата Кастриот, кон макдонските антички геми.
----------------------------------
71 Види пошироко кај: Петар Поповски, Албанцише веаш ср-
пско знаме, во: Рев. спис. "Сведок", год. Ill, бр. 105, Скопје, 12 февруари 2004, 12-15. Од истиот автор и: Георгија Кастриот - Искендер македонско, а не албанско потекло, во истата ревија, бр. 106,19 февруари 2004,36-39.
72 По осамостојувањето на Република Македонија, во 1991 година, македонските власти го вратија шестнаесткракото Сонце од Куклиш, прогласувајќи го за национален земски симбол, со што беше продолжена традицијата на употребата на македонските антички геми. Меѓутоа, во 1996 година, под притисок од Република Грција, која себе си се смета за, некаков, наследник на македонските антички геми, беа принудени да го променат видот на знамето. Тоа беше своевиден грабеж на туѓо културно наследство, во конкретниов случај на легитмното и суверено историско наследство на македонскиот народ, Нашиот јужен сосед тоа го постигна благодарејќи на силната поддршка од корумпираниот западен свет, кој од секогаш го игнорирал македонскиот народ, како последица на љубомората која постои кај тој свет кон Македонија поради тоа што од најстари времиња претставувала лулка на човековата култура и цивилизација и земја во која блесна искрата на христијанството. Како што гледаме, историјата кон Македонија постојано се повторува. Македонските антички геми прво им пречеле на Римјаните, потоа на Византијиците, па на Анжујците и Венецијанците, а денес и на Грците.
Според книгата ”Георгија Кастриот-Искендер крал на Епир и Македонија и втор Александар Македонски’’ стр.340-345