S
Sagan
Гостин
Уште од антички времиња, Македонија имала два симбола кои ја претставувале државата: Сонцето со шеснаесет зраци, и лавот. Сонцето било амблем кој фалангата на Филип II Македон го имала на своите штитови. Амблемот можеби датира и многу поодамна. Како и да, тој останал симбол на Македонците и во времето на Александар. На огромен број на монети кои биле ковани во времето на Александар, го има овој симбол. Во одредени периоди, Македонската Империја се служела и со симболот на бел крилат коњ на сина позадина. Знаеме и дека Александар како официјален грб на Македонската Имерија го користел и лавот.
Во Средниот век, Јустинијан го користел овој лав (златно-жолт лав на црвена позадина) како грб на својата (македонска) држава.
И за времето на востанијата против Отоманската власт, Македонците го користеле сомболот на лавот, бидејќи знаеле дека тој е нивен стар, антички, коренит симбил, изразувач на нивниот менталитет и непокор (може малце претерувам).
После катастрофалната грешка, направена од еден хералдичар (не ми текнува на името) во својата збирка за грбовите на балканските држави, каде македонскиот жолт лав го смешал со црвениот, бугарскиот, настануваат големи потешкотии при идентификацијата на Македонците со овој симбол.
Како и да е, по Втората Светска војна, Македонија, како една од Југословенските земји, усвојува некаков ’’грб’’, налик на тогашниот Советски, кој бил прифатен (Советскиот) како пример за социјалистичките и комунистичките земји.
Тој грб е значи овој
кој претставувал еден вид фотографија на тогашните карактеристики (природни, се разбира, националните биле забранети) во Македонија. Гледаме планини, реки, езера, делче од народна носија, афион, тутун, пченични кластови, неизбежната социјалистичка петокрака, и... таму некаде во позадината, изгрева сонце...