Нов дизајн на Мојот Т-Mobile

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Со еден збор топ.
Ако сакате уште еден, закон.

За Мојот Т-Mobile

Добредојдовте на Мојот Т-Mobile портал, дел од веб страницата на Т-Мобиле, креиран согласно вашите потреби, со цел да можете сами да се грижите и да управувате со својот кориснички профил.

Отсега ќе имате едноставен, брз и безбеден пристап до потребните содржини и услуги кои ви се на располагање, со прецизни информации и можност директно, од својот компјутер, да преземате акции без повикување на Контакт центарот или посета на продажно место.

Мојот Т-Mobile е твој Т-Mobile!

Што сè ви нуди Мојот Т-Мobile?
Проверка на состојбата на вашата сметка
Прегледот на вашите разговори никогаш не бил поедноставен. Разгледајте ги вашите повици, времетраењето, износот на сметката и типот на сообраќај. Контролирајте го времето и испечатете ја вашата детална сметка, или пак проверете кон кој број имате најмногу сообраќај. Ова може да ви помогне и при изборот на тарифниот модел...
Прегледајте ги вашите услуги
На располагање имате широка палета услуги. Приспособете ги на вашите потреби, прегледајте ги датумот на нивната важност и статусот, и... управувајте со својот кориснички профил.
Контролирајте ги вашите фактури
Дали ја имате платено вашата фактура? Проверете и заштедете си време... Бидете практични. Контролирајте го месечниот износ...
Праќање бесплатни SMS пораки
Немате доволно време за брзо и прецизно пишување на вашата SMS порака? Сакате да заштедите пари? Имате можност тоа да го сторите преку Мојот Т-Mobile со праќање по 5 беслатни SMS пораки дневно. Комплетирајте ја листата на вашите SMS пријатели, имајте преглед над пратените пораки и не заборавајте на значајните датуми - честитките ви се при рака...
Активирање броеви во Мојот круг
Активирајте листа телефонски броеви кои се дел од вашиот круг. Останете во контакт со вашите најмили, разговарајте по намалена тарифа и штедете.
Нефактуриран долг
Колку пари имате потрошено во тековниот месец? Можете ли да ги планирате следните повици? Проверете го износот на вашиот нефактуриран долг за тековниот месец. Месечните претплати и роаминг повиците не се вклучени во износот.
Нагодување на телефонот
Сè уште не сте пратиле ММS порака? Нагодете го вашиот телефон преку автоматската конфигурација за употреба на интернет, ММS и WAP. Користете ги и понатаму преземените содржини и мелодии и забавувајте се...

Многу ми се допаѓа новиот дизајн а и новите можности. На вас?
 
Интересно средено, мора да се признае, ставиле и опција за зачувување на лозинката во зависност од каде се најавуваш... само прегледувањето на постарите активирани ваучери е невозможно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom