Нов бунар копај, во стариот не плукај...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Како ја разбирате оваа и изрека и што значи за вас?
Дали сте се нашле во оваа ситуација без разлика дали сте биле вие бунарот или тој што го гради бунарот?

На кои ситуации во животот највеќе се однесува и дали е во ред тој начин на однесување - да плукаш на нешто кое што ти било битно во животот, во моментот кога нешто друго ќе дојде во твојот живот?
 
Јас не ја сваќам изрекава исто како тебе. Не дека твоето сваќање е погрешно. Секој интерпретира по свое.
Оваа изрека всушност вика да не се откажуваш од нешто додека не имаш замена за нештото.
Ко на пример, сакаш да си отвориш нов бизнис. Не ја давај отказ на старата работа пред да проработи новиот бизнис, зошто ако не ти успее си останал без работа.
Или, друга верзија, не и давај отказ на старата девојка (:pos:) пред да бидеш сигурен дека имаш некоја си која би ја заменил, т.е. дали оваа што ти се свиѓа и со која се муваше прошлиот викенд би сакала нешто со тебе.
Од прилика то. :toe:
 
Изрека која се однесува буквално на секој аспект од животот. И која секако може да биде различно протолкувана, ама нејзината суштина е во тоа пред се да бидеш и да останеш човек. Барем јас така ја доживувам.
Не плукај по она што било, а поминало. Можеби си останал повреден, но воздржи се од навреди и лоши зборови. Продолжи напред, со чиста душа. Лошите зборови што ќе ги исплукаш, ќе дојде ден кога ќе мора и да ги изедеш. Не знаеш што носи утрешницата.
Колку и да успееш во животот, не издигнувај се премногу високо, газејќи ги оние под себе и околу себе. Не заборавај од каде доаѓаш и кој си, од кој бунар буквално си излегол.
Помогни им на сите што можеш и не очекувај ништо за возврат. Не фали се наоколу со добрите дела што ги правиш. Така плукаш и по себе и по тие на кои им помагаш и по делата што ги правиш.
Сите ние се стремиме кон повисоко, кон повеќе... И се движиме по угорницата наречена живот. Само треба да запаметиме, движејќи се угоре- да им се насмееме, да ги поздравиме луѓето што ќе ги сретнеме...Зашто истите тие луѓе ќе ги сретнеме и кога ќе се симнуваме удолу.
 
Мајка ми секогаш ми ја кажува оваа изрека ама никако да ја послушам.Навика ми е да плукам на старото...можеби затоа што лесно „копам нови бунари“
 
Ако немате што да пишете на темата, не пишувајте. Нареден испад - бан.
Ако ова се однесуваше на мене ај да објаснам:pipi:
Копање нови бунари не буквално туку запознавање на нови луѓе, лесно снаоѓање во нова околина и прифаќање на промени, а притоа оцрнување на старите.
 
Штознам, некако делува многу безвеза оваа поговорка... Зошто?
Зошто би копал нов бунар ако стариот ми е сосем ок и ги задоволува сите мои потреби?

Тргнувајќи од тоа доаѓаме до моментот: ако копаш нови бунари кога тогаш ќе плукнеш во стариот и ќе се завртиш кон новиот.

Е сега проблемот е што неможеш да предвидиш колку и како ќе те служи новиот бунар. Ако те служи како стариот или подобро тогаш си направил вистински избор. Но, можеби се е само “демо“ верзија, па кога ќе дојдеш до тоа сознание ќе се каеш и ќе го бараш назад стариот добар бунар... а прашање е колку си го загадил со плукањето и дали ќе можеш воопшто повторно да го употребувш како порано...
 
Штознам, некако делува многу безвеза оваа поговорка... Зошто?
Зошто би копал нов бунар ако стариот ми е сосем ок и ги задоволува сите мои потреби?

Па не се работи во случајов дека ти би копал нов, ако си задоволен од стариот бунар.

Едноставно, барем според мене е тоа дека кога почнуваш нешто ново во животот, дека не треба да плукаш по она што било и поминало.

Да речеме се скараш со другар и започнуваш ново другарство. Не значи дека треба да плукаш по старото, без разлика што почнуваш нешто ново. :)
 
Но секој бунар кога-тогаш ќе пресуши и од него остануваат само спомените.
Ниеден бунар не трае вечно и сите го слават додека во него има вода.
Еве на пример во љубовта.
Двајца раскинуваат по долга врска и многу често ќе слушнеш како си плукаат еден на друг зад грб.
 
Едноставно, барем според мене е тоа дека кога почнуваш нешто ново во животот, дека не треба да плукаш по она што било и поминало.

Да речеме се скараш со другар и започнуваш ново другарство. Не значи дека треба да плукаш по старото, без разлика што почнуваш нешто ново. :)
Toa e веќе нешто конкретно... колку некој и да ми згрешил, несум тип на човек што плука по она што било и поминало. Тука веќе си во право :)

Муабетот ми беше што пак некој се завртел кон нов бунар и плукнал во стариот, немора тоа да си ти.
 
Хм...колку и да сакаш да ги одржуваш старите пријателства а истовремено да создаваш нови нема да можеш...Многу тешко дека би било тоа, нема доволно време за да им се посветиш...иако една мала пажња би била доволна сепак не е тоа тоа.
Оваа изрека најчесто луѓтео ја користат за дечкото или девојката...сите некогаш сме кажале по некој лош збор за бившиот/бившата а до пред некое време сме биле со него/неа и сме делеле се, што стварно не е убаво, иако некој луѓе заслужуваат да бидат "плукани".
Убаво вика поговорката продолжи да го градиш својот живот, запознавај луѓе, наоѓај се во уште подобри ситуации ама никогаш не заборавај на старите познаници кој некогаш биле тука за тебе кога ти требало, си си минел со нив убаво итн.
 
Да...
Не е џабе кажана оваа поговорка, изрека, или како и да е...
Во врска со се во животот...никогаш не плукај во стариот бунар, т.е. не отфлај се во врска со нешто. Може еден ден пак ќе се вратиш на тоа.
 
Се согласувам со членот над мене потполно.
Не би можела тоа да го сторам па што и да се случило.Од кај да знам дали утре ке ми притреба помош од токму таа личност.
Ништо не добивам со тоа доколку го плукам.Се случило тоа што се случило гледај напред понатаму.
 
Да бе сите сте вие светци јебове.
Јас пљукам на се што поминало. Ако било добро ќе останело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom