Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.952
- Поени од реакции
- 5.781
„Нордстрим“ ќе ја подели Европа
Изградбата на руско-германскиот гасовод „Нордстрим“ ќе биде од огромна корист за земјите од западна Европа, додека во земјите од централна и источна Европа ќе се врати доминацијата на Русија од советската ера, овој пат преку „гасните закани“, а Москва преку својата мрежа на лобисти целосно ќе ги раздели членките на ЕУ кои се зарекоа дека ќе дејствуваат колективно по сите прашања, предупредуваат повеќе лидери и интелектуалци од овие држави.
Во моментов, рускиот гас мора да помине низ источна Европа за да стигне до побогатите западноевропски држави, што значи дека ако Русија се обиде преку укинување на снабдувањето со гас да притисне некој свој сосед, тоа ќе биде почувствувано и во западните земји, што предизвикува силни меѓународни турбуленции. Најсвеж пример за тоа е кога во јануари годинава Русија го сопре протекот на гас кон Украина поради наводните долгови и недоразбирања за условите за транзит и цената на гасот. Тоа предизвика огромни последици за милиони луѓе во западна, источна и централна Европа, кои три недели останаа без греење, а фабриките без основното погонско гориво.
Новиот гасовод „Нордстрим“ целосно ќе ја промени таа равенка. Гасоводот ќе минува преку дното на Балтичко Море од Виборг, Русија, до Грајфшвалд, Германија, во должина од 750 километри со што Русија ќе добие посебна и директна линија до западните земји и ќе ги заобиколи поранешните советски држави. Овој гасовод, заедно со сличниот проект во Јужна Европа, наречен „Јужен поток“ и кој ќе минува под Црно Море, ќе ја заштити Западна Европа од ваквите дејства и ќе ја намали политичката и финансиска цена која Русија ја плаќа при ваквите кавги со соседите.
Како резултат на тоа, предвидуваат повеќе експерти по безбедност, Русија многу полесно ќе ја применува својата политика на „гасни закани“ кон своите соседи, практика која и досега била применувана. Според повеќе европски институции, од распадот на Советскиот Сојуз досега се идентификувани 55 прекини на снабдувањето со гас од политички причини.
Способноста да се запираат гасоводите „во зависност од расположението“ и без поголеми последици ќе доведе до се поголемо користење на таа алатка за политички и други уцени, смета Збигњев Брзезински, советник за национална безбедност на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Тој гасоводите ги нарекува „грандиозна руска иницијатива за да ја оддели Централна од Западна Европа“, барем што се однесува до зависноста од руски енергенти.
За граѓаните на Источна и Централна Европа прашањето на новиот гасовод буди непријатни спомени на мрачната ера на окупација и владеење на соработниците на комунистичките тајни служби и го покрена прашањето за намерите на Русија кон земјите со кои владееше од крајот на Втората светска војна до падот на Берлинскиот ѕид. Во отвореното писмо до претседателот Обама, испратено пролетва, 23 поранешни политички лидери и повеќе интелектуалци, истакнуваат дека по минатогодишната војна во Грузија, Русија прогласи „сфера на привилегирани интереси“, во која би можела да ги вклучи и нивните држави.
- Со контрола врз гасоводите, Русија се враќа како ревизионистичка сила и ќе ја спроведува својата агенда од 19 век со средства од 21 век – напишаа тие во писмото до Обама.
Полскиот министер за надворешни работи, Радек Сикорски, неодамна, пак, руско-германскиот договор за новиот гасовод го спореди со пактот Молотов – Рибентроп од 1939 година, со кој Централна Европа беше поделена на зони на советско и на германско влијание.
- Прво да се донесе одлука, а потоа да не консултираат нам не е наша идеја за солидарност – вели тој.
Русите, од своја страна, целиот проект го претставуваат многу поинаку. Од „Гаспром, кој покрива 28 проценти од потребите на ЕУ за гас, тврдат дека проектот, вреден 10,7 милијарди долари, е комерцијален, а не стратешки. Матијас Варинг, извршен директор на „Нордстрим“ со потекло од Источна Германија, тврди дека стравувањата на Источна и на Централна Европа се неосновани.
- Ѕидот падна пред 20 години. Европа има потреба од додатно снабдување со гас за да се компензира за намалениот дотур од Северно Море, а најдобро место да се набави тој гас е Русија – тврди тој.
Ѕвоната на алармот во Источна Европа, сепак, тешко допираат до Западот, каде што, тврдат аналитичарите, Русите многу успешно ја применуваат политиката на „раздели, па владеј“.
- Русија е едно од прашањата за кои ЕУ е најмногу поделена. Русија и „Газпром“ покажаа дека одлично се снаоѓаат во односите со одделни земји и со индивидуалци – вели Анџела Е. Стент, директорка на Центарот за евроазиски, руски и источноевропски студии при Универзитетот „Џорџтаун“ во Вашингтон.
Постои цела мрежа на нафтени и гасни интереси на западот, како и влијателни компании и фигури кои имаат тесни врски со Русија. Можеби најочигледен таков пример е поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Според мислењето на повеќе експерти, Шредер беше движечката сила зад овој проект и без него тој никогаш не би се остварил. Зад маската на промовирање на трговијата како начин за доближување меѓу Русија и ЕУ, Шредер и неговата влада го склучија договорот за „Нордстрим“, вклучувајќи го и заемот од германската влада во висина од 1,46 милијарда долари, и тоа само неколку недели пред да ги загуби изборите во 2005 година. Неколку недели по изборите, тој стана претседател на Управниот одбор на „Нордстрим“. Тогаш Шредер изјави дека одлуката да премине во „Нордстрим“ ја донел по заминувањето од премиерската функција и тврдеше дека нема поим за владиниот заем за оваа фирма.
Сега, кога изградбата на гасоводот се чини неизбежна и Франција покажа амбиции за учество во проектот, преку компанијата „Газ де Франс“. Ако не го сторат тоа, гасот ќе мора да го купуваат преку германски посредници. Аналитичарите овие напори на Франција ги посочуваат како најјасен знак за тоа колку обезбедувањето на вносните деловни зделки со Русија го истакнува нивниот ривалитет за политичка и економска превласт внатре во ЕУ. На крајот, велат аналитичарите, грижата за европското единство паѓа на второ место, зад суровата борба за ресурси поттикната од националните и од корпоративните интереси, токму како што стравуваат во Источна и во Централна Европа.
- Ова е капитализам базиран врз слободен пазар, кој Русите темелно го експлоатираат. Луѓето ќе си ги градат гасоводите што мислат дека им се потребни – лаконски објаснува Пјер Ноел, професор на Универзитетот „Кембриџ“ и соработник на Европскиот совет за надворешни односи.
Главните луѓе во проектот
Извршниот директор на проектот „Нордстрим“, Матијас Варинг, во 1980 години служел како капетан во Директоратот за странско разузнавање на Тајната полиција на поранешната Источна Германија, „Штази“. Во исто време, сегашниот руски премиер Владимир Путин работел како агент на КГБ во Дрезден, Источна Германија. Иако неговото минато поттикна многубројни шпекулации за мрачни врски од времето на Студената војна, кои се во основата на проектот, Варниг вели дека неговата шпионска кариера е ирелевантна за денешната дебата за гасоводот.
Натаму, поранешниот премиер на Финска, Пааво Липонен, бил платен од страна на „Нордстрим“ за да помогне при обезбедувањето на потребните дозволи. Себастијан Сас, сегашниот претставник на „Нордстрим“ во Европската унија, претходно работел како помошник на Липонен.
Во 2008 година „Нордстрим“ му ја понуди на Романо Проди, поранешен премиер на Италија, функцијата на Претседател на управниот одбор. Проди одби.
„Јужен поток“ напредува
Изградбата на гасоводот „Јужен поток“ ќе може да почне кон крајот на идната година, изјави Паоло Скарони, извршниот директор на италијанската енергетска компанија „Ени“, по потпишувањето на договорот со турски „Челик“ за заедничка изградба на нафтоводот „Самсун-Џејхан“ за транспорт на нафта од црноморското пристаниште Самсун до медитеранското Џејхан, во должина од 550 километри. Во изградбата ќе учествуваат и руските компании „Росњефт“, „Трансњефт“ и „Совкомфлот“. Турција и официјално и одобри на Русија да почне геолошко-истражни работи во нејзината економска зона во Црно Море, во рамките на реализацијата на проектот на гасоводот „Јужен поток“, изјави турскиот претседател Абдула Ѓул.