Nokia N97

  • Креатор на темата Креатор на темата Janev
  • Време на започнување Време на започнување

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
Nokia N97 дефинитивно е еден од наопремените уреди од N серијата на Nokia. Но, тоа не е се - N97 е првиот уред од високата класа кој е базиран на Symbian S60 оперативниот систем наменет за дисплеи на допир.

Во моментов не се познати сите детали, но она што се знае е дека Nokia N97 има QWERTY тастатура на извлекување, камера со резолуција од 5 мегапиксели, Wi-Fi, вграден GPS, Nokia Maps апликација со дигитален компас, акцелерометар за автоматска ротација на екранот, како и сензор за автоматско исклучување на екранот за време на повиците.

Дисплејот на допир со големина од 3,5 инчи, резолуција од 360 х 640 пиксели и приказ на 16М бои би требало да ги задоволи сите мултимедијални потреби.
Како што претпоставувате, Nokia N97 e прилично тешка - 150 грама, но како што велат од Nokia, во поглед на големината, не ги надминува димензиите на iPhone (освен во дебелина).


Nokia N97 ќе се најде во продажба од вториот квартал на 2009 година, по цена од околу 550 евра.


n97-3.jpg

n97-1.jpg

n97-2.jpg













превземено од http://kajgana.com
 
Спор е :(
Секое отварање на нов екран ме потсеќа на вчитување на веб страница со конекција од 64 кбпс
 
Интересно изгледа, ама е за посебна група на корисници...Бизнисмени и слично.
 
Сони Ериксон повторно им избега во поглед на камера квалитетот....
Да ставеле камера со 8Мп ке беше по друго...
 
Сони Ериксон повторно им избега во поглед на камера квалитетот....
Да ставеле камера со 8Мп ке беше по друго...

Таргет пазар за телефонов не е дечиња коишто се палат на бројка мегапиксели, иако фотката која што ќе излезе на крај е страшно дефокусирана и со еден куп артефакти.
Спомна некој погоре, првенствено е бизнис телефон.
 
ц906, иново8 - 8510 имаат 8мпх камери а вадат полоши слики од н82/н95.
 
Зошто нема мулти тач, зошто му ставиле qwerty тастатура ептен демоде изгледа а е сосема непрактично и дополнително ја зголемува дебелината. Зошто тежи 150 грама ехееј цигла...

Се пали уште некој на цигли:nenene:
 
N Серииве имаат Carl Zeiss оптика што е многу јака, и исто мислам дека 5мегапиксели се сосема доволно за мобилен телефон.
Инаку н97 изгледа одлично на хартија има добри перформанси а кога ќе искочи и некој ќе го има ќе може да збориме за на дело.
 
mnogu dobar mobilen bas kako so sakam!do sega imam n95 8gb i sum mnogu zadovolen!
 
Ова ке е лошо издание на Н сериите.Многу е голем, тежок и QWERTY тестатура што е веке демоде. Нели можело да стават qwerty on-screen со 3,5инчи екран, мераци. За прерформанси да не прави мубает, СУПЕР!. Но ке видиме како ке работи со тие 16гб.:)
 
Имам слушано дека Н95, Н96 држат многу малку батерија. (околу ден, ден ипол)
Што мислите вие?

Да се надеваме дека овој ке испадне по салам во секој случај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom