Nokia ќе замени 46 милиони батерии

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
По извештајот кој укажува на прегрејување на батериите при нивното полнење, Nokia понуди да изврши замена на 46 милиони батерии за повеќе од 50 нејзини модели на мобилни телефони.

Проблемите се однесуваат на батериите од моделот BL-5C кои ги изработила фабриката Matsushita помеѓу декември 2005 и ноември 2006 година.

nokia_baterija.jpg

За разлика од батериите кои ги изработила Matsushita, кај другите 250 милиони BL-5C батерии кои ги изработиле други компании не се забележани проблеми, објавено е од седиштето на компанијата.

Мобилниот гигант наведе дека проблематичните батерии се користат во повеќе од 50 различни модели на нивните мобилни телефони:

"Дојдовме до заклучок дека во некои случаи може да дојде до прегрејување на батериите при процесот на полнење, што потенцијално може да допринесе за нејзино отпаѓање од лежиштето" - објави компанијата во официјалното известување до медиумите.

Сите корисници на телефоните на Nokia можат да проверат дали нивната батерија е една од сомнителните тука.
 
Фала Богу, мојава не е сомнителна. :)
 
A ако е сомнителна кај можеме да ја замениме?
 
Се израдував за џабе. Таман почна мојата да заебава и да не држи повеќе од еден ден, си реков ќе лапнам муфте оригинална батерија. Ама мојава е еден месец постара од тие дефектните :( Дури го пишував тој серискиот на веб страната, ко на извлекување на лото се осеќав :) Ништо, не ми падна седмица:pos2:
 
од сето ова што го причитав мислам дека ништо не разбрав ама сепак сфатив дека се прави добра реклама :)

п.с. батеријата ке ја замените во претставништвото на Нокиа - Алфа Копи, ќе си доплатите уште 1300 денари и то! :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom