Nissan го претстави возилото на електичен погон Leaf

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Третиот по големина Јапонски произведувач на автомобили Nissan, го представи возилото на електичен погон Leaf. Leaf ќе почне да се продава во САД и Јапонија до крајот на 2010 година. Масовното производство (200 000 годишно) се очекува за 2012 година.
Nissan кој што е силно погоден од економската криза ги суспендира сите среднорочни планови, освен производството на електрични возила. Поради грижата за екологија и високите цени на нафтата, се очекува веќе во 2020 секое 10-то произведено возило да биде на електричен погон.



Повеќе на следниов линк:
http://www.hybridcars.com/news/nissan-unveils-affordable-electric-car-nissan-leaf-25950.html
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Добро бе, знаат овие да направат чоечко возило? Се нервирам кога гледам вакви срања што не личат на ништо, и ги произведуваат само за чукање в гради. Кога ке го видиме ова во сериско производство? Никогаш. Можеби електро-погонот да се вградува во некој од сегашните или идни модели на компанијата.

П.С. Грдо е како Тојота Приус, башка има многу слична каросериска изведба.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.408
Поени од реакции
22.001
Однадвор е грда кола..Но внатрешноста е многу убава и футористичка..
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Однадвор е грда кола..Но внатрешноста е многу убава и футористичка..
И ке ја гледаш на слика, а нисан во микра ке прават нешто вакво
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Изгледот не е пресуден.
Перформансите се.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
абе ајде, тапа е вака, на шо личи ова, нема филинг ко шатл да возиш, уште да има вештачки хоризонт и катаљарда дугмиња, шо му фали да изгледа ко кола на пример вака, (малку модифицирано ама интересно), да знаеш дека влагаш во кола а не во шатл,

 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Добро бе, знаат овие да направат чоечко возило? Се нервирам кога гледам вакви срања што не личат на ништо, и ги произведуваат само за чукање в гради. Кога ке го видиме ова во сериско производство? Никогаш. Можеби електро-погонот да се вградува во некој од сегашните или идни модели на компанијата.

П.С. Грдо е како Тојота Приус, башка има многу слична каросериска изведба.
За средината на наредната година има најава за производство на хибридна верзија на Toyota Auris. Toyota Auris hibrid ќе се проиведува во Британија и би требало да го освои европскиот пазар. За разлика од Prius-от кој што се произведува во Јапонија и кој што можеби не одговара на европскиот вкус. Но Prius-от се продава доста добро и надвор од Јапонија. Убедливо најпродаван од сите хибридни возила.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Дај овие европејциве нека направат една на струја оти овие јапонциве се с'%*‘‚т на поимот кола.

+ не сакаат да останат назад како Кодак во дигиталната ера.
 
T

Tetro

Гостин
Не ми се допаѓа, ама ИЧ.
Можда ќе има перформанси (во што се сомневам), ама визуелно е како желка.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Хонда ќе понуди електроавтомобил за САД

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ најави дека во текот на првото полугодие од идната година ќе понуди сопствена верзија на електроавтомобил за американскиот пазар, објавено е денеска во Токио.

„Хонда“ тој план го објави откако двата јапонски производители на возила „Тојота“ и „Нисан мотор“ исто така најавија производство на автомобили на електро погон за американските купувачи.

„Тојота“ планира своите автомобили да ги пласира на пазарите во САД од 2012 година, додека „Нисан“ сака да почне масовно производство на такви возила идната година и да ги продава на американските, европските и домашните купувачи.

Сите водечки јапонски производители на автомобили забрзано се подготвуваат да го освојат производството на електро-автомобили, а исто така да ги усовршат и веќе постоечките хибридни модели на возила кои имаат електро и бензински мотор и многу се штедливи, бидејќи САД наскоро ќе донесат нови, поостри прописи со цел максимално да ја поттикнат изработката и продажбата на „зелени“ автомобили.

Во САД засега само компанијата „Тесла моторс“ од Лос Анџелес произведува „чисти“ електроавтомобили. Станува збор за спортски двосед чија почетна цена е 128.500 долари, а може да развие брзина од 150 километри на час и со едно батериско полнење да помине околу 400 километри.

Светските експерти сметаат дека во наредната деценија водечките производители на автомобили се повеќе ќе се ориентираат на електровозила, а германската Влада веќе објави план домашните фабрики до 2020 година да произведат и на пазарот да понудат најмалку милион такви автомобили.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112861
 

Kajgana Shop

На врв Bottom