Tonchie
BATTERY +
ПРЕДНОВОГОДИШНО ЗАГРЕВАЊЕ
Атрактивното аренби-дуо „Нина скај“ во Скопје
Атрактивните Американки со порториканско потекло што настапуваат под името „Нина скај“ на 30 декември ќе гостуваат во Скопје. Настанот ќе се случува во ноќниот клуб „Хард рок“ во Скопје, а почетокот на забавата е закажан точно на полноќ. Како загревање пред шоуто на „Нина скај“, атмосферата ќе ја подгрее домашниот диџеј Шорти. Како организатор на ова големо предновогодишно шоу се јавува македонската промоторска куќа „Шур шортс ентертејмент“. За сите љубители на аренби-музиката, ова е одлична можност за загревање пред најлудата вечер во годината. Дуото „Нина скај“ го сочинуваат близначките Натали и Нокол Албино, кои имаат порториканско потекло, но живеат и работата во Америка. По случајното присуство на еден од менаџерите на „Јуниверзал/Мотаун рекордс“ на нивен настап во локален клуб, на девојките им се насмевнува одлична кариера. Потпишуваат договор и во јуни 2004 година го издаваат својот прв албум. Првиот сингл „Мове ѕа бодѕ“ ги лансира кон врвот на светските музички топ-листи за аренби-музика. Наредната година „Рекординг индустри оф Америка“ го прогласува нивниот албум за најдобро продавано дебитантско остварување. Во моментов го подготвуваат својот втор албум, кој на пазарот треба да се појави во мај идната година. Девојките од „Нина скај“ се многу почитувани и респектирани од нивните колеги, а тоа го докажува и соработката со еминентни музички артисти од калибарот на Шон Пол, „Продиџи“ и „Сајперс хил“.
Извор, Време

хехехе За ваква “журка“ 5пари не давам.