- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 7.592
- Поени од реакции
- 6.960
Е баш од тоа прчење капа нема ништо да постигне. Тоа што ти е со мерак ќе си го учиш уште од средно, за да бидеш добро поткован за на факултет. Не после да бидеш изгубен.
Тука никако не можам да се согласам со тебе. Зошто да лута или пак ништо да не постигне преку гимназиското образование ?
До втора ќе ги учи скоро истите предмети што ги има учено до 8мо. Во трета кога ќе треба да фаќа смер, ако уште го влечи Електротехничкиот факс, ќе си упише Математичко А и готова приказна. Последните две години ќе има повеќе математикички предмети и физика за учење, кои му се неопходни подоцна за факс. Нема да има никаков недостаток или минус од гимназијата, опциите ти се широко отворени првите 2 години, кои ќе ти послужат убаво да се осоколиш и да се решиш што и како понатаму. Излитена е веќе фразата дека со општа гимназија си бос нестручен средношколец, кога 98% од матурантите се решаваат за високо за образование. На времето била драгоцена стручноста на Техничките средни школи, кога матурантите биле доста ограничени при уписот на факс, бидејќи на 18 год. веќе имаш занает и од утре може да си се вработиш и да се осамостоиш. Но знаејќи ја денешнава општествено-економска состојба кај нас, со средно образование (без разлика колку ти е стручно) може да се сликаш. Среќата треба ептен да си насмее за да успееш на тој начин.
Имам неколку пријатели кои се запишаа на Информатика, Електро, Машински на УКИМ. Им оди повеќе од добро и не заостануваат во ништо, гимназиското образование им има обезбедено драгоцени предзнаења кои сега ги капитализираат на факс.