Ние ја контролираме нашата волја или таа нас?

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Прво да разграничам што е волја, зошто секој може да има различно сфаќање
Волја- насоченост на човековите сили кон остварување на определена цел.

Се замислив за темава кога ја читав таа детерминизам. Имено, тоа што не прави слободни индивидуи е нашата волја. Но зарем не и робуваме на волјата? Нашите интереси, страсти не ги бираме ние, тие едноставно се тука и не привлекуваат, па и ни ги одредуваат цели во животот. Талентот кој го имаме за нешто не го бираме ние, едноставно го имаме.

Прашањето е, дали ние ја водиме нашата волја или таа нас? Ако таа не води нас, тогаш кај е нашата слобода воопшто?
 
господ регулира све и се според неговата света воља.
 
Туу и Господ ке ти каже дека грешиш во овој заклучок.

Волјата е тесно поврзана и со желбите, интересите, страстите. Да имаш волја кон нешто треба да имаш нешто што ти го сакаш. А и самото тоа што сакаш е показател за волја за делување. Тешко е да објаснам али сепак едно без друго неможе во овој случај. Ти неможеш да имаш волја безпотребно а тоа што го сакаш се достигнува со волја. Кругче...
 
Нашите интереси и страсти не ги бираме ние, ги бира MTV. :)
Ова е веќе параноја на очаен индивидуализам. Ако немаме скрипти од надвор, имаме слободна волја, ама дали и таа не контролира? Па ако волјата не контролира нас, тогаш што сме ние? На крај ќе испадне дека ние се контролираме самите и пак ќе се буниме против контролорските стеги зашто поимот контрола не ни се допаѓа. Немаме никаква слобода, по ѓавола. :(
 
Ако ти кажам дека сум имал голема воља за нешто и сум бил упорен до максимум и ништо не искочило? чива воља е тогаш? На тоа мислев колку сакаш воља имај ако не се совпаѓаш во вољата на бога ништо не правиш за било што се однесува ова.
 
Ооо господе. Ако веќе го мешаме господ, морам да кажам дека од старт ние сме суштества со своја волја дадена од господ. Не значи дека целта мора ти се исполни до крај за да биде волја. Волја ти е самата желба за тоа. Почетокот и процесот. Крајниот резултат ти е само производ на тоа колку си бил успешен, дали волјата ти била насочена кон нешто што реално исполниво, дали волјата е доволно силна.
 
Нас не контролираат еросот и танатасот.
Подсвеста.
Друго контролираме ако не е зависно од овие две.
 
Волјата може да ни се јави, да ни пробуди желби или страсти за одредена работа во животот, но ние сме тие кои можеме да ја послушаме или да ја игнорираме. Зависи од човекот колкав степен на самоконтрола поседува. Во некои случаи волјата може да е пресилна и да превземе контрола врз нас, во некои случаи ние ја контролираме.
 
Нашите интереси и страсти не ги бираме ние, ги бира MTV. :)
Ова е веќе параноја на очаен индивидуализам. Ако немаме скрипти од надвор, имаме слободна волја, ама дали и таа не контролира? Па ако волјата не контролира нас, тогаш што сме ние? На крај ќе испадне дека ние се контролираме самите и пак ќе се буниме против контролорските стеги зашто поимот контрола не ни се допаѓа. Немаме никаква слобода, по ѓавола. :(
Епа тоа е и интересната работа во вакви фаталистички теории. Делува неверојатно и глупаво, али да се негира е доста тешко. Сите кажаа дека ние ја имаме контролата, ама никој не даде конкретни докази зошто.
Исто како субјективниот идеализам( ништо не постои тоа е само субјективно гледање на нашите сетила). Да отворев таква тема најверојатно ќе имаше реакции од типот што не е во ред со тебе како може така, ама практично да се оспори е многу тешко.
 
Според мене нашата волја не не прави слободни индивидуи, туку напротив, токму таа не држи во заробеништво, во постојана борба за ослободување на нашиот дух од притисокот за остварување на нашите стремежи и замислени цели. Од друга страна, волјата е онаа која е наш двигател и насочувач во животот, онаа што од нашето битие креира индивидуа помалку или повеќе слободна.
 
Волјата не паѓа туку така од ведро небо, кај секоја индивидуа е различна и тесно поврзана најчесто со психички процеси. Ако поврзуваме со детерминизам очигледно е дека тој не дозволува волја, па прашање е дали навистина таа постои или е само оправдување за нешто што сите по детерминизам ќе го направиме? :uvo:
 
Прво да разграничам што е волја, зошто секој може да има различно сфаќање
Волја- насоченост на човековите сили кон остварување на определена цел.

Се замислив за темава кога ја читав таа детерминизам. Имено, тоа што не прави слободни индивидуи е нашата волја. Но зарем не и робуваме на волјата? Нашите интереси, страсти не ги бираме ние, тие едноставно се тука и не привлекуваат, па и ни ги одредуваат цели во животот. Талентот кој го имаме за нешто не го бираме ние, едноставно го имаме.

Прашањето е, дали ние ја водиме нашата волја или таа нас? Ако таа не води нас, тогаш кај е нашата слобода воопшто?

Нашата волја, т.е. не би генерализирал, мојата, ме води мене. Мојата слобода е тука само за да ги расипам работите и целите на мојата волја. Имам слобода и сила единствено да мечтаам и фантазирам, а секогаш кога се обидувам смислено да влијаам на настаните, и тоа во правец на исполнување на желбите на мојата волја, наводно!., сум расипувал се.
Имаме вистинска волја и слободна волја.
Вистинската потсвесна волја не е во контрадикторност со нашата свесна волја, напротив.
 
не е бре до бога.. сепак имаш веројатност за да испадни нешо на крајот или не..волјата само ни буди желби кон одредени нешта да се стремиме кон нив додека во спротивно сме нејзини робови а самата волја не води до безумие.. некад од толку многу предаденост на болјата дури и не знајме шо прајме...
 
Не чини ни игнорирање, ни премногу форсирање во правец на волјата, само разумно треба бидејќи нашата волја е токму тоа - мудар старец кој знае што сака и што прави. Нашата слободна волја е како дете кое знае и да тера инат и да оди контра таа волја на старецот. :smir:
 
епа да сосема си во право.. само пак на крај излегва прашањето дали можиме да ја контролираме.. а јас и мислам дека само ние ја контролираме во однос на то колку и дали ја игнорираме или се впуштаме во неа.. такво сваќање иам јас
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom