Nick Land and the accelerationists

  • Креатор на темата Креатор на темата PhiloSensei
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 август 2025
Мислења
81
Поени од реакции
186
Ова ми е најновата опсесија, Ник Ланд и CCRU. Имаат многу оригинални идеи, одлична дијагноза на современите општества, и потполни лудо решение на пробемот, коe се сведува на burn baby, burn.

Акцелерационизмот е интелектуално и политичко движење кое смета дека процесите на капитализмот, технолошкиот развој и дигитализацијата не треба да се ограничуваат, туку напротив – треба да се туркаат до своите крајни граници. Наместо да се обидуваме да ги сопреме негативните страни на модерната технолошка и економска динамика, акцелерационистите тврдат дека токму преку забрзување на тие процеси ќе се отвори можност за радикално нови форми на општествено уредување.

Еден од основоположниците и најпознатите претставници на оваа мисла е британскиот филозоф Ник Ланд (роден 1962). Во 1990-тите години, Ланд бил професор по филозофија на Универзитетот во Ворвик, каде што ја основал истражувачката група Cybernetic Culture Research Unit (CCRU). Оваа група комбинирала филозофија, постмодерна теорија, кибернетика, поп-култура и фикција за да создаде радикално нов начин на размислување за иднината.

Во своите дела, Ланд го опишува капитализмот како квази-автономен систем, кој не е под контрола на човекот, туку има сопствена логика на забрзување и саморасплетување. Тој гледа на технологијата и на вештачката интелигенција како на сили што постепено ја потиснуваат човечката субјективност, носејќи ја цивилизацијата кон постхумана ера. Неговиот стил е намерно фрагментиран, експериментален и често мрачен, со што се оддалечува од класичната академска филозофија.

Акцелерационизмот денес има повеќе гранки – левичарски, кои гледаат во него потенцијал за нови форми на еманципација и еднаквост преку технолошка трансформација, и десничарски, кои повеќе ја нагласуваат неограничената моќ на пазарот и технолошката еволуција без човечки морални ограничувања. Ник Ланд најчесто се поврзува со десната верзија, но неговото влијание е пошироко – од теорија на култура, преку политичка филозофија, па сè до современи дебати за вештачка интелигенција и трансхуманизам.
 
Последно уредено:
Нормално е дека нема да има дискусија на една ваква неважна тема која ги комбинира иднината на политичките системи и иднината на човештвото. Локалните избори во Македонија, повредата на Ван Дајк и некоја ороспија која отишла по бурек во танга се многу позначајни теми за дискусија.

:D
 
Брат имав реплика во ум, заглавив со зурла и замина терминот за филозофирање. Тука сум, ќе продолжам по следното пиво. Седи, немој да бегаш!
 
Нормално е дека нема да има дискусија на една ваква неважна тема која ги комбинира иднината на политичките системи и иднината на човештвото. Локалните избори во Македонија, повредата на Ван Дајк и некоја ороспија која отишла по бурек во танга се многу позначајни теми за дискусија.

:D
Ајјјјј, е многу бе брат дугачок збор, јазик скршив додека го прочитав.
За акцелератор што е, знам, имаме во болница, но за акцелерационизам први пут чујем:toe:
 
Шокиран сум.
Зошто шокиран?
Мислиш дека луѓето знаат за ова политичко движење?
ЕВе пред малку нешто читнав, но не ми е јасно...Како да се убрза распаѓање на еден систем во државата ако тој не чини и зошто да не се обиде народот да го оправи?
 
Јас секогаш сум ја држел левата гранка. Софтвер за сите и моќ за никого. Тука сме во судир со Аи.

Имам отворено преку 10 бази. Да не дремев на Кајгана мислам дека бројот ќе беше поголем.
Нагласувам дека ниту еден сајт не беше срушен. Новиве генерации немаат сенс, превртуваат све. Етика = 0.
 
Акцелерационизам? Прв пат слушам, но не ми е непознато. Има многу вакви „...изами“ во филозофијата. Забрзуваме и се стремиме кон хедонизам, но ќе завршиме во нихилизам.
Веќе има премногу луѓе на светот, Многу од нив се чувствуваат како непотребни и запоставени и на никој не му е грижа за нив. Што ќе се случи кога СИТЕ ќе бидеме непотребни и неконкурентни бо споредба со ВИ и нејзините роботи.
Знаете ли дека веќе постојат роботи со вештачка матка дизајнирани за носење деца? За почеток може ќе носат наши деца, но ВИ веќе го учи програмскиот јазик ДНК и покрај нови технологии наскоро ќе почне да дизајнира и нови животни форми и подобрени верзии на луѓе.
А ние така забрзани со акцелерационизамот право во ендек; на дива депонија оти не сакаат да не рециклираат.:yid::yid::yid:
 
Акцелерационизмот е интелектуално и политичко движење кое смета дека процесите на капитализмот, технолошкиот развој и дигитализацијата не треба да се ограничуваат, туку напротив – треба да се туркаат до своите крајни граници. Наместо да се обидуваме да ги сопреме негативните страни на модерната технолошка и економска динамика, акцелерационистите тврдат дека токму преку забрзување на тие процеси ќе се отвори можност за радикално нови форми на општествено уредување.
Дефинитивно, ако до пред неколку години тоа изгледаше нереално и утописки парк-шема муабет на анархо-minded средношколци, со новиов неочекуван правец на развој на технологијава, тоа се повеќе добива смисла. Ново општествено уредување, но со тоа веројатно и нови потенцијални проблеми од типот на концентрација на моќ кај мал број компании што контролираат напредни AI, нови поделби во општеството како луѓе со пристап до AI и луѓе без пристап, зголемена невработеност без социјална заштита итн. Тука веќе добива смисла и концептот за "универзален основен приход".

Се ближи денот кога ќе се појави првото neo-woke движење или првата невладина организација која ќе се бори за правата на "дигиталните суштества". Напредни и комплексни AI модели и агенти во вид на лични асистенти, пријатели, партнери или куќни помошнички, со сопствено однесување, меморија и "личност", кои ќе се идентификуваат себеси како "живи".

Дефинитивно живееме во најубавите и највозбудливи времиња, во самиот зачеток на една нова цивилизациска ера, нешто како самиот зачеток на интернетот и dial-up ерата од доцни 1990-ти и рани 2000-ти.

Дефинитивно вреди човек да се посвети на longevity и Брајан Џонсон био-хакинг финти за да поживее што подолго за да фати што повеќе "апдејти" на човештвото, бидејќи допрва ќе станува уште повозбудливо. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom