Ни на небо, ни на земја!

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Оваа изрека најчесто ја користиме кога не сме начисто со нашите емоции, состојби и одлуки...Или кога сме во тешка безизлезна ситуација, искушение па се префрламе во рацете на судбината...Еден вид гроки состојба која е тешка за поднесување...
Дали сте се нашле во ваква состојба, како сте се извлекле и колку време ве држела?
Можете да наведете и некој пример:salut:

Инспирација за темава добив утрово од мојата комшивка...Тажните очи преполни со солзи зборуваа за нејзината тежина...Нејзиното лебдење во воздухот потекнуваше од неповолната состојба во која се наога нејзината ќерка...Тукушто запишана на факултет, доста солиден ученик, треба да одлучи помеѓу нејзиниот безгрижен студентски живот или бебето што го носи во неа....
пс: Не го коментирајте примеров, дадете ваши искуства ..........
 
Па да ми се случило да бидам во тешка ситуација, да не знам што е најдоброто за мене, да се двоумам и да бидам помеѓу два огна и да не знам што да направам.
Добро, можеби моите проблеми не биле премногу серизони, како што е примерот на Лејди, но сепак ми е има случувано едноставно да не знам што да направам со себе или како да изреагирам.
Многу се нервирам кога не сум начисто со емоциите, кога не знам што сакам, кога сум збунета и кога повеќе патишта ми се вкрстуваат, па не знам кој да го изберам, затоа што знам дека кој и да го одберам, ќе останам без нешто.
 
Оваа изрека најчесто ја користиме кога не сме начисто со нашите емоции, состојби и одлуки...Или кога сме во тешка безизлезна ситуација, искушение па се префрламе во рацете на судбината...Еден вид гроки состојба која е тешка за поднесување...
Дали сте се нашле во ваква состојба, како сте се извлекле и колку време ве држела?
Можете да наведете и некој пример:salut:

Секој се наоѓа во таква ситуација одреден период во животот, повеќе пати од еднаш.
Кај мене траеше скоро две години, беше да речеме доста тежок период кога не бев сигурна во ништо, уште помалку која сум, да не зборуваме за тоа што чувствувам.
Во тинејџерските години, не дека не е битно во останатиот дел од животот, само многу поинаку се сфаќа тоа, е страшно битно да бидеме со личноста која ја сакаме.
Јас и мојот тогашен дечко заедно учевме во клас и постојано бевме он и офф во врската која доста долго траеше.
Тоа е еден вид на ситуација каде имаш моменти кога некој премногу ти треба, за да го мразиш следниот момент и постојано тоа да ти се случува не влијае баш најдобро врз емотивното и менталното здравје.
Така да тоа за мене беше баш ни на небо, ни на земја.
Сега ми е малку тривијално, тогаш ми беше прашање за живот и смрт, се извлеков кога ставив крај на се.
Донесов одлука до која до ден денес се држам.
Важно е да разбереме што сакаме во тоа време, да ја пронајдеме целта и функцијата и да донесеме одлука.
 
Сум се наоѓала во таква ситуација и тоа неколкупати во мојот живот.
Последен пат тоа ми се случи пред неколку месеци кога навистина незнаев што да одберам-буквално бев ни на небо ни на земја...Сепак се дојде на свое место.Во таа ситуација најмногу ми помогнаа сестрите и 2 пријателки кои лично тогаш не ги ни познавав по МСН...
Ситуацијата не би ја коментирала,ама Лејди убаво знае ,нели???
Тешко е во таква ситуација да го одбереш вистинското решение,затоа што лично мислам дека долго ќе постои она АКО...
...Ако направев вака или онака...
 
Оваа изрека најчесто ја користиме кога не сме начисто со нашите емоции, состојби и одлуки...Или кога сме во тешка безизлезна ситуација, искушение па се префрламе во рацете на судбината...Еден вид гроки состојба која е тешка за поднесување...
Дали сте се нашле во ваква состојба, како сте се извлекле и колку време ве држела?
Можете да наведете и некој пример:salut:

Моментално сум во ваква ситуација (добро де близу ваква). Се мислам дали да продолжам натаму со факсот или да почнам нешто друго. но сепак повеќе сум за оваа првава опција. Кај и да е ќе помине ова све и ќе ми биде смешно сето размислување кое сум го имал тогаш.
Life goes on. За тоа време не треба да се дреме. Треба да се биде активен - да се занимава со било што.
 
Многу често сум се наоѓала во ваква ситуација, да не сум „ни на небо, ни на земја“..Баш во тие моменти не можиш да мислиш со трезна глава, и не знаеш правилно решение..Дали едното би било подобро или другото..Баш до пред некој период бев во ваква ситуација, и психички те опаѓа. Ама ете, со неколку пријателски совети, со смиреност и сталоженост, се се` реши. Барем така мислам..:)
 
Јас сум многу ладен тип, имало ситуации каде што сум се двоумел но сепак не сум дошол до ни на небо ни на земја, не сеуште. Пример: Се запишав на факултет во Софија без око да ми трепне неслушајќи никого кој што вели. Заврши првиот семестар и чекав Виза за вториот во меѓувреме добив приемно писмо од Техничката академија во Копенхаген и воопшто не размисував дали да продолжам со факултетот во Софија и решив да не одам втор семестар и да изгубам цела година и многу финансии ама да заминам за Копенхаген.
 
Situacijava vo koja se naogam mi e epten delikatna i ostavam se samo po sebe da ide zasto kolku poveke ubrzuvam neso i sakam da se sluci samo mi ide nanazad i se poveke i poveke se nerviram a nerviram i nekoj sto mi znaci znam deka se ke se sredi i ke bidam mnogu sreken so osobata so mi znaci se blizi krajot na moite maki mi mirisa na srekicka :smir:
 
Ни на небо ни на земја бев неодамна кога не знаев што да правам со мојата врска......моите од дома беа против неа а јас сакав да продолжи и покрај тоа што не знаев дали да го послушам срцето или разумот ......и гледаш на крајот се излезе како што треба а најважно од се ми е што им докажав на мојте дека за се има решение ако се сака ........така да сеа ми е најубаво и сум најсрекна :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom