New Year's resolutions :)

  • Креатор на темата Креатор на темата King B
  • Време на започнување Време на започнување
Да го најдам оној beautiful stranger и да се прошетаме у странција.
 
Да стигнам до 7000 мислења. 3000 допаднати мислења и 1000 поени од трофеи. :D :pos:

Не, неам некои посебни планови за годинава, освен да се запишам на факс. Тешко било да се работи у пм :D
Ако и годинава не си дојде се само, за догодина праам список обавезно. :icon_mrgr:
 
Да бидам вистински силна.. Да си го вратам животот..
 
Да најдам работичка да се заозбилам, да штедам повеќе, да си го зајакнам имунолошкиот систем и да се стопле временцето.
 
Кај мене малку друкчие функционира календарот. Плановите се адаптираат според летните одмори. Така да, овогодишната резолуција е продолжеток на она што беше во план уште од средината на август а тоа е:

Себенадградување во повеќе полиња
Напредување во полето на љубов/секс
„Аџилак“ до Константинопол, Барселона, York, Ерусалим и Верона. (некои од овие, не сите.)
 
едно нешто што научив од претходнава, не прави планови зашто никогаш не искачаат така како што си планирал. затоа кроце, тераме даље со нови сили да ја пребродиме и оваа т.е. преживееме.
 
За 2012та имам повеќе зацртани ствари на професионален, отколку на приватен план ..

- Да ги исчистам во јуни испитите од летниот семестар
- Од горново, зависи ова второво - Да имам слободно лето (околу 3 месеци) и да летнам на некоја од обуките/курсевите што ги разгледувам и им се стрвам веќе пар месеци уназад
- Да го усовршам и изгланцам германскиот, бидејќи сфатив дека само со англискиот в џеб, може га*от да си избришам
- Да ја закачам стипендијата, а аналогно на ова доколку се оствари, да го одржам и просекот

Приватно имам само една желба, да се гледам почесто и да поминам што е можно повеќе време со луѓе кои пред неполни 2 години ми беа како добро утро. Вчера баш се видов со другар, после година ипол време - Утепавме преку 4 саати муабет, не можевме да си доприкажеме што се' и како се издешавало во меѓувреме. I simply miss them .. :(
 
1480162_460s.jpg

Овие "new year's resolutions" ми се без врска, никогаш не сум ги практикувала, а мислам и дека најголем број од луѓето ги прават само за да се почувствуваат подобро, а ретко кога ги исполнуваат.
Не знам што ќе ми донесе следната година за да решам јас што ќе правам. Може да имам желби и надеж да направам нешто. Кога правам планови, Марфи секогаш наоѓа начин да ми се појави. Така што, следнава година имам желба и надеж да ја поминам најдобро што може и да го искористам секој миг до максимум. Ете така, тоа е мојата одлука за 2012.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom