New Rave

Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.633
Поени од реакции
41.653
Локација
Скопје
Иако многу често не го ни изделуваат како посебен правец во музиката, зошто и реално е фузија од елементи од многу правци (Electro, New Wave, Indie Rock, Techno, Mashup, Breakbeat, Disco...) сметам дека треба посебно да се одбележи во подфорумот Музика. Затоа и ја отворам темава. Бидејќи сите New Rave музичари можат да бидат класифицирани и во некој друг правец (но не само таму), се поставува прашањето: дали е воопшто потребно изделување во посебен жанр - New Rave? Е! Причина: особено во периодот од 2005 до 2008, и особено во Велика Британија, се појавуваат голем број на Indie Rock бендови во чија музика не само што провејува електронска музика, туку и се забележува огромно влијание на истата врз нив. Кај истите има уште нешто заедничко: култот кон музиката од Madchester периодот (микс на Alternative Rock, Psychedelic Rock и Dance музика која се создавала во Велика Британија, особено во околината на Манчестер, во 80-те и раните 90-ти), кон неонските светла и употребата на терминот „raving“ како синоним за „nightclubbing“.


Најголем виновник за популаризацијата на овој термин е британскиот музички магазин New Musical Express, особено во 2006 и 2007, се до објавата во 2008 дека периодот на New Rave е завршен! Терминот New Rave бил измислен од основачот на продукциската куќа на британскиот бенд Klaxons, и за прв пат употребен на рекламен материјал за првиот настап на бендот (Klaxons). Klaxons подоцна негираат дека се New Rave изведувачи, велејќи дека терминот бил направен како шега наменета за британските медиуми, со цел истите да почнат да пишуваат за нешто што всушност никогаш не ни постоело. Сепак, и покрај нивното негирање, Klaxons и до ден денес ги сместуваат токму во овој правец. Инаку, терминот New Rave има двојна конотација - реферира кон Rave музиката од крајот на XX век, од една страна, и кон New Wave музиката - од друга.
Иако, освен Klaxons, и други изведувачи јавно негираат дека имаат било каква врска со New Rave „правецот“, сепак најчесто како припадници на истиот се етикетирани: Klaxons, Crystal Castles, Trash Fashion, Metronomy, New Young Pony Club, Friendly Fires, Does It Offend You, Yeah?, Hadouken!, Late of the Pier, We Smoke Fags,Shitdisco, M.I.A., The Sunshine Underground,Cansei de Ser Sexy и Hot Chip.







Критичарите кои се против мислењето дека New Rave е посебен музички правец најчесто го негираат неговото постоење со тоа што го поистоветуваат со Disco Punk. Оние кои се за New Rave, велат дека естетиката на New Rave сцената е различна од таа на Disco Punk-от: слично како оригиналната Rave сцена, естетиката се фокусира кон психоделичните визуелни ефекти, употреба на флуоросцентни стапчиња, неоски светла и сл, а и приврзаниците (посетителите на концертите) се најчесто облечени во екстремно светли и флуоросцентни облеки. Сепак, не е само визуелното она што го одделува New Rave-от. Клучни елементи во музиката се: употребата на електронски инструменти, фузијата на Rock правците со Dance/Electro правците, како и енергијата која ја пренесуваат изведувачите од сцената, а најдобро може да се опише како анархистична.
_____________________________
Не очекувам и оваа тема да ја помине границата од страна до две. Ја отворив колку само да го одбележам „правецот“ за кој не сум ни сигурен дали постои и дали некогаш постоел. :D

It's rainin', it's rainin', it's rainin', it's rainin'... :vozbud:
 
Конечно еден од моите најомилени бендови со нов сингл. :vozbud: Толку го чекав ова!

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom