Неверојатeн интерес за David Icke во Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Автор на сф срање кој нашол публика да им го продава тоа како вистина:vozbud::pos2:
 
А за Холивуд, треба да знаеш некои основни факти. Али ај, припремам тема, па ќе ја творам наскоро, малку да се информираш околу машинеријата позади Холивуд.

Columbia pictures? ...

sony-columbia-pictures-logo.jpg


која е женскава и што преставува? :wink:
 
По не знам кој пат, АМАН ВЕЌЕ, не станува збор за диносауруси на две нозе, станува збор за вонземска цивилизација чија надворешна текстура/изглед асоцира на нешто рептилско, затоа и се користи терминот Рептили/Рептилијани за да се знае за кој се зборува.

Уау, тоа ја прави целата приказна многу по-веродостојна :О)
 
Седумдесет нации многу голема гужва. Имам некои прашањања во врска со нив, прво дали се сите хуманоиди? Друго како се справуваат со гравитацијата наша затоа што нормално за повеќето од нив нашава е неприродна. Трето дали воздухот наш им е отровен што и нормално треба да им биде. Четврто како успеваат да ги преживеат инфрацрвените, ултравиолетовите зраци и останата радијација која за нив не е нормална? Петто имунитетниот систем и болестите наши кои се смртоносни за нив? Шесто како покрај толкава гужва на вонземјани досега немаме вистински доказ? И седмо кое е тоа просвeтление што треба да се доживее и на која фрекфенција се видливи ако не се веќе видливи на нашата нормална која што гледаме?
Доста добри прашање па еве ги и одговорите:

1) Тие што потекнуваат од нашата галаксија имаат генерално хуманоидна форма (хуманоидна се мисли две раце и две нозе.. бојата на кожата и текстурата може да биде поинаква), но тоа многу зависи од природата на вонземјанските битија. Битно е да се разбере дека многу од нив егзистираат во чиста енергетска форма, такашто при материјализација до физичко ниво, можат да одберат било каква форма... па така не е воопшто проблем да ти се претстават како буда, исус или било која форма којашто лично за тебе ќе има значење. Обично ти прават комплетен скан на твојата свест и знаат точно како со тебе да комуницираат.

2) Поради тоа што претежно се работи за битија коишто се од енергетска природа, гравитацијата на земјата не претставува некаков посебен проблем. За оние што се со физичка природа исто не е посебен проблем бидејќи имаат сопствена гравитација во своите летала.. а на површината на земјата се појавуваат многу ретко.

3) Пак заради тоа што се од енергетска природа, воздухот на земјата не е релевантен. За оние коишто е .. пак од друга страна имаат еден вид на body armor од органски материјали којшто може да филтрира секакви штетни зрачења. (Во книгата CoEvolution е опишан еден сличен body armor).
http://www.bibliotecapleyades.net/vida_alien/alien_coevolution01.htm#contents
Книгата е одлична претстава како изгледа и функционира една релативно слабо развиена вонземјанска цивилизација.. па може да си замислите како изгледаат оние поразвиените.

4) Со помош на body armorot зрачењата не претставуваат проблем

5) За многу од нив коишто поседуваат физички тела нашите болести, микроби и вируси можат да претставуваат проблем... Затоа не се задржуват подолго време на површината на планетава. На друга страна кога веќе мораат не е проблем за нив да си го модифицираат своето физичко тело за да биде аклиматизирано за земјината средина. За оние од чист енергетски карактер.. биолошката средина на земјата не е релевантна

6) Што е вистински доказ? Има огромен број на летала фатени на видео по youtube. Бидејќи многу од нив се хуманоидни, можеби си ги сретнал по улица а не си знаел. Исто заради нивната енергетска природа и нивното претежно оперирање надвор од физичката фреквенција, многуте искуства со нив луѓето едноставно ги сметаат за халуцинации или само за луди сонови .. повеќе во 7.

7) На нашата видлива светлина, што е многу многу мал дел од познатиот електромагнетен спектрум тие се видливи само кога сакаат да бидат видливи (барем поголемиот дел од нив). Според мене, практично на земјата нема пристигнато вознемјани коишто не усовршиле еден или друг вид на практична `невидливост`. Што значи сите што не посетуват можат да оперират надвор од видливата светлина.

Како да ги `видиме`?

Прв начин е со помош на инфрацрвени камери коишто се доста осетливи да ги забележат леталата што се задржуват многу блиско до видливата светлина (обично на етеричкото ниво). Има доста видеа по youtube кадешто тоа е направено.

За оние што се на повисоки фреквенции има многу техники.. CSETI i Steven Greer имаат одредени техники коишто функционираат релативно добро. Прво треба да се свати дека нивната комуникација е на база на телепатија, следно е да се свати дека човечкото тело преку пинеалната жлезда е сосема способно да оперира на тие фреквенции доколку се посвети време и внимание.

За среќа секој од нас секојдневно поминува во просек 8 саати во тие повисоки фреквенции а што е интересно е дека на тоа се посветува многу малку внимание. Процесот кадешто тоа се случува се вика спиење :)

Значи за комуникација со вознемјаните најлесно е да се оствари контакт првин на астралните нивоа. За просечните луѓе со просечна генетика тоа е најлесно за време на спиењето каде има многу техники за постигнување на луцидно сонување а после и астрална проекција. Следниот чекор откако ќе се оствари контакт таму е нормално на физичко ниво .. кајшто можат да ви приредат лично Space Show и да ви ги покажат нивните светлосни летала на небото.. за да се уверите дека не се работи само за некоиси луди сонови. Следното ниво пак е кога ќе почнат да ви дават важни информации за ситуацијата на земјата или вашиот личен живот.

Ако имате среќа и поседувате генетика којашто овозможува директна телепатска комуникација во будна состојба тогаш сето ова најверојатно веќе го знаете. Да , точно е дека таков вид на комуникација може да се увежба и со просечна генетика.. ама е многу многу потешко и зема многу време и труд.

Генерално гледајте на вонземјаните на ист начин како на ангелите и духовите. Заради нивниот енергетски карактер тие сосем едноставно можат да оперираат на ист начин како еден вид на дух.. според тоа може да си направите претпоставки.

Знам дека сето ова звучи многу фанастично ама кога ке сватите дека вие сте многу повеќе од физичкото тело и дека тоа е само еден вид на облека којашто ја користите со својата енергетска свест.. тогаш работите стануваат многу јасни.

Моја препорака е прво да се сватат работи како телепатија, посебно астралната проекција .. најдобро со неколку лични искуства кајшто ке постигнете 100% убедување дека тоа функционира... после тоа погледот на вонземјаните и како оперираат ќе си дојде природно... а со тоа и многу нормалниот факт дека некои од нив имаат рептилска ДНК при којашто нивната физичка форма изгледа како рептил.

И незаборавајте да ги прашате за контакт.. иако вие не ги гледате или слушате.. тие во секое време набљудуваат колем број на луѓе и детално ги пратат нивните мисли и однесувања... по можеби и ќе добиете одговор :)
 
Ајде да не цитирам се за тие што се во енергетска форма. Како егзистираат во таква форма и што користат за гориво (храна) за да преживеат?
 
Ако имате среќа и поседувате генетика којашто овозможува директна телепатска комуникација во будна состојба тогаш сето ова најверојатно веќе го знаете. Да , точно е дека таков вид на комуникација може да се увежба и со просечна генетика.. ама е многу многу потешко и зема многу време и труд.
На кој начин да се увежбам и да се дружам со вонземјаните?
 
Ајде да не цитирам се за тие што се во енергетска форма. Како егзистираат во таква форма и што користат за гориво (храна) за да преживеат?

Егзистираат како чиста свест.. За да се свати подетално што тоа значи треба да се простудира самата структура на универзумот, којашто е фрактална. Одлично место да се почне е таканаречената света геометрија.. Првите две книги од Drunvalo Melchizedek објаснуваат доста детално како тоа функционира и кои се проекциите на таа геометрија насекаде околу нас.

Битно е да се разбере фракталната структура за да се разбере и на кој принцип функционира таканеречената zero point energy. На повисоките фреквенции секое енергетско битие е само дел од целата `енергетска пајажина` .. такашто во повисоките фреквенции нема потреба од некаков вид на надворешна енергија, бидејќи тие се створени од енергија.

Покомплицирано е на нивоата блиски до нашата физичка реалност, кајшто некои од битијата црпат етеричка енергија од други битија (Од овде потекнуваат сите митови за разноразни паразити на енергија.. на пример.. succubus или различни астрални демони). Тука стапуваат на сцена рептоидните вонземјани коишто не само што ја црпат етеричка енергија од луѓето туку доста од нив и физички конзумираат човечки материјал.

Битно е да се свати дека кога ке се рече `вонземјанин` тука се збори за еден многу голем опсег на разноразни битија со различна природа. Претставете си кога би се кажало `земјанин`. Тоа може да значи глувче, мува, жирафа, делфин, човек, птица.. итн итн... а тоа збориме само за физички битија од една единствена планета. Замислете ги сите оние билиони планети, разни димензии и фреквенции на егзистенција .. па брзо ќе видите дека категоризирањето на сет тој различен живот под едно име `вонземјанин` воопшто не е доволен.. мора да се оди во многу поголеми детали ако сакаме да ги разбереме.

ZeroStyle: Одлично место да се почне е астралната проекција www.astralvoyage.com На овој сајт се објаснети сите основни работи околу тоа. Добро е да се комбинира со медитација.

После тоа едноставно ги користиш луцидните сонови или астралната проекција доколку успееш во неа како алатка за комуникација со нив. Во некои случаи тие помагаат да ги развиеш овие способности доколку го побараш тоа од нив.

Друго одлично место да се почне е http://www.astraldynamics.com/home/astral-projection-training/treatise-on-astral-projection.html
Методата е малку поинаква и подиректна.. преку таканаречениот Trance State.
 
a podatocive se od ??? tie vonzemjani gi proucil koj ??? i dali seto ova nee samo sranje ??? bez nikakci dokazi tuku cista sf??
 
А да не се малтретирам, можно ли е со употреба на некои наркотици да стапам во директен контакт со вонземјани?
 
Егзистираат како чиста свест.. За да се свати подетално што тоа значи треба да се простудира самата структура на универзумот, којашто е фрактална.
Ајде да земеме за релевантно чиста свест, ама како се репродуцираат кој им е животниот век, и немој да ми речеш како енергија дека не можат да умрат. Точно е енергијата не се губи туку се претвора од една во друга ама таа не жива материја. Се што е живо мора да умре, тоа што не е живо не може да умре. Енергијата како енергија не може да биде животно свесна туку се користи од животот за нејзини потреби како храна, па затоплување итн итн.
 
Zero: Да можно е .. ама стварно стварно не би ти препорачал да почнеш со супстанци коишто директно го засегаат мозокот без претходно дебело вежбање во контрола на свеста.

Доколку човек не е емотивно и ментално стабилен може да доживее трајни последици. Лично немам никојпат користено силни наркотични средства за овие цели.

Добро познат: Податоците ми се од 10+ години читање разни материјали, испитување и многу лични искуства.. Практично сето тоа што го напишав на еден или друг начин го имам доживеано 1st hand. Не ми е за цел никој да убедувам.. не е целта да се верува на ова , она или да се докаже ова или она.

Целта е секој да седне и да почне да ги развива способностите коишто природно му се дадени .. после тоа искуствата и личните докази сами ке си дојдат.. а со тоа нема да станува збор за верување туку за сознание и знаење.
 
Zero: Да можно е .. ама стварно стварно не би ти препорачал да почнеш со супстанци коишто директно го засегаат мозокот без претходно дебело вежбање во контрола на свеста.

Дрогата ја затупува свестта, какво ослободување какво сознание какви глупости само халуциногени глупости :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Ти си уште еден кој што мисли дека живее надвор од матрикс несвесен колку е внатре.
 
buccio: Пак треба да почнеме со една од најосновните класификации на вонземјаните.. на два вида:

Physicals: Што значи претежно се задржуват во физичко тело коешто има одреден дијапазон на животност и способности дадени од неговата ДНК структура

Овој вид се размножува слично на луѓето .. и `умира` слично на луѓето. Должината на животноста на вонземјанските тела нормално варира.. од неколку десетици години до буквално илјадници .. можеби и милиони.. ама немам слушнато за такви. Исклучок се голем број на цивилизации што веќе не користат секс за размножување туку вештачко оплодување. Има сознанија и за вонземјани коишто се многу слични на растенија па дури и инсекти .. ама за нив познавањата ми се доста ограничени па не знам да кажам подетално.

Non-Physicals: Вонземјански битија коишто претежно се задржуваат во енергетска состоја, кај нив нормално смрт не постои.. кај нив прогресот се мери преку еволуција на нивната свест.

Зборам за енергија во вид на Intelligent Infinity. Поим којшто едноставно значи дека таа енергија е свесна и егзистира како битие само по себе.

Сето ова е од поглед на моменталната состојба. Битно е да се свати дека сите битија во универзумот се по природа од енергетски карактер коишто одвреме на време се инкарнираат во одедени физички тела со ралични способности зависност од ДНК структурата на тие тела. Што значи Non Physical вонземјанин денеска можеби е чиста енергија но утре може да се инкарнира во човечко тело и да одживее еден човечки живот .. за цело тоа време тој постојано е вонземјанин.. само неговата моментална форма е `човек`.. На ист принцип функционира инкарнацијата и во многу поразвиени Physicals вонземјански цивилизации со многу понапредна технологија.

Дрогата ја затупува свестта, какво ослободување какво сознание какви глупости само халуциногени глупости :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Ти си уште еден кој што мисли дека живее надвор од матрикс несвесен колку е внатре.

Не можеш да ги генерализираш сите дроги како во една корпа. Има дроги што немат никаков ефект од овој поглед а има други коишто со векови биле користени од шаманите насекаде во светот. Подетално нема да пишувам на оваа тема зашто не сакам да бидам одговорен за тие што сакат да си играт на руска рулета. Дали јас живеам надвор или внатре во Матриксот не е релевантно .. важно е секој од вас да се преиспита самиот себе и да си го најде своето место во универзумот.
 
TheChosen7 - Сакаш да кажеш дека си видел и си комуницирал со вонземјани?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom