Неупотреблива облека?

  • Креатор на темата Креатор на темата зунза
  • Време на започнување Време на започнување
Давам облека многу, а сега како и се преселив морав и повеќе да дадам зашто немам кај да ги сместам работите а и зашто да ги фрлам кога некој може да ги носи. Порано чував некои парчиња облека кои ми биле драги ама од тоа фајде нема само ми заземаат место, а од спомени не се живее така да одма идам во Црвен Крст или на некои деца у маало им ги давам. Многу е убаво чувството кога знаеш дека си помогнал на некого на кого му било потребна помош.:smir:
 
Некое време ми седат така во гардеробот и после мајка ми собира се што не носам и му ја даваме облеката на луѓена кои знаеме дека им ем потребна.скоро секогаш на исти луѓе ја даваме.Битно никогаш не ги фрламе.
Нема смисла да се фрлаат во ѓубре работи кои можат да се носат уште и кои можат да му се најдат на некој кој нема.
 
Дел од облеката га давам на некој шо немат....ама дел ја РЕНОВИРАМ (кратам,шијам, ги правам со модни детали и на крај излева како од продавница - нова облека :vozbud:
 
ако у никој случај немам намера да ја облечам тогаш ја подарувам, ако евентуално ете во моментот не ми се носи а ми е посебно драга па макар и ниогас да не ја облечам повеке си ја ставам на таван, за спомен..па кога тогаш ке ја носам низ дома можеби
 
сета моја неупотреблива облека ја давам на помалечките братучетки а некои парчиња кои сакам да си ги зачувам кои ми се посебно драги си ги чувам во еден стар плакар
 
ја подарувам буквално секогаш на луѓе што се посиромашни никогаш не сум ја фрлила
 
ja gi prepravam i posle pak si gi nosam,osven ako epten mi se mali ili iskinati i ne gi biva veke gi frlam.....vaka ke si gi sredam i ko novi se:pipi:
 
Вчера го видов еден чергар како ми ги носе моите шорцеви:nesum:
Се заебавам скоро сите мои стари алишта ми ги носе братучед ми.
 
Баш пред некој ден со мајка ми ги средувавме плакариве кај мене во детска,се што ми беше мало го зачувавме,а искинатите работи ги фрливме.
Ги дадовме на една самохрана мајка и мислам дека поискрено „Фала“ никој не ми кажал.Мило ми беше кога видов дека сите тие фустанчиња и сукњички му се допаднаа на девојчето,мило ми беше кога гледав како им се радува...
Инаку имам некои парченца од кога ептен сум била малечка кои што сеуште ги чувам,сакам ама неможам да ги дадам на некој,вредни спомени ми се од некое убаво време...:)
 
Па Неупотребливата облека! Шо ми е мала или не ја сакам веќе и ја давам на сестра ми и ја носи по дома! По некогаш памучно нешо шо има мајка ми го користи како крпа за бришење плочки! А имам и нови работи шо ми ги купиле и не ми се сфиѓаат воопшто не облечени сестра ми си бира по нешо ако и се сфиѓа ако не ги викам братчедките помали се си зимаат по нешо, тоа шо ќе остане оди во Црвен крст!
Многу мразам коа нешо не потребно без разлика дали тоа се алишта или нешо др ми се меткаат безпотребно!
Посебно ме нервира алиштата од сестра ми она е помала од мене и на никого не го збираат зашо е мн. слаба и не дава да се фрлаат!
ЦЦ:pishtoldz

И да два пати стара облека имам дадено на едни посиромашни луѓе во едно селце!
Еднаш дури братучед ми шо фрлаше облека ми ја даде на мене да им ја дадам зашто се машко и дрвојче!
Ептен ми беше драго! Ептен се израдуваа! Се сложувам со Тина дека тоа е едно од најискрените фала шо ми ги има кажано некој!
Исто на нив им ги дадов и сите играчки колички мечиња шо сум ги имала како мала!
Задржав само неколку шо ептен сентиментално сум приврзана со нив! Како едно мече од братучедка ми шо ја неам видено уше од 5 одд! Едно шо сама го имам направено и неколку шо ми се од родендени од најблиските другарки!:icon_frow Тажно е така!
 
Облека многу пати сме давле во црвен крст, но еднаш дојде време да се сменат душеците од креветите по собите, и сме донирале 20 душеци. Па тоа фешти беше кога дојдоа одма да се тепаат тука. :uvo::uvo:
 
Онаа облека која ја иам јас носено обично не и се свиѓа на сестра ми или не знам им наоѓа некои мани на блузите/панталоните (изговор: помината им е модата) .. па ја даваме на дечињата близу нас ..
нема зашто да ја фрлам коа знам дека на нив им е потребна :pipi:
 
Ништо не давам себичен сум :icon_lol:, а на кого да дадам кога скоро на сите им е голема.
 
Обично облеката што е .. ја даваме на чистачката што чисти во зградата моја.
 
Не чувам облека која знам дека нема да ја ставам повеќе на себе.Обично ја собирам во плакар каде што ми стои неупотребливата облека па мајка ми ја дава или во Црвен крст или на соседката која има ќерка со која носиме приближно ист број на облека и се што не го ставам на себе веднаш и го давам, знам дека девојчето не е пребирливо околу тоа и носи се што мене залудно би ми стоело в плакар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom