Имаш parody серија од анимево, ако сакаш да гледаш Keroro, 358 факинг епизоди е. Ова само го прочитав на друга страница и ми текна да споделам овде, пошто ти ми делуваш како најзагреана за ова аниме.
Имаш parody серија од анимево, ако сакаш да гледаш Keroro, 358 факинг епизоди е. Ова само го прочитав на друга страница и ми текна да споделам овде, пошто ти ми делуваш како најзагреана за ова аниме.
Еве ме и мене, 5 години после импактот. Се појавувам ко татко кој пред 5 години заминал да купи цигари.
Ми стоеше анимево симнато во хдд едно добри 3-4 години.
Пробав еднаш да го гледам ама некако заглавував по 1-2 епизоди гледање. Спора и сувопарна ми делуваше со генеричен главен лик кој сака да се докажи. Ја проценив тогаш како вајлда добро аниме и столб за новите генерации на аниме што излегоја после неа, со таков заклучок ја откажав дефинитивно. Ќе го листам хддто и никогаш не ми ни текна да ја пуштам.
Фаст форвард некоја година и ме заинтригира едно Аниме на нетфликс.
Devilman crybaby. Некако интересно ми изгледаше трејлерот и решив да го изгледам, тоа што беше само 10 епизоди беше олеснителна околност, и да е тапа, 200 минути не се многу.
Анимето беше закон, разбирам луѓе го одбегнуваа заради стилот на анимација ама целата нарација, билдањето на ликовите и самиот крај ми беше ремек дело.
Вртам видеа на јутуб и гледам дека оригиналната манга била инспирација за Berserk и Evangelion.
Каква врска реков има аниме каде што се тепаат роботи против чудовишта има врска со тоа што јас го гледав во Devilman?
Ја почнав пак пред некој ден и:
Какво мека аниме, какви бакрачи, врска немаше со добро и зло, Анимево беше лекција за егзистенцијализм, за губење на надеж, за најголемите стравови и трауми.
Од старт комбинацијата Реи и Шинџи ми беше тапа, фалеше некаква енергија во тој дел, Со појавувањето на Аска која беше мотор во серијалот, причина за да има некаква живост во серијата, серијата без неа немаше некој што ќе ја догледа или запамти.
Сите имаа дел во приказната но таа е срцето на приказната.
Гледав како трите главни ликови кои требаше да бидат тим, никогаш не се знаеа добро меѓусебе, немаше взаемно разбирање меѓу нив. сцени каде што се возат или движат заедно и никој не се ни осмелува да зборни нешто.
Сите 3 ликови фундаментално различни. Немаа допирна точка, едино нешто што Шинџи и Аска имаа заедничко е тоа што се мразеа самите себеси, се мразеа што постојат.
Шинџи е класичен архетип на дете кое бара да добие признание, иако се гледа како продукт на татко кој го напуштил и не се замарал, бара виновници за неговата слабост во тос што ја немал таа подршка како дете и не растел во нормална средина, му фалат родителите, не се дружел со татко му и сите тие срања го прават да се чувствува бескорисен. Се осеќа кско штетник кој сака да се убие.
Се изолира од сите и слуша музика по 25 саати, не пробува да ги разбери никој околу него пошто и тие не пробуваат да го разберат него.
Шинџи иако има маани, тој е добро дете. Видел и осетил многу срања.
Го изгледав сабајлево и the end of evangelion ама сепак оригиналниот крај ми беше поубав, иако многу драматичен како во театар да го гледаш сепак убаво беше раздлабен заклучокот и како Шинџи сепак разбира дека животот сепак е убав и не треба лесно да го фрли.
Целосната слика не ми е комплетно јасна, има многу дупки што не ги разбрав а и целата приказна иако беше терцијална и беше само како salad dressing на пораката од авторот.
Нешто што не ме бендиса во серијата е тоа што сепак и по комплетно гледање е сувопарна и репетитивна. Акцијата можеби била топ за тоа време ама мислам дека беше небитна, ми немаше тежина таа битка со ангелите затоа што сепак најдуваа решенија на крајот како да се справат со заканата.
Како некако небитно и лесно ги разреши сите приказни на крајот или во филмот, шо се вика со една реченица, не дум сигурен дали пропуштив нешто или не.
Малце и транзицијата од 24 еп во 25 беше втф. Не би сакал да читам манга или нешто друг извор за да разберам целата приказна за ева, лилит, ангелите, организациите, прв, втор импакт итн.
Ме бендиса анимацијата и како му се движеше секојдневниот живот, имаше добар вајб тоа. имаше многу епизоди така досадни со просечни.
Не би ја гледал за брзо уште еднаш.
Незнам ни дали има продолжение, дали има ребут, дали вреди да се гледа тоа итн.
би и дал 7.5/10 со тенденција да се смени тоа во зависност колку размислувам за анимево.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.