Необични карактеристики

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Менувам расположение скоро на секоја запалена цигара..
На прв поглед делувам ептен одбивно и грубо не им паѓа на крај на памет на луѓе да ми се обратат.
И стално ми е ладно а кога е стварно поладно надвор и плус стално сум настината по 2-3 месеци..
Имам многу често она филинг дека нешто нема да е во ред и скоро стално така и испаѓа.. Некад и во страв ми преминува нешто што на прв поглед нема логика да се плаши човек али чим иам лош филинг тоа е..
И мнооогу често јадам и пушам цигара истовремено.
И тоооа не е нешто спешл ама не ми текнува др :pipi:
 
Имам фобија од храна меѓу заби. :icon_lol: Oпседната сум со тоа дали ми останал некој остаток од храната меѓу заби и од таа причина секогаш после јадење се зјапам со отворена уста во огледало. Олеснителна околност е што имам мобилен со огледалце. :icon_lol:
Слично и коа дувам нос. Обавезно прашувам некој што е со мене:„Иам мрсул?“ :icon_lol:

Имам меморија на златна рипка. Можам да запамтам максимум 5 телефонски броеви.
Четири месеци од почетокот на семестарот јас уште не си го знам распоредот на памет.

Зборувам гласно и не знам да шепкам, милион пати ради ова се имам изрезилено дур сум трачала некого. :icon_lol:

Не ми е проблем да јадам кикирики или да пијам кафе дур сум во веце. :kesa:

Имам графичка меморија и не можам да се сконцентрирам на лекција ако само ја читам. За да ја научам морам да ја напишам прво, у кратки црти, еднаш е доволно, и после нема потреба да ја препрочитувам, ја знам.

Редовно читам некролози. :nesvest:

Памтам мириси и се нервирам кога две различни особи мирисаат на ист парфем, зошто сакам врз основа на мирисот да ги диференцирам. :)

Пушам цигара ко смок-побрзо од повеќето што ги знам.

Пишувам исклучиво во тетратка со празни или на бели А4 листови. Со линии во крајна нужда можам да се справам, ама коцки не можам да смислам.

Кога сум во такси ептен се потресувам да не ги збунам лево и десно при давање насока, па секогаш пред да кажам десно, прво у ваздух си го пишувам името да видам дали ми иде, ако не иде, лево е. :icon_lol:

Имам тик на налудничаво нервозно убрзано мрдање на ногата што не можам свесно да го спречам.
 
Слично и коа дувам нос. Обавезно прашувам некој што е со мене:„Иам мрсул?“ :icon_lol:
Аууу ова истово и ја го правам,и ако идам сама по пут и да дувам нос ќе си пукнам од мака што нема никој да ми каже,а на телефонов (пошто мојот нема огледалце),не му верувам многу многу :)
И ако ми речат имаш одма паничам,не дека има нешто за паничење :)
 
Сите броеви од мобилниот ги знам напамет,
со сите животни со зборувам:pipi:
скроз исклучвам после 23 сатот, незнам што зборувам башка другиот ден на ништо не се сеќавам... мање више,
секогаш молчам во друштво со оние што ми се допаѓаат
и секогаш си носам чорапи, во секоја доба

Јас сум сведок дека болдираното е вистина.
А мои необични карактеристики...па... носам чорапи кога спијам, а цел ден шетам боса по дома. И среде зима спијам со подотворен прозорец.
 
Имам фобија од кошули со карактеристична боја којашто при „вода“ потемнува.Избегнувам и цело време прашувам дали „имам нешто“.


:smir:

Ама секако,прекинав со тоа одамна.Сега сум..црно,бело,сиво, итн..
 
Се мијам раце на секои пет минути, од време на време ја превртувам тастатурата наопаку и ја тресам да паднат тоа трошки и прашинки, јадам чоколадо за готвење кога немам ништо благо дома, често ги чепкам/корнам трепките пошто ми се заглавуваат, нонстоп ја тргам кожичката над ноктите нагоре, ги крцкам со една рака палецот, показалецот и средниот прст, го крцкам вратот, колениците и половината, рацете ми се ладни 24/7, често ги приметувам рацете на другите луѓе(бре, све за раце муабетов), за карактерот судам брзо и вкусот на музика влијае, си го затнувам носот да проверам дали сонувам...

Има уште.
 
Не ми е проблем да јадам кикирики или да пијам кафе дур сум во веце. :kesa:

Мене не ми претставува проблем ни да си ручам во веце:)

Инаку јас често менувам расположение.Може да бидам налутен премногу, а по 2 минути пак да се смеам.А баш ме интересира дали има нкој навика како мене кога оди некаде, пример ако сум на плоштад одам само на црните плочки или само на белите.Или па, ако нешто направам со едната рака морам и со другата.Кога одам мора да направам исти чекори со десна и лева.Ако цапнам измеѓу две плочки, следниот чекор исто мора да биде меѓу две:)Чувствувам празнина ако не го направам тоа и морам да го правам.
 
Мене не ми претставува проблем ни да си ручам во веце:)

Инаку јас често менувам расположение.Може да бидам налутен премногу, а по 2 минути пак да се смеам.А баш ме интересира дали има нкој навика како мене кога оди некаде, пример ако сум на плоштад одам само на црните плочки или само на белите.Или па, ако нешто направам со едната рака морам и со другата.Кога одам мора да направам исти чекори со десна и лева.Ако цапнам измеѓу две плочки, следниот чекор исто мора да биде меѓу две:)Чувствувам празнина ако не го направам тоа и морам да го правам.
Хаха, и јас ја имам таа чудна навика со плочките :)
 
Имам фотографска меморија, буквално, дури и текст памтам како слика, а не вербално.
Морам да се напијам кафе пред да спијам, инаку ми е мисла и сон не ме фаќа.
Луѓето кои не ме познаваат лично мислат дека сум арогантна и сериозна, а тие со кои се дружам тврдат дека сум многу откачена:wink:
 
Ненормално памтам фаци на луге, а имиња пак никако да запомнам. У последно време се чудам на самиот себе зошто знам што ке каже некој неколку секунди пред да го каже тоа, нешто како читање мисли. Второто не е баш необична карактеристика, но морав да го напишам.
Едит: Заборавив една карактеристика да кажам. Кога зборувам со некоја личност, во повеке од 90% од случаите знам дали ме лаже или не. Нешто како детектор за лаги.
 
Мене не ми претставува проблем ни да си ручам во веце:)

Инаку јас често менувам расположение.Може да бидам налутен премногу, а по 2 минути пак да се смеам.
Абе ова не е за необично скоро сите имаме ваква навика и ја исто. А и уште една навика да си зборам коа сум у веце.
 
Проценувам карактери врз основа на самата појава на личноста...И во 95% од случаевите неам погрешено...
 
памтам телефонски броеви,а години ич
секогаш читам весник или списание од последната страна,
се гадам од нозете(стапалата) на било кој,
во собите мора да си одговараат боите,
во лето мразам затворена врата мислам дека немам воздух,
имам нос супер душкало-ми мириса тоа што другите уопште не го осеќаат,
можам по сто пати да преуредувам по дома дури не ми изгледа како што сакам,
очите ми се менуваат на светлина од светло-кафени во светло зелени(ми личат на скопско пиво-зелено),
кога се замислувам за нешто необично ја дигам десната веѓа,ај толку доста беше...
 
Многу јако памтам било какви броеви а склеротичен сум за фаци и имиња. Често кога се шетам низ град, се поздравуваат со мене луѓе што не ги знам :)

А да, и добро памтим големина на женски задници :pos:
 
Menuvam raspolozenie cesto, i sekoja promena trae mozebi po pola saat i posle pak mi se vraka staroto.

Obozavam da jadam smoki so krem, ili banana so krem, ili da ja jadam vnatresnata strana od korata na portokalot.

Koga pusam cigara, obavezno moram da imam do mene casa so voda ili sok, zasto na suvo ne mi ide.

Racete i nozete mi se vecno ladni, ama grc ladni i nikako da se zgreat i ne znam dali e do cirkulacija ili do toa deka takvite luge bile dobri u krevet.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom