Неможам да го стартувам PC-то

  • Креатор на темата Креатор на темата arizanov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10
Здраво. Имам персонален компјутер кој го немав вклучено повеќе од година дена. Ги приклучив сите кабли одпозади, но имам проблем при вклучувањето.
Се вклучува и веднаш се рестартира, и по 3 секунди се вклучува пак, па пак рестартира и цело време така.
Не, верувам дека е напојувањето, бидејќи во ред ми беше компјутерот, но се е можно.
Некој искуство со ова да има?
 
Ти фали термална паста на процесорот. Прегрева и затоа ти се гаси.
 
Фала другар. Утре ќе одам да купам и ќе пробам да ја нанесам. Се надевам тоа ќе ми го реши проблемот.
Ако никогаш не си отворал процесор поарно немој сам. Инаку го отвори внатре да видиш каков е? Може е со прашини, може вентилаторите не вртат... Година не е многу ама не е ни малку...
 
отвори малце, зачисти. Извади ги рам мемориите, забриши усисај. Не верувам да ти треба термална паста пошто како што викаш одма се рестартира, не верувам да загрева толку за да се рестартира ради тоа.
 
отворив, исчистив и пак истото[DOUBLEPOST=1435428052][/DOUBLEPOST]
отвори малце, зачисти. Извади ги рам мемориите, забриши усисај. Не верувам да ти треба термална паста пошто како што викаш одма се рестартира, не верувам да загрева толку за да се рестартира ради тоа.

отворив, усисав и забришав само не го извадив рамот и пак не стартува
 
и исклучи го од штекер, извади ја батеријата за биосот
fTlYitN.jpg

повторно вклучи го кабелот во штеркер и пробај да го уклучиш компјутерот без батерија. биос подесувањата и саатот ќе ти се ресетираат. ако се уклучи и работи без проблем, купи нова батерија и замени ја
 
Дефинитивно ќе пробам ако можам тоа да го направам, но утре, сега касно е. :)
 
Провери ја матичната плоча да не има испукано некои кондезатори, истиот проблем го имав и јас, само однеси го негде на мајстор и ќе ти ги смени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom